Термо фасада

N

nikola2004mkd

Гостин
Денеска со еден пријател правевме муабет за термо фасади и ми кажа дека наводно цените биле преполовени. Некаде 7-8 евра бил добар материјал за 1м2 и работната рака одела од 5-7 евра од 1м2. За некои 15тина евра за 1м2 можело да добие квалитетно изведена фасада.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.100
Поени од реакции
5.839
Некој дали знае да ми препорача добри мајстори за фасада на куќа со изолација што прават.

Или некој што правел сега па знае број да ми даде ако може (само да не се многу скапчии :D)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Се зависи дали бараш фасада од стиропор или од камена волна. Незнам дали кај нас Knauf прават фасади, но можеш да ги контактираш и да се распрашаш. Потоа можеш да ги контактираш M&S Fasadi, затоа што луѓево имаат направено еден куп фасади кај нас во земјава или евентуално Алекс Колор.

И верувај дека со кој и да работиш подобро е да вложиш повеќе во фасадата отколку помалку, па подоцна да испука или да настанат топлински мостови. Со кој и да работиш внимавај како го нанесуваат лепакот на стиропорната плоча, колку типли и како ги ставаат и колку слоја малтер/лепак ставаат.

Ајде со среќа, па кога ќе ја направиш фасадата сподели слика.

:)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Некој дали знае да ми препорача добри мајстори за фасада на куќа со изолација што прават.

Или некој што правел сега па знае број да ми даде ако може (само да не се многу скапчии :D)
За мајстори може да побарам број ама од Куманово. Во врска со материјалот за фасада, распрашај се за итонг мултипор кој за разлика од стиропор не гори, има воздушни пори кои му овозможуваат на ѕидот да диши, направен е од природни материјали.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Да ја освежиме темава малце. Не за друго, сакам да прашам нешто. Планирав да реновирам стан, работите непланирано се развлекоа од х причини и сега воскресна прашањето за внатрешна термоизолација. Надворешна не е возможна - стан во зграда, на повисок кат. Коментари од типот колку е подобра надворешната изолација не ми значат ништо (не дека не се точни, туку едноставно е неизводливо).

Изборот е сведен на два типа изолација:
- камена волна 5 см, алуминиумски профили, гипс картон со парна брана + глетување
или
- мултипор плочи 5 см, лепаци, глетување итн.

Ме интересира првото - камена волна+гипскартон. Колку отприлика ќе ме чини м2 (нивен материјал + работна рака). Од неколку добиени одговори произлегуваат различни цени. Од нешто пониски од сомнителни мајстори (ги има и вакви и онакви, а не е тешко да препознаеш бараба, посебно кога ќе ти влезе в куќа и ќе гњави цел ден), или повисоки кои опасно се доближуваат до мултипорот, кој си има свои предности и мани. Ги има веројатно и волната со гипс картонот, и едните и другите.

Нејсе, кој ценовен ранг е вообичаен за камена волна+гипс картон?

Која цена укажува на дерење, а која на несериозна понуда?
 
?

..........

12/15 EU изолација со тервол и гипс табли
Несериозна е поевтината понуда генерално земено.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
12/15 EU изолација со тервол и гипс табли
Чекај, мислиш ли на 12-15 евра м2 со тервол, гипс картон, парна брана и глетување, значи тука вклучуваме и работна рака или тоа оди дополнително?
 
?

..........

Гостин
Чекај, мислиш ли на 12-15 евра м2 со тервол, гипс картон, парна брана и глетување, значи тука вклучуваме и работна рака или тоа оди дополнително?
Комплет, материјал +работна рака до завршно молерај 15EU, само монтажа на гипс 12eu.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Да ја освежиме темава малце. Не за друго, сакам да прашам нешто. Планирав да реновирам стан, работите непланирано се развлекоа од х причини и сега воскресна прашањето за внатрешна термоизолација. Надворешна не е возможна - стан во зграда, на повисок кат. Коментари од типот колку е подобра надворешната изолација не ми значат ништо (не дека не се точни, туку едноставно е неизводливо).

Изборот е сведен на два типа изолација:
- камена волна 5 см, алуминиумски профили, гипс картон со парна брана + глетување
или
- мултипор плочи 5 см, лепаци, глетување итн.

Ме интересира првото - камена волна+гипскартон. Колку отприлика ќе ме чини м2 (нивен материјал + работна рака). Од неколку добиени одговори произлегуваат различни цени. Од нешто пониски од сомнителни мајстори (ги има и вакви и онакви, а не е тешко да препознаеш бараба, посебно кога ќе ти влезе в куќа и ќе гњави цел ден), или повисоки кои опасно се доближуваат до мултипорот, кој си има свои предности и мани. Ги има веројатно и волната со гипс картонот, и едните и другите.

Нејсе, кој ценовен ранг е вообичаен за камена волна+гипс картон?

Која цена укажува на дерење, а која на несериозна понуда?
Мој најдобар совет ти е да поставиш алуминиумски профили, минерална волна на Knauf или на Ursa, фолија и тоа да го затвориш по можност со два реда на гипскартон, секако на Knauf. Метро минерална волна од 10цм ти е околу 110 денари, плоча гипскартон ти е околу 235 денари, профилите ти се од 170 - 210 денари (секако има и уште поевтини и поскапи) и додади тука за глетот, изолациските траки за алуминиумските профили, фолијата и другите работи и ќе видиш одприлика колку ти е цената за материјалот само. Цената спореди ја со понудите и ќе видиш што ти е поисплатливо, дали да си најдеш мајстор кој ќе работи со твои материјали или ќе најдеш мајстор комплетно со негови материјали и работна рака:)
 
Фала. Сепак, јас би одел на 5см минерална волна, за да не изгубам премногу простор, а два реда гипскартон би ставил на одредени ѕидови (или на сите планирани ѕидови но не и на таванот).
Фино е сето тоа што си го напишал, но за некој што не знае што се' и во која мера е потребно (освен ако не зборуваме за најгруби, па затоа и погрешни калкулации) ми требаше некоја малку поконкретна информација. На пример, јас и не знам колку и какви профили се потребни, колку и каква/чија фолија, колку и каков додатен материјал итн. Тоа, како и некои непланирани трошоци кои јас и не би ги забележал би влијаеле врз цената. Затоа прашав за некоја просечна цена за м2
И така цената не би била прецизна, јасно дека ќе е во зависност од квалитетот на материјалот, работната рака и слично, но сепак постои некаква прифатлива рамка во која би се движеле очекуваните цени. Инаку сакам кога комплетната работа ја презема изведувачот, во договор со муштеријата околу квалитетот на материјалот кој би го набавил и користел.
Јас секако ќе викнам мајстори и ќе барам понуди, но ми требаше некаква попрецизна информација за да селектирам полесно.
Ете, @.......... спомна цена за м2 и јас и не очекувам тоа да биде најпрецизната сума, односно и тука очекувам извесни варијации, но сепак е некаков показател според кој би можел да се ориентирам.
 
Па добро воглавно таа е цената што ти ја пишал членот погоре. Е сега може да биде и 600 денари, може да биде и 1000 денари, се зависи од квалитетот на работната рака и од квалитетот на материјалите. Ако ништо друго прашај го мајсторот колку би ти наплатил за работна рака, а ти сам да си ги купиш материјалите. Така ем знаеш што вградуваш, ем може ќе те фати нешто поевтино. Ако не, бар прашај што материјали вградува:)
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
24
Поени од реакции
1
Да ја освежиме темава малце. Не за друго, сакам да прашам нешто. Планирав да реновирам стан, работите непланирано се развлекоа од х причини и сега воскресна прашањето за внатрешна термоизолација. Надворешна не е возможна - стан во зграда, на повисок кат. Коментари од типот колку е подобра надворешната изолација не ми значат ништо (не дека не се точни, туку едноставно е неизводливо).

Изборот е сведен на два типа изолација:
- камена волна 5 см, алуминиумски профили, гипс картон со парна брана + глетување
или
- мултипор плочи 5 см, лепаци, глетување итн.

Ме интересира првото - камена волна+гипскартон. Колку отприлика ќе ме чини м2 (нивен материјал + работна рака). Од неколку добиени одговори произлегуваат различни цени. Од нешто пониски од сомнителни мајстори (ги има и вакви и онакви, а не е тешко да препознаеш бараба, посебно кога ќе ти влезе в куќа и ќе гњави цел ден), или повисоки кои опасно се доближуваат до мултипорот, кој си има свои предности и мани. Ги има веројатно и волната со гипс картонот, и едните и другите.

Нејсе, кој ценовен ранг е вообичаен за камена волна+гипс картон?

Која цена укажува на дерење, а која на несериозна понуда?
Здраво.Сакам да те прашам дали стави камена волна со гипс картон и дали си задоволен во врска со заштеда на греење и ладење.Поздрав.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Најдобра термо фасада е стиропорот да биде ставен во сендвич измеѓу 2 блока, ретко некој така што гради, а не како што градат повеќето стиропорот надвор и слој од 5mm малтер.
 
Член од
7 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
1
Малце каснам, али едно прашање ако може да ми помогнете бидејќи не можам да најдам инфо нигде на нет. Живеам во стара зграда која нема никаква изолација, буквално цигла и малтер. Сакам да ставам изолација меѓутоа не ми се става внатрешна бидејќи пред 1 година го реновирав цел стан и не ми се допира ништо внатре а искрено не ми се губи ни простор внатре. Останува надворешна изолација односно стиропор. Прашањето ми е дали ќе има ефект доколку само јас јас ставам изолација а становите лево/десно/горе/доле од мене не стават односно останат со старата изолација. По некоја логика треба да биде потопло но слушам некои мислења што викаат дека ако не се стопли цел надворешен зид од зградата џабе ми е јас ако ставам изолација сепак ќе ми бидат ладни зидовите односно ќе влагал студот пак. Да надополнам имам ставено пред 1 година Rehau профили.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom