Теорија на Шуплива VS Рамна Земја

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Не забележуваш дека кога ќе почнеш да трупаш видеа и слики, никој не ти прави муабет? :cautious:
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.609
Поени од реакции
8.478
Cognitive dissonance...
Кога ќе му кажеш на некој дека е тврдоглав тогаш ти поаѓаш од позиција на тоа дека си во право, што за некој е тврдоглавост исто така.
Имам едно прашање, зошто земјата е облик на рамна плоча во форма на диск, зошто не е триаголник или некоја неправилна форма?
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.790
Поени од реакции
8.367
Добронамерен совет, кога ке плеснеш еден куп слики одеднаш, посебно без никаков коментар никој не ги гледа/чита. Ова важи и за подфорумот хумор каде имаш добри слики но главно ги прескокнувам пошто создаваш зид од слики.

Да се вратиме на темата, далекометната артилерија (посебно на бродовите од 2 СВ па наваму) во своите пресметки ја зема во предвид и заобленоста на земјата.
Џест сејинг.

Во НАСА и во Советската (сега Руската) свемирска агенција работеле преку милион луѓе до сега. Сите они криеле тајна?
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094
далекометната артилерија (посебно на бродовите од 2 СВ па наваму) во своите пресметки ја зема во предвид и заобленоста на земјата.
Која не постои во реалноста... Што мислиш за подморниците дали можат да функционираат на "заоблена вода"? И зошто не?
Во НАСА и во Советската (сега Руската) свемирска агенција работеле преку милион луѓе до сега. Сите они криеле тајна?
Сите се поврзани со главната вселенска агенција НАСА. Се што ќе одлучи НАСА се мора да биде поддржано и од останатите вселенски агенции. Не кријат една тајна но оваа за обликот на земјата посебно затоа што така кријат многу повеќе копно отколку што се прикажува...
Добронамерен совет, кога ке плеснеш еден куп слики одеднаш, посебно без никаков коментар никој не ги гледа/чита. Ова важи и за подфорумот хумор каде имаш добри слики но главно ги прескокнувам пошто создаваш зид од слики.
Не знаеш колку ме трогна...
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.790
Поени од реакции
8.367
Која не постои во реалноста... Што мислиш за подморниците дали можат да функционираат на "заоблена вода"? И зошто не?
Не постои далекометна артилерија? ПРесметките во битките и војните заде се губеле милиони животи се онака, за да се одржи привидот на заоблена земја?

Сите се поврзани со главната вселенска агенција НАСА. Се што ќе одлучи НАСА се мора да биде поддржано и од останатите вселенски агенции. Не кријат една тајна но оваа за обликот на земјата посебно затоа што така кријат многу повеќе копно отколку што се прикажува...
Значи освен тие милион послушни вработени во меѓусебно спротиставени држави, треба да додадеме уште неколку милиони воени лица на бродовите, авионите и радарските станици кои пазат некој рибар или љубопитен мореплпвец да не дојде до работ.
И никој ни да писне?

ОК

Cognitive dissonance...

Не знаеш колку ме трогна...
Најсикрено, добри ти се сликите во хумор, ама стварно фрустрира кога ке ги наредиш така.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.540
Поени од реакции
9.094
Не постои далекометна артилерија?
Ако се врти земјата како е можно таа далекометна артилерија да биде прецизна? Значи освен пресметка за заобленост треба да стават и пресметка за вртење на земјата, атмосферска циркулација а башка ветрови... Многу математика бе чедо...
ПРесметките во битките и војните заде се губеле милиони животи се онака, за да се одржи привидот на заоблена земја?
Ти види реши ги прво горните пресметки... А дали ти се привидува или не тоа е твој проблем...
Значи освен тие милион послушни вработени во меѓусебно спротиставени држави, треба да додадеме уште неколку милиони воени лица на бродовите, авионите и радарските станици кои пазат некој рибар или љубопитен мореплпвец да не дојде до работ.
И никој ни да писне?
Некои како тебе неуки, се ќе направат да си ја зачуваат работната позиција авијатичар, капетан или "вселенски научник" и повеќето мораат да ќутат пошто нели СРАМОТА е да се разговара за рамна земја во 21 век пошто виделе на телевизија дека земјата е топка. Туку како ќе докажеш без НАСА и остала неписмена багра дека земјата е топка? Си се запрашал тоа?
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Туку како ќе докажеш без НАСА и остала неписмена багра дека земјата е топка? Си се запрашал тоа?
Па нема ли бе бар еден од ваше друштво со пари, па да се качи горе да ни слика рамна земја? Или некоја заедница ваша, да се собираат пари, да летнете да ни сликате? Или и тоа забрануваат? Ќе ве пукаат ако се качите?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.708
Поени од реакции
7.843
Некои како тебе неуки, се ќе направат да си ја зачуваат работната позиција авијатичар, капетан или "вселенски научник" и повеќето мораат да ќутат пошто нели СРАМОТА е да се разговара за рамна земја во 21 век пошто виделе на телевизија дека земјата е топка. Туку како ќе докажеш без НАСА и остала неписмена багра дека земјата е топка? Си се запрашал тоа?
Затоа тука си ти, кој не знае да пресмета ни површина на триаголник, да ги просветлиш.

Па нема ли бе бар еден од ваше друштво со пари, па да се качи горе да ни слика рамна земја? Или некоја заедница ваша, да се собираат пари, да летнете да ни сликате? Или и тоа забрануваат? Ќе ве пукаат ако се качите?
His mind is gone, his balls are flat.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
809
Поени од реакции
868
Ако се врти земјата како е можно таа далекометна артилерија да биде прецизна? Значи освен пресметка за заобленост треба да стават и пресметка за вртење на земјата, атмосферска циркулација а башка ветрови... Многу математика бе чедо...

Ти види реши ги прво горните пресметки... А дали ти се привидува или не тоа е твој проблем...

Некои како тебе неуки, се ќе направат да си ја зачуваат работната позиција авијатичар, капетан или "вселенски научник" и повеќето мораат да ќутат пошто нели СРАМОТА е да се разговара за рамна земја во 21 век пошто виделе на телевизија дека земјата е топка. Туку како ќе докажеш без НАСА и остала неписмена багра дека земјата е топка? Си се запрашал тоа?
Каква математика во артилерија,ставаш мината и пукаш. Милион клипови има на Јутјубе.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.708
Поени од реакции
7.843
Па нема ли бе бар еден од ваше друштво со пари, па да се качи горе да ни слика рамна земја? Или некоја заедница ваша, да се собираат пари, да летнете да ни сликате? Или и тоа забрануваат? Ќе ве пукаат ако се качите?
Водачот на нивниот култ за тоа не дава пари. Туку на оној кој ќе постира највеќе идиотски сликички и клипчиња, ќе му даде да поцица од неговата амброзија.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.790
Поени од реакции
8.367
Ако се врти земјата како е можно таа далекометна артилерија да биде прецизна? Значи освен пресметка за заобленост треба да стават и пресметка за вртење на земјата, атмосферска циркулација а башка ветрови... Многу математика бе чедо...

Ти види реши ги прво горните пресметки... А дали ти се привидува или не тоа е твој проблем...
А како мислеше ти?
Секако дека е многу математика, си служел војска? Си видел таблиците за пресметка за еден прост минофрлач?

Пресметки за заобленост и вртење се прават од Прва Светска Војна.

Некои како тебе неуки, се ќе направат да си ја зачуваат работната позиција авијатичар, капетан или "вселенски научник" и повеќето мораат да ќутат пошто нели СРАМОТА е да се разговара за рамна земја во 21 век пошто виделе на телевизија дека земјата е топка. Туку како ќе докажеш без НАСА и остала неписмена багра дека земјата е топка? Си се запрашал тоа?
Повторно, освен милион вработени во последните 60 - 70 години во НАСА и баграта кои ете се толку дисциплинирани и верни на заговорот, треба да ги земеме во предвид и милионите во воените морнарици и воени воздухопловства кои се потребни да се спречат љубопитните и изгубени рибари и морепловци да ја откријат вистината.

Додуше може е по твое, Јамамото о Нимиц се кољат на Пацифик, стотици бродови, илјадници авиони се обидуваат да се истребат едни со други ама тајната мора да се чува.
Слетуваш на носачот, пола твоја ескадрила не се вратила од мисија ама не, нема да зуцнеш.
Посебно Јапонските и Германските офицери чии семејства изгореле во воздушните бомбардирања нема да откријат тајна која ја чуваат со својот непријател. Тоа е пореално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom