Коперник и Њутн да ги читаат бисериве на вувузелава, ќе се обесеа на некоја крива врба.
А да не го отварам видеово ич, да не го збрлавам алгоритмот на гугл и тие сироти во NSA што ме следат...
Кажи сам во кратки црти и зборови кој тоа "забранува" посета на Антарктик?
Светска Влада ли се? Масони? Нацисти од IV-от Рајх? Ротшилд, Сорос?
Кој тоа би имал интерес ете мене како шетан човек до Врање и назад да ми забрани посета на Антарктик?!
Абе остави го, глупости се тоа. Знам за мисии на Антарктикот, за истражување фосили и надгледување на пингвини на најсеверниот (најтоплиот дел) на континентот. Имав и колега кој беше во таа првата. И како што кажа некој погоре, дел од експедицииве одат од Аргентина натаму.
А мислам и џабе се расправаш со него. Тој си фура негова агенда, па и да е најнеточна (иако нервираат тие неточни измислици и глупости кои ги тресе). Исто како онаа приказната со магарето и тигарот кога се карале која боја е тревата, па отишле кај лавот. Магарето кажувало како тревата е сина боја, а тигарот му кажувал дека е зелена. Лавот на крај го казнил тигарот, кажувајќи му дека сите знаат дека тревата е зелена, ама бидејќи тигарот трошел залудно и драгоцено време да се објаснува со магаре за нешто што сите знаат дека е така, испадна казнет. А магарето и натаму си викало дека тревата е сина боја - веројатно само себе си се убедило дека е така.