Тенкови и тенковски операции во втора светска војна

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.600
Поени од реакции
38.754
I na stalin pocnal da mu se diga na golemi i dolgi cevki otkako gi videl onie na hitler.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
За сопирање на Тигрите и Кралските тигри, СССР го направиле Јосиф Сталин-3 (ЈС-3) на база на КВ серијата, околу 50 тони, 23цм оклопна плоча напред, 122мм топ, но ужасно спор и носел само 28 гранати.

Teнкот како и сите други оружја е предмет на захтеви кои еден кон друг се спротиставуваат.
Добро оклопен тенк, значи тежок, бавен, гломазен со мал радиус. Лесен брз и прооден тенк значи послаб оклоп, топ со помал калибар.... така да се прават компромиси, или се планира каде и против кго б бил употребуван па врз основ на тоа се конструира.
Денес во светот постојат неколку тенковски концепции, британците одат на добро заштитени тенкови но побавни помалце маневарски, германците пак одат на концепт на брзи подвижни тенкови израел оди на тенк кој дава максимум заштита на посадата веројатно поради тоа што имаа релативно малобројна армија во споредба со масата арапски земји наоколу па губиток на секој војник (нарочно високооспособени посади на тенкови) е за нив полошо од колку губиток на тенк како оружје. Филозофијата е или да тенкот преживее погодок и остане функционален или да со својата брзина и маневар избегне да биде погоден. Русите во својата концепција одеа на масовност. Нивните повоени тенкови не беа на ранг на технички достигнувања на запад ни по оклоп ни по електроника и опрема, сметајќи дека во евентуален судир со НАТО би можеле да дозвола губитоци и по 3 свои тенка на 1 неприателски и да им остане доволно за да продолжат со борбите.
Со Арматата се обидуваат да постигнат она што запад го правеше по војната, тенк кој е високо софистицирано оружје но пошто се на самиот почеток на таков развој, прашање е е како сето тоа ќе функционира во борбени услови. Денес на боеното поле постојат премногу против тенковски оружја и начини за борба и заштита од оклопни возила така да времиња на чисто тенковски битки се минато. Денес една тенковска единица мора да е подржана од механизирана пешадија, моторизирана артилерија, авијација хелихоптери авиони единици за извидување и логистика.... за да биди успешна.
Без и тие сегменти да се на слично ниво на софистицираност тенкот ма колку бил самиот технолошки напреден - нема да вреди многу.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Разни статистики кои се користат овде за да се докаже дали еден тенк е подобар од друг, тоа има смисол само воколку битките биле исклучиво тенковски . Што се разбира никогаш не е така. Еве да речиме Тигарот или Пантерот е подобар од Шерманот во доста работи, но Шерманот со американската воздушна супериорност победува секаде. Цената (т.е. колку брзо се произведува и колку чини), обученоста на посадата, ефикасноста на командата, теренска предност, логистички проблеми (гориво, резервни делови), разни единици за подршка , сите тие работи може да направи еден тенк поефикасен од друг тенк иако во изолација е сосема спротивно.
 
не е баш така, после битката или војната се испитуваа уништените тенкови да се види како се уништени, пример во војната во кореа каде се судрија меѓу другите и шермани против Т-34, детално се испитувани уништените тенкови дури и со кој калибар се погодени - уништени.
Исто така двете страни во војната водеа статистика како е изгубено некое оклопно возило дали од тенк, мина топ авион.....
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
Абе и мене ми се Американците омилена сила во II С.В., али нема шанси заради неакво навивање да се самозалажувам, да бегам од факти, пред себе си.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Абе и мене ми се Американците омилена сила во II С.В., али нема шанси заради неакво навивање да се самозалажувам, да бегам од факти, пред себе си.
jac факти и кажувам
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Teнкот како и сите други оружја е предмет на захтеви кои еден кон друг се спротиставуваат.
Добро оклопен тенк, значи тежок, бавен, гломазен со мал радиус. Лесен брз и прооден тенк значи послаб оклоп, топ со помал калибар.... така да се прават компромиси, или се планира каде и против кго б бил употребуван па врз основ на тоа се конструира.
Денес во светот постојат неколку тенковски концепции, британците одат на добро заштитени тенкови но побавни помалце маневарски, германците пак одат на концепт на брзи подвижни тенкови израел оди на тенк кој дава максимум заштита на посадата веројатно поради тоа што имаа релативно малобројна армија во споредба со масата арапски земји наоколу па губиток на секој војник (нарочно високооспособени посади на тенкови) е за нив полошо од колку губиток на тенк како оружје. Филозофијата е или да тенкот преживее погодок и остане функционален или да со својата брзина и маневар избегне да биде погоден. Русите во својата концепција одеа на масовност. Нивните повоени тенкови не беа на ранг на технички достигнувања на запад ни по оклоп ни по електроника и опрема, сметајќи дека во евентуален судир со НАТО би можеле да дозвола губитоци и по 3 свои тенка на 1 неприателски и да им остане доволно за да продолжат со борбите.
Со Арматата се обидуваат да постигнат она што запад го правеше по војната, тенк кој е високо софистицирано оружје но пошто се на самиот почеток на таков развој, прашање е е како сето тоа ќе функционира во борбени услови. Денес на боеното поле постојат премногу против тенковски оружја и начини за борба и заштита од оклопни возила така да времиња на чисто тенковски битки се минато. Денес една тенковска единица мора да е подржана од механизирана пешадија, моторизирана артилерија, авијација хелихоптери авиони единици за извидување и логистика.... за да биди успешна.
Без и тие сегменти да се на слично ниво на софистицираност тенкот ма колку бил самиот технолошки напреден - нема да вреди многу.
Се согласувам, но резерва од 28 гранати се сепак преголема жртва.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Се согласувам, но резерва од 28 гранати се сепак преголема жртва.
Тоа е веќе тактика и стратегија, во една тенковска дивизија од околу 300 тенка најголем број беа средни тенкови, мал дел на лесни - извидувачки, или самоодна артилерија или тешки тенкови кои се употребувале во специфични услови. Така да тој тежок тенк би бил употребен во одредена ситуација пример ако во некој реон се појават утврдени положаи на неприателот или само за пробив на некој сектор а после си продолжувале со седните тенкови.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Условите за развој на одреден тенк се сосема различни во Русија, Америка, Англија и Германија. Германија многу се посветувала во вооружувањето пред почеток на војната, затоа што нормално таа се спремала за војна. Британците и Американците биле нечепнати од војната (освен бомбардирањето на Британија, но и таму воените капацитети биле скоро нечепнати), така што многу лесно во мирни услови можеле да ги развиваат тенковите и да ги направат токму онакви какви што мислеле дека ќе им требаат. Американците со свежи сили нечепнати капацитети, инжињери и ресурси влегле во втората светска војна и тоа дури тогаш кога Русите почнале да ја добиваат војната. Тие и не се бореле толку против Германците колку што брзале да ја сопрат Русија, затоа што постоела опасност Русите да влезат и во Франција.
Русија своите тенкови ги правела во жарот на војната и со окупиран европски дел (во кој сепак се главните индустриски и интелектуални капацитети), дури и неспремна за такво нешто. Сталин се потпирал на договорот со Хитлер и не очекувал дека ќе биде нападнат.
Тоа е слично како нашите во 1903 што правеле црешови топчиња :) - да имале можност ќе направеле вистински и многу ефикасни топови, ама не било така па морале да ги делкаат од цреша.
 
Kaj Британија не беше баш таква ситуацијата, британија имаше капацитети но мораше да ги увезува cуровините во период кога беше на мета на бомбардери и опколена со германски подморници, на Британија и требаше околу милион тона суровини секој месец за да им работи индустријата и тие мораа да се снаоѓаат, да рационализираат. Еден од најдобрите нивни авиони - Москито, е направен цел од дрво затоа што им недостигаше метал и алуминиум. Покрај тоа шо маки виде да обезбедува суровини за производство, Британија имаше и голем предизвик и да испраќа војници опрема оружје и на далекиот исток и во африка и како помош на Русија.
Русите во првите 2-3 месеци од војната останаа без ефикасна армија. Иако на почеток на војната по број на војници, опрема и оружја биле и понадмќни од германците - претпеле катастрофални загуби. Русите на почетокот на Барбароса имаа 20.000 тенкови од кои 7.000 беа на самите граници, во 1941 произведуваа повеќе авиони месечно од германците. Губитоците на руската армија беа незамисливо високи, замесец дена изгубија 5.000 авиони, во септември Москва ја бранеа само 45 тенка од кои голем процент беа британски, само кај Киев германците заробиа 650.000 руски војници (вкупно во Барбароса русите изгубија околу 5 милиони војници), само во една противофанзива на руската авијација со цел да сопрат германско напредување русите изгубија 500 авиони, застана производство, снадбување со суровини, храна, огромни територии со нивни ресурси паднаа во германски раце, само рудниците за јаглен околу москва кои пред војната произведуваа 35.000 тони јаглен дневно, престанаа со производство и се рестартираа пак во 1942 со производство од само 600 тона дневно, беа завземени или уништени околу 300 фабрики за оружје. Секаде имаше недостик на храна муниција оружја енергија лекови.... Тоа уште повеќе се влоши кога русија почнна со дислоцирање на својата индустрија на исток, и оние погони кои колку толку снадбеваа војската со опрема и оружје - престанаа со работа, беа потребни речиси 3 години за да тие фабрики се размонтираат, транспортираат повторно изградат, однесат работници се обезбеди енергија, храна, живеалишта, снадбување со суровини и почне со производство кое на почеток беше премалку за потребите на руската армија и народ.
Во тој период, одбраната на русија се ослонуваше на америчката и британската помош. Им требаше буквално се, од чизми, градежни материјали, камиони, експлозив, метали, неметали гориво тенкови муниција авиони бродови.....
Кога ќе се види количината на примената помош станува јасно колку битна беше таа за опстанок на русија и нејзиното одржување во живот, америка и британија испратија:
- 14.700 авиони (дупло повеќе од колу имаа русите на почеток на војната)
- 7.000 тенкови (еквивалент на 28 оклопни дивизии)
- 376.000 камиони
- 131.000 митролези
- 2.000 локомотиви и 11.000 вагони
- 90 товарни бродови
- 4,5 милиони тони храна (со просек од 1 килограм дневно тоа беше доволно храна за армија од 12 милиони луѓе за година дена
- над 100 милијарди денешни долари во машини и опрема за производство
- 2.7 милиони тони гориво
- 3,7 милиони гуми
- 15,5 милиони пари чизми
- 7.700 бродски мотори
и уште многу разни артикли суровини.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
Доста има да се каже тука за некои писанија ваши на темава (поврзани со глобалните настани за време на II С.В.), али тоа би било уште повеќе навлегување во оф-топик. Си има општа тема за II С.В. Мада, бројноста на погрешни историски неточни тврдења ме предизвикува да пишам.
Ако забегуваме во толкав оф-топик на темава, само прашање на време ќе биде кога ќе дојде Ireal да укаже на случајот со тенковски делови.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Тоа е веќе тактика и стратегија, во една тенковска дивизија од околу 300 тенка најголем број беа средни тенкови, мал дел на лесни - извидувачки, или самоодна артилерија или тешки тенкови кои се употребувале во специфични услови. Така да тој тежок тенк би бил употребен во одредена ситуација пример ако во некој реон се појават утврдени положаи на неприателот или само за пробив на некој сектор а после си продолжувале со седните тенкови.
Повеќе би рекол дека се работи за границите на можностите на КВ како шасија и така конструкторите морале да прават компромиси, другите тешки тенкови од тој период носеле 60-80 гранати. Мислам дека гранатите 122мм биле дводелни, полнењето и зрното, што делувало не само на скромната резерва туку и на брзината на стрелање.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Повеќе би рекол дека се работи за границите на можностите на КВ како шасија и така конструкторите морале да прават компромиси, другите тешки тенкови од тој период носеле 60-80 гранати. Мислам дека гранатите 122мм биле дводелни, полнењето и зрното, што делувало не само на скромната резерва туку и на брзината на стрелање.
122 mm топ е мнооогу поголем од останатите топови кои беа ставани во тенкови. Тој зафаќа поголем простор во куполата со тоа и помалце место за муниција. Граната 122 мм е поголема од она од 88, што значи дека и врз тој основ ќе има помалку муниција во тенкот, споредено со тигар -2 кој беше висок 3,1 метар, ИС-3 беше висок 2,7 метри. што значи помал тенк, со помал простор внатре од тигарот.
Така да ако земеш дека во помал простор, ќе ставиш поголемо оружје со поголема муниција - аутоматски идиш и до помало количество.
 
Разликата била и во пристапот, додека ЈС-3 е усовршуван КВ донесен до крајна граница на можностите, Тигар-2 бил сосема друг тенк во однос на Тигар-1, мислам дека бил проектиран од Фердинанд Порше. 88-ката на Тигар-2 била супериорна во однос на 122мм и покрај 26-те кг тежина на советската граната. Во тенк на тенк Тигар-2 би го пробил ЈС од поголема далечина. Но во други улоги, 122мм е секако подобар за подршка на пешадија но и тогаш е прашање, ако носи некоја комбинација од 18 ПТ и 10 високоескплозивни или гранати со шрапнел, зависи од постојан дотур на муниција.
Американците најтежок им бил М26 Першинг а тој бил некаде 45 тони, колку и Пантер а носел 90мм топ со 70 гранати.
Интересна појава бил и М18 Хелкет од 1944 кој можел да се види и во 1995 низ Босна, најбрзо оклопно борбено возило во војната со 90-95 км на час (во ред, оклоп скоро и да нема). Имал авионски бензинец-ѕвезда одзади :)
 
статистички, во втората светска војна тенковите отварале оган еден на друг на просечна далечина од околу 700 метри. Многу ретки беа случаеви на тенковски борби од километар или повеќе (Aмеричкиот М-36 со топ 90мм имаше уништувано германски тенкови на далечинба од 3500 метри али тоа беа поединечни случаеви). Тоа се должи на факт дека тенковите при приод еден кон друг максимум користат конфигурација на терен за да се доближaт еден до друг
На 700 метра Шермановите тенкови можеа да го пробијат оклопот на Пантер а и на тигар од страната. додека.
Руските т34 иако имаа топ од поголем калибар (85мм) беа со послаба пробојност од шермановиот 76 (со долга цевка) така да ако 76мм на шерман пробиваше оклоп на тигар на 650-700 метра, Т34 можеше да го пробие на далечина 400-500 метра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom