Тема за фудбалската декада (моменталната и следната)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
38.560
Поени од реакции
75.449
Ок, се ближи крај на 2019, што значи може полека да гледаме на последните 10 години во фудбалот.

Видовме три светски првенства, четири европски првенства, пар олимпијади, и секако фудбалски сезони цело време :D

Ова е декада што дефинитивно ќе биде запамтена по Роналдо, Меси и неверојатните ЛШ успеси на Реал Мадрид.

Затоа, време е да погледнеме на последните 10 години и да направиме интересна тема во која што ќе може да си ги пишете фаворитите од оваа декада:

Од 2010 до 2019:

Екипа на декадата:

Играч на декадата:

Тимски успех на декадата:

Индивидуален успех на декадата:

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно):

Менаџер/тренер на декадата:

Репрезентација на декадата:

Лига на декадата:

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална):

Откритие на декадата:

И воедно:

Кои се вашите предвидувања за следната декада (може да се водите од истиот темплејт погоре)
 

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
18.171
Поени од реакции
37.436
Следи најсубјективниот пост некогаш напишан во историјата на форумот.

Екипа на декадата: Бамбер Бриџ

Играч на декадата: Луис Суарез

Тимски успех на декадата: Ливерпул - Барса полуфиналето и освојувањето ЛШ

Индивидуален успех на декадата: Влегувањето на Дивок Ориџи во алеата на славните у Ливерпул со носењето на факинг ЛШ титула

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер ПЛ. Кој не го даде одговоров треба да е баниран.

Менаџер/тренер на декадата: Пеп. Јебига превише срања освои.

Репрезентација на декадата: Германија.

Лига на декадата: Премиер Лига.

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална): Никад нема да го мислам ова.

Откритие на декадата: Нголо Канте

И воедно:

Кои се вашите предвидувања за следната декада (може да се водите од истиот темплејт погоре) - Нема потреба од темплејт. Ливерпул со највише лигашки титули у Англија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
38.560
Поени од реакции
75.449
Ај да пробам уствари и ја на сопственава тема :D

Екипа на декадата: Реал Мадрид

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: Титулата на Лестер

Индивидуален успех на декадата: Искрено не ми ни текнува у моментов, некад Меси ако срушил 10 рекорди у сезона..тоа... ако не..ете, нека му се златните топки на Меси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Титулата на Лестер

Менаџер/тренер на декадата: Хмм.. Пеп или Зидан. Успесите говорат за себе си

Репрезентација на декадата: Е тука е ептен зезнато дека ретко се играат првенствава... Белгија е констнатно квалитетна иако ги немаше на почеток на декадава. Шпанија започна добро исто... што знам.... ајде нека биде Шпанија ипак, и СП и ЕП имааат, реално мора да се они

Лига на декадата: Од целосен аспект - Премиер. Од аспект на клубовите и тоа како играат во Европа - Ла Лига

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална):
Касиљас
Ван Дајк-Рамос-Пике
Иниеста-Чави-Канте-Модриќ
Роналдо-Ибрахимовиќ-Меси

Откритие на декадата: Џејми Варди и Нголо Канте

Следна сезона:

Е ова е зезнато да го еам..

Екипа - Реал
Играч - Абрахам :P
Тимски успех - некоја екипа ко ќе освои се и сешто ко Јуве/Баерн/Барса/што ти знам
Индивидуален - Пандев како капитен на ЕП :D
Изненадување - Македонија на ЕП :D
Менаџер - Мислам Роџерс ќе може уште неколку години да се држи на квалитетно ниво, ваљда и Пеп ќе освојува титули. Лампард се надевам ама не верувам
Репрезентација: Нашата, фала богу, едно до две ЕПиња :D
Лига: Премиер, или некоја нова што ќе постои како микс од сите
Откритие на декадата: Некое мало ко Меси што ќе растура а уште не го знаеме
Во конкуренција за најдобрите 11 ваљда би биле:
Нејмар, Ван Дајк, Абрахам, Хазард, Александар Арнолд, Санчо, а што да не и Мектоминеј, Маунт, Ансу Фати можеби и уште некој од школиве на екипиве што не ги знаеме у моментов
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.285
Поени од реакции
53.666
Екипа на декадата: Раљ Мадрид, се знае тоа

Играч на декадата: Меси и Роналдо

Тимски успех на декадата: Како мислиш тимски успех? Прва помисла ми е Ајакс. Втора, Тотенхем.

Индивидуален успех на декадата: пак Меси и Роналдо, јбг

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер

Менаџер/тренер на декадата: Сигурно не Пеп.

Репрезентација на декадата: Шпанија и Германија

Лига на декадата: Шпанија

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална): Де Геа, Карвахал, Киелини, Ван Дајк, Марсело, Крос, Модриќ, Агуеро, Роналдо, Меси, Левандовски.

Откритие на декадата: Спал
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
38.560
Поени од реакции
75.449
Екипа на декадата: Раљ Мадрид, се знае тоа

Тимски успех на декадата: Како мислиш тимски успех?

Откритие на декадата: Спал
Првото:
Па од аспект на сезона. Пример титула на Лестер/финале на Хрватска, ама па и Парма - од банкрот стигнаа до Серија А, и такви слични работи.

Ок е и ова Ајакс/Тотенхем, видиш не го мислев од ваков аспект ама држи вода (y)

Второво: Видиш, ова го мислев од играчки аспект..ама нека е и тимски што да не, не дека е ептен официјално ова :D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
8.869
Поени од реакции
13.508
Екипа на декадата: Реаљ Мадрид

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: Трите титули по ред на Реал во ЛШ со скоро истиот тим.

Индивидуален успех на декадата: Меси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Титулата на Лестер

Менаџер/тренер на декадата: Пеп

Репрезентација на декадата: Шпанија

Лига на декадата: ПЛ

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална):

Ноер
Дани Алвеш - Рамос - Киелини - Марсело
Бускетс - Иниеста - Крос
Роналдо - Ибра - Меси

Одбраната е таа, нема шанси друг да влезе во тие 4 за последната декада.
Нападот место Ибра може Суарез или Левандовски.
Средината е најголем проблем, Канте, Модриќ, Чави се исто тука.


Откритие на декадата: Канте и Ван Дајк

И воедно:
Кои се вашите предвидувања за следната декада (може да се водите од истиот темплејт погоре)

Ливерпул да освои 4 од следните 5 титули во ПЛ и да ја доминира декадата.
Меси да стигне до 8 топки.
Пеп да не освои ЛШ нити ПЛ со Сити и да си замине за 2 години.
Арсенал да не заигра ЛШ во наредните 5 години.
Јунајтед да не освои ниту една ПЛ во следните 10 години.
Барса да пропадне и да не помириса титула во ЛШ долги години откако ќе си оди Меси.
Интер да доминира во Серија А.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.607
Поени од реакции
20.800
Екипа на декадата: Реал Мадрид

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: Палермо кога сменија само 5 тренери во сезона

Индивидуален успех на декадата: Mеси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер duh и Коста Рика на СП

Менаџер/тренер на декадата: The bald fraud(s)

Репрезентација на декадата: Чиле

Лига на декадата: Ла Лига

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална): Ноер; Дани Алвес, Рамос, Тиаго Силва, Марсело; Бускетс, Модриќ, Иниеста; Меси, Роналдо, Суарез;

Откритие на декадата: Канте (@ElNinho :icon_lol: )
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.180
Поени од реакции
7.441
Екипа на декадата: Барса (6 Ла Лига, 2 ЛШ), Реал (2 Ла Лига, 4 ЛШ)

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: Лестер, Реал во ЛШ

Индивидуален успех на декадата: Меси со најненормалната сезона во историјата, едно 90 и повеќе голови итн.

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер

Менаџер/тренер на декадата: Пеп, Зидан...на крајот на декадава и Клоп, посебно ако освои и ЕПЛ покрај ЛШ со Ливерпул

Репрезентација на декадата: Германија, Франција (Франција има ростер да ја доминира целата наредна декада)

Лига на декадата: Ла Лига

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална): Заеби

Откритие на декадата: младите од Ајакс, Ван Дајк и нападот на Ливерпул, Канте/Варди/Марез од шампионскиот Лестер, Тер Стеген/Облак/Алисон, Мбапе/Стерлинг и остали..
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
864
Поени од реакции
477
Екипа на декадата: Реал Мадрид

Играч на декадата: Меси/Роналдо

Тимски успех на декадата: Реал Мадрид

Индивидуален успех на декадата: Меси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер, Варди

Менаџер/тренер на декадата: Зидан

Репрезентација на декадата: Шпанија

Лига на декадата: ПЛ

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална):
Ноер
Дани Алвеш - Рамос - Киелини - Марсело
Бускетс - Иниеста - Модриќ
Роналдо - Ибра - Меси


Откритие на декадата: Мбапе
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.074
Поени од реакции
1.334
Екипа на декадата: Реал Мадрид

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: Титулата на Лестер

Индивидуален успех на декадата: Меси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Титулата на Лестер и 1/4-финалето на Малага кога незаслужено и испадна...

Менаџер/тренер на декадата: Гвардиола.

Репрезентација на декадата: Шпанија.

Лига на декадата: Ла Лига

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална):
Ноер
Алвес, Рамос, Силва, Марсело
Меси, Иниеста, Бускец, Роналдо
Сарез, Левандовски


Откритие на декадата: Килијан Мбапе

Во следнава очекувам уште поголем удел на безнисот во фудбалот.
Трансфери од 400-500 милиони евра.
Влез на клубови од САД и Кина во Лигата на Шампионите.
Кризен период на Барселона пред крајот на кариерата на Меси.
Ман. Сити и Пеп ќе имаат период кај што ќе освојуваат се живо и диво.
Целосна доминација на Франција на репрезентативно ниво.
Холандија повторно ќе биди при самиот врв.



 
Член од
17 август 2009
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.920
Ја ќе скратам за некои ствари. И Тимови на декадава: Реал, Барса, Јуве.
Играчи: ЦР7 и Меси
Тренер: Пеп
Успех на декадата: Реал за 5 години 4 ЛШ, или 3 за ред :) незнам дали некат и ќе го повтори ова некој клуб...

За следната декада очекувам некоја супер лига да се направи и секоја година и секој викенд да глеаме супер дерби натпревари :love: . Ко евролига кошарка шо направија, значи да не се чека на 5 години да игра Реал- Баерн или Барса- Јуве на пр. туку секоја година и секој викенд да се ужива у такви утакмици...
И играч на следнава декада Мбапе ваљда ќе биде. Таман од 20 до 30 негови години сите рекорди на Меси и ЦР7 да ги испобута :)
 
Член од
16 август 2019
Мислења
59
Поени од реакции
90
Лол не се шалеше дечкото за најсубјективниот пост некогаш напишан :D

Екипа на декадата: Реал

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: 3 ЛШ по ред на Реал

Индивидуален успех на декадата: Златните топки на Меси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер

Менаџер/тренер на декадата: Симеоне

Репрезентација на декадата: Шпанија (единствена со споени ЕП и СП)

Лига на декадата: Ла лига (некако премногу ПЛ во одговорите за прашање што според успесите би требало да е очигледно, ама ок)

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална): Буфон; Д.Алвеш, Рамос, Алба, Марсело; Касемиро, Иниеста, Модрич; Меси, Суарез, Роналдо

Откритие на декадата: Атлетико М (сепак од екипа која играше во втора лига претходната декада оваа декада се во топ 5 во Европа)


Следна декада:

Екипа - Реал
Играч - Мбапе
Менаџер - Нагелсман
Репрезентација: Франција
Лига: ПЛ или Ла лига
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.628
Поени од реакции
1.102
Екипа на декадата: Реал

Играч на декадата: Меси

Тимски успех на декадата: Португалија( Европско 2016)

Индивидуален успех на декадата: Меси

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер

Менаџер/тренер на декадата: Пеп

Репрезентација на декадата:Германија

Лига на декадата: ПЛ

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална):////

Откритие на декадата:Мбапе и нормално Арнолд/Робертсон/Дајк.


За следната декада -
Екипа на декадата- Ливерпул( едно 3/4 титуле у ПЛ, 3 во ЛШ)
Тимски успех - Тотенхем со Мурињо ќе освои ЛШ.
Играч на декадата - Мбапе
Менаџер - Клоп
Репрезентација - Франција
Лига- ПЛ.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
4.777
Поени од реакции
4.393
Екипа на декада: Манчестер Сити (ради доминација у најдобрата лига у свет, инаку Барса)
Играч на декада: Роналдо(чисто ради тоа што се врати од 4-1 во однос на златни топки и го направи Зидан тренер од светска класа), инаку тесно е меѓу него и Меси.
Тимски Успех: Лестер
Индивидуален успех: Меси со рекордниот број голови (90ли беа во сезона/година)
Најголемо изненадување на декадата: Распадот на Мурињо во Челзи после шампионска сезона.
Репрезентација на декада: Во однос на резултати Шпанија(Французите за влакно не се избор)
Лига на декада: Премиер Лига
Најдобри 11:
Давид Де Геа
Алвеш - Рамос - Варан - Марсело
Де Брујн - Модрич - Бускетс
Меси - Суарез - Роналдо

Откритие на декада: Мбапе

Наредна декада:

Најтим: Реал
Играч: Мбапе
Тренер: Клоп
Репрезентација: Франција
Лига: ПЛ (ќе има подем на Серија А)
Oткритие: Гринвуд ( би ги ставил Брут-Халанд или Фоден, ама реално откриени се колку толку).
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
30.035
Поени од реакции
35.672
Екипа на декадата: Реал Мадрид

Играч на декадата: Роналдо / Меси

Тимски успех на декадата: Лестер - освојување на ПЛ во 2016 / Хрватска - финале на СП2018 / Атлетико - прекинување на доминацијата на Реал и Барса во Шпанија + финале ЛШ / Сити - 100те поени во ПЛ (како што тргнале Ливерпул и тие ќе влезат во категоријава)

Индивидуален успех на декадата: Меси - рекордот со голови во една календарска година / Роналдо - таа сезона кога изгази во нокаут фаза на ЛШ

Најголемо изненадување на декадата (тимски и индивидуално, сеедно): Лестер

Менаџер/тренер на декадата: По број на освоени титула, ваљда Пеп Гвардиола

Репрезентација на декадата: Шпанија во прва полвина, Франција во втора половина

Лига на декадата: ПЛ, нормално :D

Најдобри 11 играчи на декадата (формација која сакате се додека е реална): Де Геа - Дани Алвеш - Ван Дајк - Рамос - Марсело - Канте - Модриќ - Иниеста - Меси - Суарез - Роналдо

Откритие на декадата: Мбапе / Канте / Варди



Наредна декада:

Екипа - очекувам бар 7-8 различни екипи да земат ЛШ во наредна декада, така да мислам дека нема да има тим што би се издвоил како Реал од прошлава декада
Играч - Мбапе
Тренер - Навивам за некој од новата генерација тренери да направи познаечен успех (Лампард, Џерард, Гигс)... или можда Мурињо се враќа на голема врата?
Репрезентација - Франција / Англија
Лига - ПЛ
Изненадување - се надевам Македонија на ЕП2020 :P
 
На врв Bottom