Телма Телевизија

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Искрено немаме некоја добра телевизиска програма кај нашиве телевизии Сител, Канал 5, Алфа, Телма. Мислам дека треба да се појави некој странски газда надвор од екс ју државиве кој ќе сака да инвестира во телевизија тука и нема да жали што ќе фрли малку повеќе пари за објектот на телевизијата. за побогата и повеќе разновидна програма, за опрема, за снимање разно разни емисии, за поголеми плати на вработените па сето тоа да му донесе повеќе гледаност за потоа да другите телевизии малку се подразмислат и да се потрудат и они да воведат нешто попримамливо.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Телма во периодов има некој обид да размрда со филмска програма. Имаат некој термин од 8:30, 23:00 и после 1 - така нешто, ама тотално се извитопери од оној период кога знаеа некој по-уметнички приод да имаат кон филмската програма. Тој дел од редакцијата го исшутираа на улица и сега се во некој А1-фазон пред турските серии. За некого тоа е добро, некој се пали на блок-бастери. Прашање на вкус е. Точно е дека многу репризираат и акцентот им е на дневна политика, ама пак има некаква надеж.
Кога и да свртам тоа шителот иде некоја лоша турска синхронизација, ко да се обидува некој да те хипнотизира. Не сакам ни да знам дали е премиера или реприза тоа ѓубре.
И за мене поим за реприза е гостување на паторот кај свињата или у дневникот - се врти додека не им се излиже и искине тоа лентата, па го „викаат“ пак у гости.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
609
Поени од реакции
491
Што толку ве погоди кажаното? Треба да ве погоди повеќе фактот што народот сака да гледа турски серии, вести и српски шоу програми.

Сител освен репризи на тие емисии, дава и премиерни турски серии, премиерна италијанска серија, премиерна португалска серија, премиерни цртани серии, премиерна американска серија Ханибал. Алфа исто, премиерни викенд филмови, премиерни турска, индиска, српска серија, премиерни забавни домашни емисии. Канал 5, премиерни турски серии. Не зборувам за квалитет на истите, зборувам премиери / репризи и концепт на телевизија.
Телма во моментов не дава премиерни серии - по трет пат ги репризира Мускетарите, по трет пат се репризираат Френдс, по трет пат се репризира Борген, по трет пат се репризира Fawlty towers, по втор пат реприза на Чесна жена. И сето тоа трае од април.[DOUBLEPOST=1469463119][/DOUBLEPOST]

Доволно е?

Не е доволно. Ова може секој да го искуца. Од каде е ова извадено? Каде е тука МТВ?[DOUBLEPOST=1469619640][/DOUBLEPOST]
Значи не го негирам квалитетот на Телма, не знам како ме сфати. Она што го дава Телма не може да се мери со квалитет на други телевизии дали кај нас дали во соседството.
Муабетот ми е дека не личи шест месеци во годината да даваат премиери, а следните шест репризи на истите серии.

За рејтинзи не мислам да се објаснувам, постои една официјална агенција што мери телевизиски рејтинзи и на ист начин се мерат секаде во светот. Кој сака, нека се информира. А Ири и Дпмне може што сакаат да објават.
Сакаш да кажеш дека табелата што си ја залепила е од таа “една официјална агенција што мери телевизиски рејтинзи и на ист начин се мерат секаде во светот“?
Како добро упатена особа во програмата на сител многу добро знаеш како се мерат рејтинзи.
Џабе се правдаш со постов прочитана си.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
136
Поени од реакции
98
ГЛЕДАНОСТ
Еј народе ај малку смирено.. крива ви е @DIJAMANTE што Телма не е гледана како што се гледани шит каналите Сител и Канал 5??... едноставно Телма не може со овие два канали додека овие од власта се таму каде што се...
Телма и МРТ кои не даваат турско со прајм тајм сериите од Америка, Англија, Италија, Франција, Данска итн... никогаш нема да ја постигнат (или надминат) гледаноста на Сител и Канал 5 затоа што сме во период каде телевизијата е се помалку гледана од страна на помладите а се повеќе од постарите така да овде ви е бизнисот народе кај нашиве приватни телевизии...
За разлика од турските Шехерезад, Ифет, Неправда, итн... кои тешко се наоѓа квалитетна снимка со превод на некоја од балканските земји на интернет, за прајм тајм сериите од Америка, Англија итн... тоа не е проблем и имаш секаков вид на квалитет.. и сигурен сум дека сите така ги гледате овие серии... без да чекате месеци, години да се емитува на некоја од нашиве тв канали... и баш за тоа турското е повеќе гледано на тв отколку сериите од другите земји... тоа ви е за гледаноста..

КВАЛИТЕТ
Можете колку сакате да се противете но на МРТ можат сите вода да и носат за спортската програма ... тоа го нема никаде на свет само на националниот канал да има спорт (зборувам за цели сезони).. за Алфа незнам ама Телма и Сител каде се со нивните Премиер лиги, Серија А .. не знам ни што како емитуваа ЕДНО ВРЕМЕ..
За филмовите и прајм тајм сериите голема пофалба на МРТ и Телма... Браво и за Сител што дава и други серии освен турското ама народе во тој термин (23:30ч .. а знаат да ги емитуваат и во 2 после полноќ) колку и да ме молиш не гледам. Може да се пофали и Алфа во последната година со македонските емисии и серии иако самата си е крива кога не знае да се промовира доволно... А за Канал 5 што да кажам освен една голема нула.. турското и српското настрана зашто го има и на други канали ... ама за македонските емисии и серии можам да кажам дека се навистина дно.. квизоите на Драган и Ване катастрофа, овие прикаските исто и после какви филмови и серии сакате со македонски актери...

Затоа народе си требаат промени во медиумите поточно кај телевизиите... не може по двапати да се репризираат турски серии.. во 14ч на вторите канали (Сител 3, Пет Плус) не може да се репризира утринската која ја емитувале сабајлето на нивните први канали (Сител, Канал 5) или репризи на цели сезони како што прави Телма и МРТ по 5/6 пати за време од 2/3 години... мора да се тргнат и овие документарките кои се репризираат по милион пат после полноќ а не со нив да се правдаат дека е македонска програма кога немаат ништо ново... тоа е тоа народе.. позз..
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.410
Поени од реакции
2.753

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Значи не го негирам квалитетот на Телма, не знам како ме сфати. Она што го дава Телма не може да се мери со квалитет на други телевизии дали кај нас дали во соседството.
Муабетот ми е дека не личи шест месеци во годината да даваат премиери, а следните шест репризи на истите серии.

За рејтинзи не мислам да се објаснувам, постои една официјална агенција што мери телевизиски рејтинзи и на ист начин се мерат секаде во светот. Кој сака, нека се информира. А Ири и Дпмне може што сакаат да објават.
Бич плијз, Сител моментално го репризираат Јади Бурек од пред шест месеци. Емисија што оди во живо, со јавувања на гледачи и со читање утрешни весници, повторно се прикажува, ама не од вчера, туку од таму негде февруари месец, Јанко со волнен џемпер води, се препотив некни кога го видов. Па МРТ го нема репризирано Иселенички џубокс.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
од 11 вечер Goodfellas :misticen:
Преведен како „Мафијаши“. :icon_lol:

Има една сцена во филмот каде се објаснува зошто се викале Goodfellas, т.е. добри момчиња и токму по ова е именуван филмот (книгата според која е снимен има сосем друг наслов), ама преведувачите по којзнае кој пат ја изгубиле поентата во преводот. Кози да беа ќе ги сочуваа.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Преведен како „Мафијаши“. :icon_lol:

Има една сцена во филмот каде се објаснува зошто се викале Goodfellas, т.е. добри момчиња и токму по ова е именуван филмот (книгата според која е снимен има сосем друг наслов), ама преведувачите по којзнае кој пат ја изгубиле поентата во преводот. Кози да беа ќе ги сочуваа.
Го гледам Бетмен сега на Телма, дадоа реклама па го познав филмот, кога ја читав програмата ич не ми текна дека Мафијаши бил добрите момци. А од понеделникот до вчера го давале ЛОТР ама денес дури видов. :(
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Браво за филмовиве. (y)
И после ќе дојде Каролина или Фринџ Германецот да ни кажат како Сител се најдобри, ќе им се придружи и лудачата катина.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.410
Поени од реакции
2.753
Браво за филмовиве. (y)
И после ќе дојде Каролина или Фринџ Германецот да ни кажат како Сител се најдобри, ќе им се придружи и лудачата катина.
Па, концерт на Каролина не давале :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Не ни треба Каролина да оди на Телма, Каролина треба да оди само на најгледаните телевизии.
А за филмовиве, кој пат им е ова на Телма, петти шести?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не ни треба Каролина да оди на Телма, Каролина треба да оди само на најгледаните телевизии.
А за филмовиве, кој пат им е ова на Телма, петти шести?
а на Сител, кој им е едно 10-12ти? И попрво би гледале квалитетни филмови по петти пат отколку какани телевизиски филмови по десетти пат. Тие филмови што ги даваат Сител ни матичните куќи што ги снимиле не ги имаат толку прикажувано.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не ни треба Каролина да оди на Телма, Каролина треба да оди само на најгледаните телевизии.
А за филмовиве, кој пат им е ова на Телма, петти шести?
Седми пат им е, а филмовите што ќе се даваат вечерва ги даваат по прв пат. И милионити пат да им е пак ќе се погледани, за разлика од Сител и Канал 5 кои не можат да се пофалат со тоа бидејќи тие не ни даваат филмови, па така кај нив нема ни прв пат ни втор пат, кај нив има нула, затоа што се за никаде, дно од телевизии кои се гледани од заостанати луѓе на кои мозокот одамна им е испран или го немаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom