Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Гледам има доста вакви теми, каде што се споредуваат најчесто 2 модели на телефони, па би требало да е подобро да има една тема каде што ќе бараме некој да ни помогне, кога ќе се двоумиме помеѓу 2 или повеќе телефони.

Мајка ми треба да земе нов телефон на доверба, па се двоуми помеѓу Alcatel OT - 991 и Sony Xperia Tipo. Би бил благодарен ако некој што имал искуство со телефониве, или слушал впечатоци од други, да ми помогне при изборот.
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Нека го земе алкателот ич да не му ја мисли, стварно е екстра телефонче. Две мои другарки го имаат телефонов и премногу се задоволни, а и јас од тоа што го видов кај телефониве.

Еве според мене зошто е подобар:

1. Екранот на алкателот е поголем. Што е подобро од убава прегледност на работите? :)
2. LED flash на камерата
3. Поубав изглед
4. Android OS v2.3
 
Едно другарче ми спомна дека Alcatel-от имал многу багови, и дека често му паѓал софтверот, му се дешавале force close ситуации и слично. Иначе да, многу мал екран има Tipo-то, и не е прегледен воопшто, а со оглед на тоа што постариве малце потешко се снаоѓаат со touch screen телефони, којзнае колку тешко ќе и биде на мајка ми да искуца една порака на 3,2" дисплеј :)
 
bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
320 x 480 на 4 инчен екран. Андроид 2.3 во скоро 2013. Типото е подобар телефон. Алкателот ми личи на ѓубре.
 
A

Avenger99

Гостин
И јас сум за типото,алкателот премногу кочи,го имам испробано,256 RAM меморија е премалце,512 има типото и плус доаѓа со ICS значи типо (y)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Нека го земе алкателот ич да не му ја мисли, стварно е екстра телефонче. Две мои другарки го имаат телефонов и премногу се задоволни, а и јас од тоа што го видов кај телефониве.

Еве според мене зошто е подобар:

1. Екранот на алкателот е поголем. Што е подобро од убава прегледност на работите? :)
2. LED flash на камерата
3. Поубав изглед
4. Android OS v2.3
Алкателот е грешка што за малку ќе на направев.Толку бавен телефон немам видено.Освен поголемиот екран и блицот нема никаква предност пред tipo.Има само 256 MB RAM што е далеку од доволно за да може да се работи на повеќе од една, и тоа едноставна,апликација.Премногу е бавен дури и при пребарување во менито.Исто така читав доста критикувања за екранот и за софтверот.Помеѓу овие два телефони не би советувал ни еден поради тоа што ќе го користи постаро лице.Сигурно нема да користи телефон за да си допишува на фејсбук или да гледа видео клипови на ју тјуб.Најобичен телефон „со дугмиња" може да заврши работа.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
188
Поени од реакции
43
Го имав Алкателот 1-2 недели, толку бавен телефон не сум видел, пуштам 1 апликација ми се гаси самата бидејќи нема доволно рам, одма го продадов сега имам типо и можам да кажам дека е 3 класи подобар телефон од алкателот..
Јас би одел на Типото.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Па ќе ви кочи ако отворите у исто време 234234235 апликации и не ги затварате. Малата РАМ меморија му е слабост до негде,ама дека до толку кочи-растура,не претерувајте.Перфектен тач,солиден екран колорит,солидна камера,добар на изглед..за таа цена на барајте ферари.
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Па ќе ви кочи ако отворите у исто време 234234235 апликации и не ги затварате. Малата РАМ меморија му е слабост до негде,ама дека до толку кочи-растура,не претерувајте.Перфектен тач,солиден екран колорит,солидна камера,добар на изглед..за таа цена на барајте ферари.
Не, ама за таа цена има Tipo, кој е далеку подобар телефон :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Не, ама за таа цена има Tipo, кој е далеку подобар телефон :)
Не сум го чачкал,ама го иам алкателот и не е до толку крш како што го опишувате.Ама за таа цена си вреди,а типо може е бољи ..незнам.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Sony Tipo е подобар, јас го имам малку користено алкателов од еден другар, има доста недостатоци како:
- ептен малку слободна рам меморија ~40мб, со пуштена фб апликација некогаш е на 15~16 што го прави телефонот ептен спор.
- мала резолуција за 4инчи екран
- лагирање во некои програми, како на пример фб, доста лагира во скролањето
- се случува апликациите сами да се исклучат - форс клос, исто многу често се исклучува сама статусната лента.
- многу малку интерна меморија, околку 100мб, неможеш ни 10 апликации и игри да инсталираш, треба да рутираш, па да ја прошируваш интерната меморија преку партиција на сд карта. / типото има 2.6гб внатрешна меморија, што е доста голема предност
- застарен андроид 2.3 vs 4.0.4 на типото.
Кога би требало да бирам помеѓу овие 2 телефони би го одбрал Sony Tipo.
Sony Tipo > Alcatel 991
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ај да си прашам јас тука може ке добијам некој совет. ми се ближи договорот да ми истече со т мобајл. сакам да земам телефонче до кај 12 000 - повеќе сум склон кон HTC - за другиве не баш. гледам LG имаат добри понуди и нешто од самсумг ама за тие пари незнам што да се одлучам да земам. сакав да го земам HTC ONE V ама гледам го тргнале од т мобајл незнам зашто па уи предвид ми доаѓа DESIRE X или нешто друго - Ваше мислење?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Samsung & HTC.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
зависи како ке го користи телефонот а со оглед дека се работи за мајкати неверувам дека ке симиња игрици и незнам си какви апликации така да внатрешна меморија од 150мб нема да и прави фрка за алкателот а незнам ни колку рам има.. иначе алкателот го имам видено и не ми се свиѓа тоа што има само 144ppi сликата му е многу коцкаста , облините не се убави лошо делува тоа не ми се свиѓа ич , а типото иначе е фин телефон добри функции има сестра ми го има и за пишување пораки дури се изненадив колку е комотен за пишување нека не те лаже 3.2 дисплејот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom