Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Ти ако незнаеш да го рутираш, или инсталираш ром, не значи дека не го бива :)
Ало бре, го нападнавте човекот како да ви убил некој најблизок, телефонот кој го земал е еден од најдобрите за парите, има една мана а тоа е пластиката, се друго е одлично за цената/брендот/софтверот/целокупен пакет, можда RN7P е подобра зделка, ама не е како порано да купиш ѓубре бренд наместо бест бај Xiaomi, доста се поблиску ако не во чипсет, како комплетен пакет, плус RN7P го нема во МК, така да полека знаеме дека RN7P е ѕвер.

Realme 2 pro e realno podobar od note 7 samo so ima malce poslaba baterija (3500mah) , nema potreba od gcam fabricki kamerata e strela. Sega iskaca i realme 3 so pocetna cena 130usd za 32gb modelot, iako e so mtk x70 e top telefon za parite.
Ај што тресеше зелени за Samsung/Apple сега почна и за Xiaomi, си видел ли какво дно од софтвер (color OS) имаат Realme телефоните, и тоа ќе го споредиш со MIUI 10 кој е одличен?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Јас не знам што ги чепкаш откако си го купил, со здравје да си го користиш, чим за потребите што ги имаш ти нуди доволно не се замарај. Кога ќе дојде да го продаваш самсунгот гарант пак ќе биде кинезов подобар за зделка ако најдеш ненормален да го купи ;)
Секој со потребата, ако не гејмаш за таквото ти е да имал ѕвер процесор, 6гб рам, хх графичка и што ти не, еве јас користам хонор 8х и ми е за потребите повеќе од доволен (голем екран да може да типкам побрзо, ало-ало, маил, социјални мрежи, броусер, нешто за читање и чат пат камера и навигација) батерија со мое малтретирање ден и пол до два ако ја оставам да падне под 10% пред да го полнам пак. Ама немал фаст чарџ (голем к секако го полнам навечер и ваљда не сум паразит на време да ми текне дека треба да се дополни, пак за 3 сати е полн) и тн. Да не ја тупам, мегаломанија е зезната работа, не само за телефони туку за се, ај ако за 10к евра има мустанг со 6 литарски да земе фамилија наместо некоја стандард кола со 1.6 мотор, подобри перформанси е мустангот(ама дали ти требаат тие перф и одржувањето што треба да му се прави) , или пак просек фамилија да имала симетричен интернет со брзина 200мбпс и неограничен сообраќај (за кој к бре муце, 10% не користите од тоа реално), или фамата на македончето за храна како онаа во седмица, не е битно да е квалитетна туку да фукнат преку пола кило сендвич и да ждригаат цел ден :tapp:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сам си се пофали дека сите ќе ги направи партал. :coffee:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

И јас истово го зборам а и интересно е што сме во ист сектор па по некоја логика треба обратното да го дрдаме :D секој треба за потребите да си гледа, ние за жал сме опседнати со мегаломанија.
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Јас не знам што ги чепкаш откако си го купил, со здравје да си го користиш, чим за потребите што ги имаш ти нуди доволно не се замарај. Кога ќе дојде да го продаваш самсунгот гарант пак ќе биде кинезов подобар за зделка ако најдеш ненормален да го купи ;)
Секој со потребата, ако не гејмаш за таквото ти е да имал ѕвер процесор, 6гб рам, хх графичка и што ти не, еве јас користам хонор 8х и ми е за потребите повеќе од доволен (голем екран да може да типкам побрзо, ало-ало, маил, социјални мрежи, броусер, нешто за читање и чат пат камера и навигација) батерија со мое малтретирање ден и пол до два ако ја оставам да падне под 10% пред да го полнам пак. Ама немал фаст чарџ (голем к секако го полнам навечер и ваљда не сум паразит на време да ми текне дека треба да се дополни, пак за 3 сати е полн) и тн. Да не ја тупам, мегаломанија е зезната работа, не само за телефони туку за се, ај ако за 10к евра има мустанг со 6 литарски да земе фамилија наместо некоја стандард кола со 1.6 мотор, подобри перформанси е мустангот(ама дали ти требаат тие перф и одржувањето што треба да му се прави) , или пак просек фамилија да имала симетричен интернет со брзина 200мбпс и неограничен сообраќај (за кој к бре муце, 10% не користите од тоа реално), или фамата на македончето за храна како онаа во седмица, не е битно да е квалитетна туку да фукнат преку пола кило сендвич и да ждригаат цел ден :tapp:
Споредвата со колите не да е лоша...тука збориме за телефони што коштаат исто пари, мустангот и таа кола од 1.6 да коштаат исто пари , која би имала подобар однос цена перформанси?
Вака некој ке се излета купил телефон него му е ок и ке пише немало подобар , у реду ако ви е ок ама ке се излаже некој ке прочита ке мисли дека стварно е најдобар а може да купи подобар.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Колку филозофирање, споредби со коли и интернет пакети. Па ни тој нема да ги користи тие 6/128 како што некој друг нема да го искористи појакиот процесор.

Никој не го нападна за изборот, туку за оној дел дека е најдобар и ќе ги прави партал останатите. Секој мисли дека го има направено вистинскиот избор, ама нема потреба од претерано преувеличување и тоа без умереност.

Еве влегува во еден од најдобрите во тој ценовен ранг, ама дека е најдобар, не е. Некој ако прочита ќе мисли дека навистина е најдобар и нема други модели за избор.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Сам си се пофали дека сите ќе ги направи партал. :coffee:
Нечесно напаѓање, можеби избрзано. Ова ми е прв Самсунг после С1, можеби е пишано во еуфорија, од преголемо задоволство. Навистина ептен ќејф ми праи, очекував да биде 23 24 илјади, можда претерувам. И неописливо многу ми праи ќејф амоледот, а кога ќе земеш у предвид дека користев Шаоми Редми 4 про, повеќе од две години, се осеќам како од магаре на ферари. Ако до пред две години сум глеал споредби и бенчмаркови и сум мислел што најмногу добивам за парите, а камерата ми била сосема небитна, сеа е обратно, не ме занимаат бенчмаркови кои ама баш ништо не мора да значат, сакав убав на изглед над 6 инчи со пристојна камера и мислам дека тоа го добив. Имам впечаток дека сите не пецка егото, демек мојот најголем е, а уствари нема веза, кој што сака нека си купи за своите пари и нека ужива. Сеа можам јас да кажам дека сите се будали што не купуваат флегшип на Самсунг или на Хуавеи, ама тоа не ме праи мене помалку будала. Како и да е, уживајте во што и да користите, сите.[DOUBLEPOST=1554292577][/DOUBLEPOST]
Споредвата со колите не да е лоша...тука збориме за телефони што коштаат исто пари, мустангот и таа кола од 1.6 да коштаат исто пари , која би имала подобар однос цена перформанси?
Вака некој ке се излета купил телефон него му е ок и ке пише немало подобар , у реду ако ви е ок ама ке се излаже некој ке прочита ке мисли дека стварно е најдобар а може да купи подобар.
Мене може да ми е најдобар, тебе најлош итн. Прашање на вкус и кој што бара. Јас можам да кажам дека е најдобар зашто најдобро изгледа, ти моеш да кажеш за некое рандом кинеско говно дека е најдобро зашо има најјак процесор за 400 евра а друго ништо не нуди, пример.А тој што ќе се излаже на форум и заслужува да биде излажан, кога веќе самиот не знае што сака.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Преминал од телефон стар 3 год што коштал 180 евра на нов телефон од 300 и осетил разлика... Сериозно?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Преминал од телефон стар 3 год што коштал 180 евра на нов телефон од 300 и осетил разлика... Сериозно?
Хејтер си ти, се фаќаш малициозно за најнебитниот дел од постот и го извртуваш за да докаеш глупа поента. Терај и уживај ако тоа те праи среќен.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
redmi 4 pro e 5 incen i sega zemal so pogolem displej. :V da vidis tek koga ke zemes nekoj mi max 1,2,3 kakov avion ke ti se gleda :V
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Гледај да не го скршиш екранот, Пола телефон ти е амоледот

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Споредвата со колите не да е лоша...тука збориме за телефони што коштаат исто пари, мустангот и таа кола од 1.6 да коштаат исто пари , која би имала подобар однос цена перформанси?
Вака некој ке се излета купил телефон него му е ок и ке пише немало подобар , у реду ако ви е ок ама ке се излаже некој ке прочита ке мисли дека стварно е најдобар а може да купи подобар.
Батка општо ти зборувам, тешки мегаломани се станати сите во буквално сите аспекти на животот.
Поголемиот процент од луѓето на било кој уред нема никогаш во животниот век да го достигнат максимумот, али се чукаат по гради дека го купиле. Самата индустрија за хардвер ги заеба работите и на софтверско ниво, никаква оптимизација, само се лупаат глупости, пола апликации и оперативни системи се непрактично ама на хартија се топ.
Целта ми е да ви потенцирам дека не на секој му е потребно да ги има најдобрите процесори, рам, графичка што ќе ги стави кинезот,на поголемиот дел од корисниците со добро оптимизиран ос и апликации доволни им се и најлоу баџет уреди.
Бај да веј ако одиме со компарација на уреди и совети за истите во поглед на перформанси повеќе им верувам на гсмарена+за камерата споредба на уредите на јутјуб, отколку тука. Еве јас имам и п9 со лајка леќи купен исклучиво поради камерата, ако го споредувам со камерата дење е подобар и од телефони што во моментов се продаваат по 450 евра а е стар 2 и пол години, со хонорот не правам ни муабет, само ноќе знае да бидат за нијанса потемни. Значи уред кој сега се наоѓа за помалку од 200 евра на некој што слика често му е подобар избор од сите xiaomi до 450 евра, со покофон го споредував далеку подобри беа сликите на п9ката, значи секому према потребата.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас мислам дека разбра дека коментарите не се за тоа што избрал и колку од тоа ќе искористи, туку дека пиша дека го има најдобриот и ќе ги направи партал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom