Samsumg Galaxy J5 или Sony xperia m4 aqua? Ги имам двата дома, моментално го користам Сони. Дали Самсунгот е подобар?
J5. М4 е многу фаличен телефон, прегрева, крута изработка огромен цигла, проблем со слот за сим картици итн.
Дома имам 2 Ј5, едниот првиот Ј5 2015, и ден денес работи перфектно, брзо и мазно како кога е купен пред 1 година.
Редовно добива апдејти, од 5.1.1 фабрички има и 6.0.1 андроид за него, со најнови апдејти апликациите работат уште побрзо.
Другиот Ј5 2016 го користам јас едно 7 месеци, исто презадоволен, комплет како пакет што би рекол psyside, од квалитетна изработка, најубавите супер амолед екрани на пазарот, оптимизиран софтвер, за камери да не зборам, во таа ценовна класа најдобрите.
Сега еве излезе и Ј5 2017, со нов премиум изглед, комплет метал изработка, фингерпринт сензор, 2 камери по 13мп (задна f.1.7), појак процесор Exynos 7870, андроид 7.1 итн.
Го донеле одма Нептун ама цените им се нереални, 17.000 за почеток што е ок до негде со тоа што препорачаната стартна цена е точно толку 280 евра.
Понатаму ќе го донесат мобилари, анхоч, сетек и ќе си падне на 14-15к што е добра цена за тој телефон.