Телемаркетинг, од каде им е бројот?

Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.010
Зарем немаше пред некоја година ликната цела датабаза на телефони? Се продаваше на некој руски сајт, со име, презиме, адреса, телефон, со све.
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.020
Смешни сте, како ги наоѓале броевите.
Партииве направија најкомплексен систем за 360 анализа на секој во државава а вие се чудите за телефонски број што имале.
Со секое купување на сим картичка се евидентира лицето, тие податоци освен кај операторот се предаваат и во полиција.
Поминуваат низ многу прсти овие податоци, а башка што се купуваат податоци во денешно време.
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Не е точно ова полиција ги нема податоците за броеви, кога некој пријавува дека му вртат со скриен број или пак полиција ја интересира некој број мвр праќа барање до телеком до а1 или останатите ова е официјален канал.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Ме интересира од каде ги наоѓаат броевите овие агенти за продажба што се јавуваат и ти продаваат одреден производ?

На сестра ми ѝ се јавиле денес и ѝ продале некое парфемче за 400 денари, не знаеле од кој град е или било кои други податоци, само кажале дека го избрале бројот по случаен избор. Она тврди дека не давала број никаде ниту има акаунти на некои различни сајтови/сервиси, освен на Фејсбук. Па сега не ни е јасно баш од каде го нашле нејзиниот број.
Некаде си се регистрирал и ги шитнал сопственикот на страната.
Некој ги собрал од полиција/ујп/централен регистар/аврм/општина/маркет каде имаш картица/банка/фирми кои им ги одржуваат сајтовите на сите претходно спомнати институции/оператор/партии/факултети....
Јас отрпнав и не се нервирам, се јавува - почнува да зборува и им спуштам одма.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
По случаен избор ги избираат, а може и ве имаат препорачано и има оставено ваш број на презентација на некој производ.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.314
Поени од реакции
6.174
Мене веќе не ми се јавуваат :(

Првен ми се јави некоја типка, продавале нешто производи за масажа од Прилеп, по случаен избор сум бил добитник на ваучер од 1000 денари бла бла. И фино културно ја прашав од кај им е бројот, ми рече дека сум купил нешто од кај нив или сум бил на презентација на нивни производи, и објаснив дека не сум купил и дека нема теоретска шанса да сум бил на презентација дека не сум заинтересиран и дека не е потребно пак да ми се јават.
И викам сигурно имате некоја база на телефонски броеви, те молам тргни го мојот број затоа што губиш само време, нема да купам ништо секако. Девојкава вика океј, извинете, нема проблем ќе го тргнеме бројот.

И така после една недела, од истата фирма, ми се јавува друго девојче од таму, а ја на состанок на работа со колеги.
И пак почнува со истото.

Телеоператорка: Добар ден, се јавувам од компанијата (името им го заборавив) добитник сте на ваучер од 1000 денари кој може да го искористите за некој наш производ.
Ја: (врескање од радост) Озбилно? Ваучер? Од 1000 денари. ЈЕЕЕЕ МНОГУ СУМ СРЕЌЕН ВАУЧЕЕЕЕР!!! ЈЕЕЕЕ!!!
Телеоператорка: Да господине, покрај овој ваучер имате...(Тука телефонот на спикер го ставив)
Ја: Леле ништо немам освоено досега, леле кога ќе им кажам сеа дома, ЛЕЛЕЛЕЕЕЕ ВАУЧЕЕЕР!!! А како работи ова, по пошта ќе ми го пратите како 1000ка со Богородица или на сметка ќе ми ги префрлите?
Телеоператорка: Ама не господине, ваучер за да купите нешто и имате попуст...
Ја: Чек чек, ја малце глуп сум, сеа воа ваучер што го викаш ти, не се пари туку намаление од кај вас, значи нема да ми пратите пари?
Телеоператорка: Не господине.
Ја: (со тажен глас) ооо, леле ама сеа џабе се израдував, ме растажи, ми даде неспокој во душата, сега ќе бидам тажен цел ден. А таман се израдував.
Телеоператорка: Ама господине имате и попуст на нашите производи за масажа во нашиот салон во Прилеп.
Јa: Од прилеп си? Не е лошо местото, сум бил во Прилеп, одамна беше, пивофест имаше, мислам дека Амадеус пееја, се сеќавам пиво многу пиевме, и имаше луѓе со мајмуни шетаа околу вратот.
Телеоператорка: Господине само да ве известам...
Ја: И скара, да и скара имаше, лошо мирисаше тоа гужва на мишки и на плескавици, не идам друг пат, повраќав од пивото.
Телеоператорка: Ама Вие не сакате да слушнете за нашите промоции.
Ја: Не бре жено, 2 пат ми се јавувате, убаво и кажав на колешката твоја избриши го бројов од базата, аман од вас, не сакам масажи, не го сакам Прилеп, ни вас не ве сакам, не замарај....

И толку беше повеќе не се јавија. Требаше да ги верглам повеќе.....
Следен пат кога ќе се јават ќе ја верглам повеќе, сакам да прашам дали производите помагаат за изместено рамо, коа ја тепам жената и се изместува нонстоп, ми иде на живци, а и дека ни треба за бабата, она има хемороиди па дали помагаат за лечење. :D
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
813
Поени од реакции
1.295

Нели ти е срам па до толку да не ги прашаш дали нудат хепи енд со тие масажите????
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ај овие не се толку страшни: ти се јавуваат, и те прашуваат „дали имате малку време“, и им викаш не, и ти исклучуваат. Неколку пати ми се јавиле такви - за некакви парфеми, електронски цигари и не знам некои филтри за вода. Ама како ТОП ШОП што се досадни, не постојат други такви. Значи им викаш дека не си заинтересиран за WALKMAX папучите, они: „а дали сакате, имаме многу убаво тенџере, само за 5000 денари“. :facepalm: :tapp: . За роденден обавезно ми се јавуваат за да сум станел Клуб 5 член, ќе ми даделе подарок (годинава ми понудија отварач за плутени тапи :D). Еднаш им викам - не сакам, ја купив Клуб 5 картичката пред некоја година и не ја искористив за ништо, тие: „ама ако ја купите повторно, можеби ќе ја искористите, или ако не Вие, некој комшија...“ :tapp: Значи пролив се! Про-лив!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ме интересира од каде ги наоѓаат броевите овие агенти за продажба што се јавуваат и ти продаваат одреден производ?

На сестра ми ѝ се јавиле денес и ѝ продале некое парфемче за 400 денари, не знаеле од кој град е или било кои други податоци, само кажале дека го избрале бројот по случаен избор. Она тврди дека не давала број никаде ниту има акаунти на некои различни сајтови/сервиси, освен на Фејсбук. Па сега не ни е јасно баш од каде го нашле нејзиниот број.
И мене пред околу 1 недела ми се јавија истиве со истиот муабет за случајно избран телефон, ми рекламираа парфем од некоја фирма која во името имаше нешто галакси.Ја потпрашав од каде им е мојот телефон, и наводно сум пазарел кај нив.Кога ја корегирав дека никаде не сум оставил број, рече девојчето дека им го дал некој (?), кој е тој , па не знам ние сме кол центар почна да ме врти. И се заканив дека ќе ги тужам за неовластено стекнување на лични податоци и нарушување на маркетиншко работење (не знам дали постои вакво нешто :D) и почна да дтка, се збуни начисто девојчето.На крај ми рече добро, ќе ви дадам број по порака од фирмата, разберете се.
Не ми прати порака :D

Инаку долго време се зборува дека програмите за лојални муштерии со разно разни картици со поени и чуда низ маркетиве, ИТ продавници итн, се препродаваат стекнатите податоци за корисниците на големо, секаде низ светот. Најчесто се повредни податоците од индивидуа од самиот попуст или продукт кој го купуваме.

Лично јас имам таква картица во Сетек и Нептун само, на ниедно друго место.Можно е и Спорт М да е во прашање, бидејки имам порачувано online од кај нив без корисничка сметка (се сомневам на нив зошто ги имам фатено повеќе пати како на големо работат со новите методи за рекламирање и секакви податоци од активност на нивниот сајт споделуваат со фејсбук и гугл.)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.525
Поени од реакции
26.014
Во договорите во телеком операторите има опција со која дозволувате или не direct marketing. Доколку немате дадено дозвола за такво нешто, тогаш некој нелегално го користи вашиот број и реално можете да му направите доста проблеми ако го пријавите или ако го тужите. А тоа многу лесно се докажува.
Автоматски споено мислење:

Не е точно ова полиција ги нема податоците за броеви, кога некој пријавува дека му вртат со скриен број или пак полиција ја интересира некој број мвр праќа барање до телеком до а1 или останатите ова е официјален канал.
Поради опасност за користење на мобилни уреди во терористички напади, после 2012 со закон, за да земеш број мора да оставиш матичен број (можеш да купиш припејд картичка, меѓутоа неможеш да ја користиш). Овие информации мислам дека МВР ги има, меѓутоа мвр нема информација за трафикот на корисниците(освен оние што ги следат со налог или без :) ). Тоа го имаат само операторите и таа информација е достапна за корисниците.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Поради опасност за користење на мобилни уреди во терористички напади, после 2012 со закон, за да земеш број мора да оставиш матичен број (можеш да купиш припејд картичка, меѓутоа неможеш да ја користиш). Овие информации мислам дека МВР ги има, меѓутоа мвр нема информација за трафикот на корисниците(освен оние што ги следат со налог или без :) ). Тоа го имаат само операторите и таа информација е достапна за корисниците.
Да но за при пејд картичка, за да ја активираш нели треба по порака да ги пратиш податоците, знам имаше порано муабет дека можеш рандом податоци (измислени) да пратиш и тоа е тоа.
Не знам дали е сменето нешто и како иде процесот на верификација сега. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom