Телеком го почна тестирањето на 5G мрежа, последиците ќе бидат катастрофални

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.756
Поени од реакции
33.484
Веста што ја споделуваат дека Телеком тестирал 5G е од 2018. А велат дека врапчињата умирале заради тоа. Значи на едно врапче му требаат 2 години за да умре од 5G? Ете, не сфаќам.

Друго - на таа петицијата на Change.org ставиле слика од умрени пчели од 2016. А нели Телеком тестирал 5G во 2018. Како умреле пчелите? Патувале низ времето?

Трето - на почетокот од петицијата напишале, цитирам: „ниедна телекомуникациска компанија во светот нема презентирано релевантна студија од која недвосмислено ќе се види дека 5G технологијата на ниеден начин не го загрозува здравјето на луѓето и нема никакви негативни последици по животинскиот и растителниот свет.“ А каде се презентирани релевантните студии од кои недвосмислено ќе се види дека 5G технологијата го загрозува здравјето на луѓето и има било какви негативни последици по животинскиот и растителниот свет? Или на нив им е дозволено да шпекулираат и шират лажни вести?

И четврто - каде се сликите со поморот на врапчиња за кој пишуваат? Јас видов само 2 слики со умрени врапчиња, кои може и од чатал умреле. Ни помор, ни бутур! Ама ај, не е важно тоа, ќе шпекулираме, ќе креваме паника, проста маса живее тука, ќе ни поверуваат.

11 180 души ја потпишале петицијата. 11 180 души, ееееј! С'ким живимо? :facepalm:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не е толку наивна работата колку изгледа, штета сигурно има ама прашање е колку.
Надуван наслов у секој случај :D
Добро скоцкано во наскока на претставување на тие што тврдат дека е штетно влијанието. Иначе јас не тврдам ништо.....не ме ни занима многу, ова е во секој случај добро инфо за тие што сакаат да научат малку повеќе.
 
M

Macedon1um

Гостин
5Г со штетното зрачење ги убива врапчињата и е причина за корона вирусот, поради кој воведоа полициски час за да можат неприметно да ги префрлат илјадниците мигранти во Европа. Следна теорија сигурно е дека ќе најдат вакцина преку која ќе ни внесат чип во телото за да не контролираат

1.gif
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
5Г со штетното зрачење ги убива врапчињата и е причина за корона вирусот, поради кој воведоа полициски час за да можат неприметно да ги префрлат илјадниците мигранти во Европа. Следна теорија сигурно е дека ќе најдат вакцина преку која ќе ни внесат чип во телото за да не контролираат
Ok e разбравме, се слагаме со твоето мислење, може сега да го едитираш постот и да го тргнеш овој нездравиот од гифот?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Не е толку наивна работата колку изгледа, штета сигурно има ама прашање е колку.
Надуван наслов у секој случај :D
Добро скоцкано во наскока на претставување на тие што тврдат дека е штетно влијанието. Иначе јас не тврдам ништо.....не ме ни занима многу, ова е во секој случај добро инфо за тие што сакаат да научат малку повеќе.
Не се важи ова, сечено лепено :D

@Kal_El одговорот на твоето прашање, како би наштетило е од 42:10-44:10

Следна теорија сигурно е дека ќе најдат вакцина преку која ќе ни внесат чип во телото за да не контролираат
:tapp:
Доколку би читал на интернет други работи освен за Карлеуша, ќе знаеше дека не е теорија дека на луѓето веќе им вградуваат чипови.
Ама подобро ти е да не читаш, зашто буквално како гифчето ќе ти се случи со мозочето.
 
M

Macedon1um

Гостин
:tapp:
Доколку би читал на интернет други работи освен за Карлеуша, ќе знаеше дека не е теорија дека на луѓето веќе им вградуваат чипови.
Ама подобро ти е да не читаш, зашто буквално како гифчето ќе ти се случи со мозочето.
Се додека има вакви напредни освестени луѓе како тебе кои ќе не бранат, ние останатите ќе можеме мирно да живееме и да читаме за Карлеуша :ROFLMAO:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Се додека има вакви напредни освестени луѓе како тебе кои ќе не бранат, ние останатите ќе можеме мирно да живееме и да читаме за Карлеуша :ROFLMAO:
:tapp:
Како сфати дека би те бранел... :toe:

Јас се трудам што повисоко да се искачам на скалилото кај чичковците во црно, за да помогнам што повеќе волна да истрижат. :cool:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
И четврто - каде се сликите со поморот на врапчиња за кој пишуваат? Јас видов само 2 слики со умрени врапчиња, кои може и од чатал умреле.
Така е, едни исти фотографии на две-три врапчиња се шетаат низ интернет. Каков помор, какви бакрачи.
Арно некојрече: за 5G знаете исто колку и Питу Гули за ватерполо :D
 

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Абе читам по цел интернет виделе 5-6 видеа на youtube 5г било штетно...кур се тресе во ладна вода. А по дома шо имаме сите рутери а овие во згради шо живеат, зрачење од далекуводи, зрачење од самата плаета земја, космичко зрачење, "зрачење на youtube" за штетноста на 5г??????????
Брановите на 5г се на голема фрекфенција и носат мала енергија во себе затоа не можат да пенетрираат низ ѕидови, плус во план е зрачењето да биде во сноп директно до уредот а не како до сега на сите страни па кај ке стигне таму....
Алкохолот, цигарите и неукоста се х100000000000000000 пати поштетни за луѓето од 5г. Ај сиктер.
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Значи ај вака сега...
Да напраиме дистинкција помеѓу работите, за да сфатиме што се случува.

Високофрекфентни бранови (од типот на рентген зрачење уште познато како јонизирачко зрачење) имаат помала бранова должина, но поголема енергија (затоа може да пенетрираат подлабоко). Со самото тоа што се јонизирачки, можат да направат промена во самата ДНК на човекот (така променета ДНК може да резултира со рак).

Нискофрекфентни бранови (од типот на радиобранови, уште познато како нејонизирачко зрачење) имаат поголема бранова должина, но помала енергија (не може да пенетрираат подлабоко). Нивниот ефект е генерално термички (односно создава загревање на ткивото). Згора на тоа карактеристиката на радиобрановите, кога имаат поголема фрекфенција e дека тие стануваат побезбедни, според спроведени клинички истражувања што не е случајот со рентген зрачењето .

Што претставува јонизирачко зрачење и неговата штетност во прилог подоле:
  1. 1. Јонизирачки зрачења и нивно влијание Изработил: Мегленовски Сашо Ментор: Благојче Кривевски
  2. 2. ► Под јонизирачко зрачење се подразбира секое зрачење кое при интеракција со материјалната средина низ која поминува на посреден или непосреден начин предизвикува јонизација на нејзините атоми или молекули. По својата природа јонизирачките зрачења можат да бидат фотонски и честични.► Овие зрачења имаат силно дејство на сите живи организми почнувајќи од бактерии и вируси се до цицачите. Карактерот и последиците зависат од дозата и видот на зрачењето. Едно исто зрачење различно делува на различни видови организми
  3. 3. ► Во групата на фотонско зрачење спаѓа рендгенското зрачење и Y- зрачењето (електромагнетно зрачење со голема енергија). А втората група ја сочинуваат честици како што се електрони , позитрони, протони, деутерони, алфа честици и други тешки јони► Наелектризираните честици при интеракција со атомите вршат нивна екситација и јонизација, па тие го сочинуваат директното јонизирачко зрачење.► Неутралните честици при интеракција со атомите можат да пренесат дел од енергијата на атомските јадра или да предизвикаат нуклеарни реакции и како краен продукт е индиректното јонизирачко зрачење
  4. 4. 1.Природни извори на јонизација► Тоа се зрачења од природниот радиоактивен фон , а такви зрачења се: космичкото, природните радиоактивни елементи во земјата, почвата, водата, воздухот, радиоактивните елементи кои влегуваат во градбата на живите организми.
  5. 5. 2.Вештачки извори на јонизација► Озрачувањето на организмот со дози над природниот радиоактивен фон се должи на техничките ( вештачки) извори на јонизација. Тука спаѓаат: зрачењата од рендгенските апарати, акцелераторите, нуклеарните реактори, неутронските генератори, електронските микроскопи, зрачењата кои се користат во медицината (кобалт- бомба и др).
  6. 6. Рендгенски зраци► Рен д генските зраци , уште наречени и Х- зраци (икс-зраци ), претставуваат форма на електромагнетно зрачење и се дел од електромагнетниот спектар со фреквенции од 3×1016 до 3×1019 Hz, односно со бранови должини од 0,1 до 10 нанометри (0,110-9до 1×10-8 m) и енергија во опсег од 120 eV до 120 keV. Зраците се јонизирачки и поради големата енергија се користат во радиологијата (за медицински цели), како и во кристалографијата за одредување на структурата на кристалите.
  7. 7. ► Една од првите слики на рентгенските зраци од 1896 год. Сликана е раката на Алберт фон Киликер, пријател на Рентген.
  8. 8. X-зраци добиени минимална дебелина од напон под: на оловната плоча 75 kV 1.0 mm 100 kV 1.5 mm 125 kV 2.0 mm 150 kV 2.5 mm 175 kV 3.0 mm 200 kV 4.0 mm 225 kV 5.0 mm 300 kV 9.0 mm 400 kV 15.0 mm 500 kV 22.0 mm 600 kV 34.0 mm 900 kV 51.0 mm
  9. 9. Y- (гама) зраци► Гама-зраците се елктромагнетни бранови , слични на рендгенските или (X)зраците.Тие имаат сосема друга природа од алфа и бета зраците.Не носат полнеж и се движат со брзина на светлината.Ефектот на јонизацијата е многу слаб бидејќи тие се елктромагнетни бранови но затоа пак се многу продорни.Тие можат да поминат низ човечкото тело а скоро сосема да апсорбираат со бетонски слој од оклолу еден метар .Бетонската заштита се користи кај нуклеарните централи.Може да се каже дека гама зраците никогаш целосно не можат да апсорбираат.Можат да се преполоват на пример со оловна плоча од дваесетина милиметри и со тоа да се намали нивното штетно дејство.Бидејќки се ненаелектризирани тие не скршнуваат ниту во електрични ниту во магнетни полињна.Гама-зраците секогаш се придружно зрачење на алфа и бета радиоактивноста.
  10. 10. Бета-Радиоактивност (β)► Кај Бета-радиоактивноста доаѓа до откинување на еден електрон од атомското јадро.Се покажало дека неутроните ,всушност можат да се распаднат на еден протон и еден електрон и една мала честица со занемарливо мала маса што се нарекува антинеутрино.Тоа значи дека при бета распадот доаѓа до одделување на еден електрон од јадрото тогаш во јадрото ќе се појави вишок од еден протон за сметка на распадниот неутрон.Бидејќи бројот на протоните е оној што го определува хемискиот елемет тогаш неговиот хемиски елемент е со еден протон повеќе од појдовниот па ќе се наоѓа за едно место понапред во периодичната табела.На пример при бета-распадот на алуминиумот -28 се издвојува еден електрон и се добива јадро од сицилиум -28. Од реакцијата мозе да се забележи дека вкупниот број нуклеони пред и по распадот како и вкупниот полнеж пред и по распадот на јадрото останува непроменет (13е=14е-1е).
  11. 11. ► Електронот при бета-распадот го напушта атомот со голема брзина околу 9/10 од брзината на светлината во форма на бета- радиоактивна честица. Јонизирачката способност на бета-честиците не е толку голема како кај алфа-честиците но сепак нивната продорност е далеку поголема бидејќи тие се многу помали.Алуминиумската плоча со дебелина од неколку милиметри би била сосема доволна заштита од бета- радиоактивните матријали.Бидејќи се работи за лесните електрони,тогаш и скршнувањата во елктричните и магнетните полињна се големи


Што се нејонизирачки бранови, подоле во прилог:
Според овие правилници, а базирајќи се на фреквенцијата и брановата должина, брановите што предизвикуваат нејонизирачко зрачење може да се поделaт во две големи групи и тоа: електромагнетни бранови со фреквенција до 300 GHz и електромагнетни бранови од оптичкиот дел на спектарот. Безбедноста и здравјето на работа на вработените кои се изложени на дејството на електромагнетни бранови со фреквенција од 0Hz до 300GHz се регулирани со Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на физички агенси – електромагнетни полиња (Сл. Весник на РМ бр. 40/14).
Во групата на електромагнетни бранови со фреквенција до 300 GHz спаѓаат
електромагнетните бранови со ниска фреквенција
— електромагнетни бранови со екстремно ниска фреквенција - ЕБ/ЕНФ (1-300 Hz),
— електромагнетни бранови со многу ниска фреквенција - ЕБ/МНФ (300-30.000 Hz),
радиобранови
— електромагнетни бранови со ниска фреквенција - ЕБ/НФ (30.000- 300.000 Hz),
— електромагнетни бранови со средна фреквенција – ЕБ/СФ (300.000 Hz – 3МHz),
— електромагнетни бранови со висока фреквенција – ЕБ/ВФ (3-30 МHz)
— електромагнетни бранови со многу висока фреквенција - ЕБМВФ (30- 300 МHz),
— електромагнетни со ултра висока фреквенција – ЕБ/УВФ (300 МHz-3GHz),

Спектар на бранови од 5г.

Во прилог и официјален ивештај од АЕК, при изршено мерење на фрекфенциите на 5г мрежата и односот и влијанието кон околината.
Извештај
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ете денеска во вестите на радио имаше реакција од МИО, да не се шират лажни информации во врска со 5G, и изјавија дека кај нас во 2018 имало лабораториско тестирање, а во 2019 тестирање на мал регион. Во 2020 немаме 5G. Олабавете се луѓе - изјавија од МИО :)

Ах, зборавив, башка рекоа дека не е опасно по здравје
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ете денеска во вестите на радио имаше реакција од МИО, да не се шират лажни информации во врска со 5G, и изјавија дека кај нас во 2018 имало лабораториско тестирање, а во 2019 тестирање на мал регион. Во 2020 немаме 5G. Олабавете се луѓе - изјавија од МИО :)

Ах, зборавив, башка рекоа дека не е опасно по здравје
Еве од МИОА: https://republika.mk/vesti/makedonija/mioa-makedonija-nema-pushteno-vo-upotreba-5g-mreza/
Еве од Телеком: https://netpress.com.mk/makedonski-telekom-demantira-deka-e-aktivirana-5g-mrezhata/
А еве нешто за овие озрачениве: https://skopje24.com.mk/gagovski-5g-e-najoniziracko-zracenje-i-ne-moze-da-vlijae-na-naseto-zdravje/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom