Телеком Србија влегува во Македонија

Член од
29 август 2008
Мислења
5.210
Поени од реакции
3.594
Од тоа што разбрав ќе бидат виртуелен, нема да градат физичка инфраструктура за мобилна.

Зависи што им е таргет, со сателитска и безжичен интернет во градско подрачје може да се сликаат.
Прашање е дали воопшто профитот е примарна цел.

Има еден куп уреди кои може да се користат за безжичен интернет, прашање е дали ќе користат слободни или платени фрекфенции, и како ќе го организираат транспортот во кор мрежата, ако планираат со мајкровејв, пиши пропало уште непочнато. Претпоставувам ќе користат столбови од постојните оператори до каде што има стигнато со оптика, и од таму да ги покриваат населените места.
Daj malce ova poslednovo poplasticno objasni .... ako sakas se razbira ...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.933
Daj malce ova poslednovo poplasticno objasni .... ako sakas se razbira ...
Попластично, за да им дадеш на корисниците големи брзини, ти требаат големи брзини и во кор мрежа, читај довод. Доводот се носи по кабел (оптика, или на некои бакар), или microwave линкови за кои се плаќа на Аек (Аек го продава воздухот) и ова е класичен оперативен трошок, прилично висок за брзината што ја носи секој линк. Воздухот како медиум за транспорт си има недостатоци при лоши временски услови, плус ќе треба повеќе такви линкови за да стигнеш со доволен throughput. Кабелот од друга страна (оптиката, бакарот не го ни дискутирам затоа што е ирелевантен во случајов) нема лимит за брзини, ама пак е скап и бавен за изградба.
И сегашните оператори ако сакаат да имплементираат 5г ќе мора да ги поврзат најголем дел од базните на оптика, а ако ова го сторат немаш ни потреба од 5г, и на 4г ќе може да ти дадат поголеми брзини и сообраќај.
 
Член од
24 октомври 2021
Мислења
812
Поени од реакции
472
Ne se soglasuvam so vas deka ne moralo makedonskite da bidat HD, pa koj gledal Sitel/Kanal5 i sl... Tie sto gledaat televizija, a posebno nasite po doma gledaat i toa kako domasni kanali, a onie sto ne gledaat sekako se pretplateni na striminzi kako netflix i dr. Zosto bi imal 20 srpski HD a niedna makedonska? vo Makedonija sakaat operator da bidat ili kade??? Mora da imaat pocit i za drzavata i za narodot sto im plaka pretplata. Ne mozam da razberam zs uste mu dozvoluvaat primer na total da gi nema zadolzitelnite mrt2,3,4,5... si izbrale 1 i sobraniski i tolku, abe drzava si, site ke gi ima.... dosta veke.
 
Член од
16 ноември 2021
Мислења
14
Поени од реакции
15
поминав денес во продавницата Старт пакетот ми е интересен за таа цена бидејки арени не ми требаат монтажа за 48 часа, дали ке има затемнување на програми поради авторски права тврдат дека нема да има ама некако не им верувам,и она што ме разочара исто како кај Тотал тв однапред уредена листа која не можеш да ја менуваш и рисиверот како кинеските иптв боксови колку две кутии цигари инаку добив една кесичка рекламен материјаал со навистина преубава шоља за кафе со нивно лого
 
Член од
12 август 2017
Мислења
19
Поени од реакции
6

Ме изнасмеа. :pos:
Ни тие што се вработени таму незнаат баш за што збораат. Зошто никој немаше добра обука за продуктот, овие повеќе се фокусираа на методи како побрзо да им продадат.
 
не кажав ништо смешно мислам,само некои првични видувања инаку и јас видов дека во техничкиот дел вработените се тапа немаат основни познавања на сателитската тв ама тоа е нивни проблем.затоа ке почекам да видам првични искуства па ке се одлучам дали ке земам некој од пакетите
 
Мислев на делот со чашата, многу ми е смешно како мислат дека ќе придобијаат муштерии со подароци.
Требаше да започнам со работа кај нив во продажба, но на првата обука што бев таму, ни збореа за продуктот како да го продавеме, а не како да го објасниме. А јас немав искуство со продажба во оператори па ги прашував дали би имала дополнителна обука убаво да ни објаснат сé. Ветуваа ќе има, ништо не бидна. Затоа и дадов отказ, премногу го убрза отварањето без да ги подготват вработените како што треба.
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2013
Мислења
99
Поени од реакции
49

Нема што многу да се објаснува...Контактираш Контакт центар, оставаш адреса, доаѓа монтер ти монтира сателитска чинија и ресивер и тоа е...Нема филозофија...
 
Член од
19 ноември 2021
Мислења
2
Поени од реакции
1
Јас аплицирав и ме викнаа на разговор.
Да те прашам на која e-mail адреса прати CV ? Не можам да најдам на кариера.мк ниту пак на нивната веб страна.

Фала ти однапред.

Ти како пројде во процесот ? Има ли повратна информација ?
 
Член од
12 август 2017
Мислења
19
Поени од реакции
6
Да те прашам на која e-mail адреса прати CV ? Не можам да најдам на кариера.мк ниту пак на нивната веб страна.

Фала ти однапред.

Ти како пројде во процесот ? Има ли повратна информација ?
Сега овака, јас аплицирав кога ги пуштија првите огласи во септември, јас аплицирав за продажба. Го видов огласот на кариера.мк и дека немаше маил, има под секој оглас "Аплицирај тука" дугме кое се појавува доколку имаш направено профил го стиснав, исто важи и за вработување.мк. После две недели ме викнаа на интервју, имаше и други кандидати и овие што ни го правеа интервјуто беа Срби, но не требаше да збориш со нив српски. После тоа ме викнаа на уште 2 интервјуа и ме викнаа на обука.
Самата обука беше наменета за сите колку да се запознаеме што ќе работиме и таа ја држеа Србите.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Според ова што го кажуваат, овие би требало да направат нова мрежа o_O

Влезот на трет оператор секако ќе има поволно влијание на пазарот во смисла на намалување на цените и подобрување на услугите. Истражувањата кои што ги спроведовме покажуваат дека расположението на домашните корисници е такво што влегувањето на нов оператор го дочекуваат со очекување на понуда со подобри услови и услуги од оние кои веќе се присутни. Тоа е навистина голем предизвик, но ние сме во целост подготвени да одговориме на него.

Kajgana Shop

На врв Bottom