Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Од АДСЛ кој ми поминува месецов, утре ќе уклучам кабловски.

Кој има искуства, нека кажува - download/upload, стабилност, максимум/минимум во текот на еден месец и од што тоа зависи....
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
И МОБИ се под РОБИ, така да пакетите би требало да се исти со тие од Телекабел..
1024/256к, 500 денари за 600MB, над тоа 1MB = 1 денар, максимална сметка = 1500 денари.
Договор со пенали нема, лимит (колку да се рече) = 50GB, над тоа намалуваат на 256/128.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Јас па се си мислам дека имаат поинакви пакети, ама ете после твојот пост се просветлив, разгледав и на телекабел и го видов истиот флаер од тука што ми го поделија.

Нема везе, ај ќе пишам впечатоци од квалитет, денес од АДСЛ одам на кабел.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
ADSL до пред еден саат,


и Кабловски сега:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Јас сум на кабелски (од Штип само) и сум задоволен од интернетот. Само кога влезам на серверот и ги гледам другите пинови знам дека интернетот ми е добар :)
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
cYb3rc0re напиша:
ADSL до пред еден саат,


и Кабловски сега:
Сакаш да кажеш дека денес ти истече договорот со адсл и денес дојдоа од кабловска и одма ти наместија???
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
vlatko напиша:
Сакаш да кажеш дека денес ти истече договорот со адсл и денес дојдоа од кабловска и одма ти наместија???
Не ми истече денес, до крајот на месецот, ама пошо ми треба интернет, порачав од порано (од саботата) па за денес се договоривме.

АДСЛ пак имам, ама ќе го испробам малце кабелскиот сега.

Јас имав интернет се до моментот кога дојдоа кај мене да местат. Само сменив кабел, и сега иам кабелски.
 

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Абе како шо ми се гледа мене кабелскиот од Моби е ОК, само ме нервира шо статичка IP е...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Многу глуп штос и одма ќе дадам минус за оваа заебанција ,затоа што вистината е дека дебело се тарифира сообраќајот за upload и влегува во вкупниот сообраќај на корисникот!

Немојте со вакви работи и Среќна Нова Година до сите кајганџии и Телекабел нормално ако не отидат у стечај....................

 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Или си измислуваш, или го немаш сфатено концептот.. тоа "upload не се тарифира" важи за лимитите.. ти на почеток на месец ако имаш направено 1GB download и 3GB upload, како јас кога на 01. и 02. бев на викенд, со оставени торенти на компјутер, нема да ти ја намалат брзината (кога се вратив имав фул 4 мегабита). Upload-от цело време фигурира во крајната сметка, ама не се смета при намалување на брзината, кадешто е важен само направенииот download.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Или си измислуваш, или го немаш сфатено концептот.. тоа "upload не се тарифира" важи за лимитите.. ти на почеток на месец ако имаш направено 1GB download и 3GB upload, како јас кога на 01. и 02. бев на викенд, со оставени торенти на компјутер, нема да ти ја намалат брзината (кога се вратив имав фул 4 мегабита). Upload-от цело време фигурира во крајната сметка, ама не се смета при намалување на брзината, кадешто е важен само направенииот download.
Ајде вака да речеме дека наредниот месец од 01 до 10 декември ќе уплоадувам со 512кб/с 20ГБ сообраќај без dowнload и баш ќе видиме шо ќе се деси,затоа што рутерот на Телекабелот ги менува конфиг фајловите na modemite и не го интересира дали си правел само уплоад од базата.Доволно е само да се рестартира модемот и при првата конекција те враќа скриптата на 2Мбит или 1мбит со сигурност тврдам!
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Рутерот како што знае кога да му прати на модемот нов конфиг фајл, така точно знае колку download и upload имаш направено посебно. Баш download е тој услов кога да го измени динамичкиот конфиг фајл. Ќе си видиш и сам, џабе е некој од страна да ти објаснува.

А причината поради која е воведено ова (и тоа одамна), освен онаа очигледната (изгледа убаво на хартија/монитор), е тоа што ти и цело време да правиш само upload со 512к (највисок можен upload на ТК), пак ќе правиш дупло помалку сообраќај/оптеретување отколку да симнуваш 24/7 со 1024к (најнизок можен download на ТК). На страна тоа што буквално ниеден домашен корисник не прави само upload..
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Јасно, аплоудот е добра насока за правење реклами заради тоа што речиси никој ке го користи многу. А телекабел немаат причина да мамат на аплоуд, пре би ти тарифирале даунлоуд дупло за да отидеш што побрзо јабана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom