Телекабел Аналогна и дигитална кaбелска телевизија (РОБИ) -генерална дискусија (новости, прашања.)

Член од
11 јули 2014
Мислења
1.091
Поени од реакции
315
Сите коментари се супер и точни истото и јас го преживував до пред 2 години кога почнав да користам иптв и платени листи.
За дупло помал влог 10.000 канали со беспрекорна слика,
не вреди за тв да се користи претплата од било кој мак оператор,воопшто не вложуваат во квалитетен сигнал а цените му се високи.
Како?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
IPTV платена листа со самото тоа што повеќето што се продаваат се на црно нелегално имаат многу канали и затоа има лоши работи а тоа е што не ти е гарантирано дека ќе ти бидат секогаш стабилни каналите, не секој канал има превод..
 
Член од
11 април 2018
Мислења
202
Поени од реакции
59

Да нелегално е се тоа но додека трае трае важно е да се ужива додека трае.Во врска со нелегалноста кај нас јавно големи фирми оператори ( како на пример телекабел) јавно пиратираа канали и големи пари заработуваа за тоа па сега треба нас да ни биди срам и страв ако користиме нешто нелегално и тоа за лични потреби.
Автоматски споено мислење:

Инаку каналите од ју просторите сите се со превод и со супер квалитет додека нашите оператори сеуште нудат 480 п квалитет на слика. Поздрав
 
kabelSKo

Dr.
Член од
23 февруари 2019
Мислења
51
Поени од реакции
62
На Телекабел до дигиталниот пакет од 03.12 се пуштени FOX Movies, SK Esports, Brainz TV. Искрено се надеваме дека ќе пуштат предновогодишно уште некој солиден канал како што правеа порано и секако највеќе се надеваме и очекуваме дека ќе го средат квалитетот на сликата на DIVA, E!, N1, JimJam, Vavoom, Telma, Sobraniski kanal, Travel Channel, HRT1, Tv Sonce.
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
зошто ко ќе ѕвонам на техничка подржка во Штип, ко ќе звонам од ВИП - броевите не постојат, од Телеком - можат да се добијат ? Има некакво објаснување за ова ?
 
kabelSKo

Dr.
Член од
23 февруари 2019
Мислења
51
Поени од реакции
62
Пуштете ја SK1 во HD, оваа верзија што сега ја реемитувате има многу лоша слика...најдобрите натпревари ги гледаме во SD, наместо во HD...како SK2 и SK3 Ви се во HD...

HRT1 сакаме да ја гледаме во HD, како што е оригинал...ова сега моментално е катастрофа...оператори почнаа со 4К, само ние гледаме телевизии конвертирани од HD во SD :mad:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525

Ви благодариме на забелешките.
 
Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Телекабел, секогаш последни со новостите! Новото мото. Секогаш биле и ќе бидат последни со додавањето на новите македонски, регионални и светски тв.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Блокираните на сателит програми и на Телекабел блокирани на ХРТ 1, идиоти, ѕвонам три дена не ми дигаат, што се случува знае некој? нема повеќе да можеме да глеаме ХРТ?
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Здраво, сакам да уклучам интернет и телевизија од Телекабел па вие што имате кажете ми дали се плаќа за приклучок нешто? Дали тие даваат ресивер и дали е бесплатен како е процедурата за приклучок? И колку се плаќа месечно за интернет и телевизија?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Член од
28 октомври 2016
Мислења
54
Поени од реакции
37
Блокираните на сателит програми и на Телекабел блокирани на ХРТ 1, идиоти, ѕвонам три дена не ми дигаат, што се случува знае некој? нема повеќе да можеме да глеаме ХРТ?
Прашано е во Наплатното место кај Соборна. Работеле на случајот на ХРТ.
Па ќе видиме, колку ќе се успешни.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Здраво, сакам да уклучам интернет и телевизија од Телекабел па вие што имате кажете ми дали се плаќа за приклучок нешто? Дали тие даваат ресивер и дали е бесплатен како е процедурата за приклучок? И колку се плаќа месечно за интернет и телевизија?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Ако одиш на опција оптички интернет се плаќа приклучок од 1500 денари, ако одиш класичен кабелски интернет не се плаќа ништо. И во двата случаеви добиваш рутер, а ако сакаш безжичен интернет ќе треба да си набавиш рутер. За ТВ не се плаќа ништо.

Моја препорака е да одиш оптички интернет (ако има технилка можност) + ТВ. Најефтината варијанта е 600 денари интернет + 450 ТВ, или побрз интернет е 1000 денари + 450 денари ТВ. Во спротивно одиш со кабелски интернет 500 денари + 450 денари ТВ. ВО случај да користиш оптички интернет не мора да користиш и ТВ, додека кабелскиот интернет оди во пакет со ТВ.
 
kabelSKo

Dr.
Член од
23 февруари 2019
Мислења
51
Поени од реакции
62
Помина еден месец од моето последно јавување во Телекабел во кое реагирав за HRT1 и решив да се јавам денес повторно и очекувано-неочекувано го добив истиот одговор „нашите екипи работат на каналот“. И така, после еден месец ништо ново, сликата и звукот на HRT1 катастрофа. До кога вака, незаинтересирано, непрофесионално? Месец дена еден канал не можат да го изменаџираат, каде е проблемот?
п.с. гледам Европско првенство во ракомет на Телма преку DVB-T тјунерот на телевизорот (сликата е перфекција) бидејќи сигналот на Телма што го реемитува Телекабел е катастрофа на квадрат, изгледа луѓето си имаат мака да го превземат квалитетно сигналот, немаат соодветна (квалитетна) опрема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom