Здраво на сите. Одамна немам пишано на форумов, зш си бев во странство на подугачко...денеска сефте пуштам ТВ и што да видам „убавини“, од тоа што пишував во предходните постови се е обратно
.
Сликата на N1, Diva, JimJam, E!, Vavoom, Телма, Собраниски исто како и „лани“ чиста аналогија, демек се дигитални, катастрофа со еден збор, тука нема ни Д од дигитално.
Ама што е ново сабајлево, гледам HTV 1 слика иста како од овие погоре набројаните, КРШ, а да и на мојот favorite канал Travel, сликата како Вардар матна, таа е дигитална, ама има нешто не штима.
Друго се е исто, ТВ Сонце си кочи и си сецка, SK1 најгледаниот спортски канал не е во HD, се потрудиле со BOX каналите ставиле некаков си ЕПГ и тоа е. Напредок нема, ама нема ниту стагнација.
Од Телекабел дефинитивно не се трудат нешто да подобрат, ама ич, зборувам во делот на дигиталната телевизија...мој заклучок е дека почнува да се импровизира со квалитетот на одредени канали, т.е. се постапува аматерски, незаинтересирано. Преку леб погача не бараме. Поздрав
p.s. доста веќе правите downscale на каналите, понудете оригинал, понудете FULL HD, не одите чекор назад, од коњ на магаре.