Текстови од омилени македонски народни песни

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Врана коња јавам јас,
одам по невестата.
Врана коња јавам јас,
одам по невестата.

Одам по невестата,
дал' ќе ми ја дадат?
Одам по невестата,
дал' ќе ми ја дадат?

На сред село тапан чука,
оро се вие.
На сред село тапан чука,
оро се вие.

Оро се вие,
мома водеше.
Мома водеше,
оро красеше.

Татко ѝ ја дава,
село не ја дава.
Татко ѝ ја дава,
село не ја дава.

Село не ја дава,
оти е убава.
Село не ја дава,
оти е убава.

Ќе умрам мајко, загинам,
без неа дома не одам.
Ќе умрам мајко, загинам,
без неа дома не одам.

В село слуга ќе бидам,
само неа да земам.
В село слуга ќе бидам,
само неа да земам.

--- надополнето: 6 мај 2013 во 14:16 ---
Вино пијам, ем ракија,
коња јавам аџамија.

Коњ ме шета горе, доле,
горе, доле низ тоа поле.

Ме одведе в' ладна меана,
у меана до три моми.

Прва точи, другата носи,
а третата мене ме гледа.

Па ја качив на коњчето,
ја однесов право дома.

 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ова е можеби најголемата архива со македонски народни песни на интернет. Секоја песна е придружена со текст и аудио запис.
http://pesna.org/
Може да ви помогне многу при потрагата по македонски народни текстови.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
3.590

У срце ме мава
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Со маки сум се родила

(Со маки сум се родил јас)
Со маки сум се родил јас,
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги напишете
одозгора на гробот мој.

Ќе се качам на планина,
ќе влезам в' темни пештери.
Очите да ми паралдисаат,
сонцето да не го видам.

Ќе слезам долу в' ѓул бавчи,
по тој ми алов катмер каранфил.
По тој алов катмер каранфил
по тој ран, бел босилок.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Каде си тргнала Кито боса на жетва

--- надополнето: 8 мај 2013 во 21:22 ---
Кажи Рајне, кажи душо

 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Имала мајка девет сина- Васка Илиева

(Ѓорѓи грозничав)

Имала мајка, имала,
до девет сина убави,
десетти грозен Ѓорѓија,
Ѓоргија беше болничав.
Мајка на Ѓорѓи говори:
- Мани се Ѓорѓи од куќа,
да не ми грдиш дворои,
да не ми ругаш синои,
и високите сараи.
Ѓорѓија мајка молеше,
дробни си солзи ронеше:
- Оф леле, стара мајчице,
не ли сум уште малечко?
Пусти патишта ќе згрешам,
во гора ќе се изгубам,
ѕверои ќе ме изедат,
без тебе мале ќе бидам.
Мајка на Ѓорѓи говори:
- Мани се грозно глупаво,
мани се веќе од куќа,
више те мајка не сака.
Виде, не виде, Ѓорѓија,
дека го мајка не сака,
пак мајка си ја замоли:
- Дај ми ги мале пљачките,
крпено и некрпено,
татко ми што ми ги кроил,
за убав ден и Велигден.
Мајка му пљачки исфрли,
Ѓорѓи од куќа излезе,
Кога ми Ѓорѓи излезе,
луто си мајка проколна:
- Оф леле стара мајчице,
кога од двори ќе излезам,
црната чума да влезе,
сараи да ти побута,
дворои да ти запусти,
синои да ти потепа,
сама ти мајче да останеш
и за Ѓорѓија да кукаш!
Шетал си Ѓорѓи по гори,
по гори и по планини,
слегнал си долу селата,
ценил се Ѓорѓи овчарче.
Слугувал девет години,
печалил Ѓорѓи печалил,
до триста овци, јаганца,
станал ми голем чорбаџи.
Еднаш се Ѓорѓи нажалил,
за своја стара мајчица,
за девет браќа убави,
и високите сараи.
Собрал си Ѓорѓи овците,
кинисал Ѓорѓи, пристигнал.
Кога ми дома пристигнал,
мајка пред порти седеше,
и за Ѓорѓија кукаше.
Ѓорги на мајка говори:
- Оф леле стара мајчице,
имаш ли конак за мене,
ноќеска да си преноќам,
па утре ќе си заминам.
Мајка го Ѓорѓи не позна,
и на Ѓорѓија говори:
- Оф леле синко делија,
имав конаци високи,
и дворои широки,
и девет сина убави,
десетти беше Ѓорѓија,
Ѓорѓи ми беше болничав.
Јас си на Бога погрешив,
Ѓоргија си го испадив.
Кога ми Ѓорѓи излезе,
луто ме мене проколна,
како ме Ѓорѓи проколна,
пуста ме клетва достаса.
Каде е сега Ѓорѓија,
да си го мајка прегрне,
мајкини гревои да прости,
белки ќе мајка да пукне?
Ѓорѓи на мајка говори:
- Јас сум ти мајко Ѓорѓија,
Ѓорѓија мајко, најгрозен,
најгрозен мајко, болничав!
Тогаш го мајка прегрна,
дробни си солзи пророна,
прегрна мајка, целувна,
и пукна мајка, од жалост.
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 19:38 ---
Ова е можеби најголемата архива со македонски народни песни на интернет. Секоја песна е придружена со текст и аудио запис.
http://pesna.org/
Може да ви помогне многу при потрагата по македонски народни текстови.

Алал да ти е друже
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Лулела е мајка
Лулела е мајка прво свое чедо
Тихо го лулела, солзи си ронела
таги си тажела,песна му пеела:
- Ти не знаеш сине,
прво мое чедо, на нива родено
три дни не доено-
во Македонија нема слободија.
Младешта гинеле во темни зандани.
Кога татко ти го, сине обесија
на мене ми рече:
Ленко,сина да ми чуваш,
да ми го лулееш,да ми го порастеш,
пушка да му купиш
Ленко,пушка да му купиш
јунак да ми биде,
јуначки да умре,
за Македонија.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Твоите очи, Лено мори, Воденски череши се.
Дај ми ги на мене, јаска да ги изедам!
Мерак, Лено мори, мерак да ми помини.
Севда, севда моја, севда да ми излези.
Твоето лице, Лено мори, Леринско симитче е.
Дај ми го на мене, јаска да го изедам!
Мерак, Лено мори, мерак да ми помини.
Севда, севда моја, севда да ми излези.
Твоето усте, Лено мори, Костурско кутивче е.
Дај ми го на мене, јаска да го отворам!
Мерак, Лено мори, мерак да ми помини.
Севда, севда моја, севда да ми излези.
Твојта снага, Лено мори, тенка ем висока е.
Дај ми ја на мене, јаска да ја прегрнам!
Мерак, Лено мори, мерак да ми помини.
Севда, севда моја, севда да ми излези.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ах, минав гора

Ах минав гора, минав друга,
ах, во гората дробен јасен,
ах, на јасенот славеј пиле,
ах, славеј пиле рано пее.

Ах не пеј пиле, не пеј рано,
ах, не буди ми мојто либе,
ах, саноќ сум го приспивала,
ах, приспивала, милувала.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Си заљубив едно моме
од малечко до големо,
дојде време да го земам, оф аман, аман,
падна моме, се разболе.

Јас отидов да ја видам,
ми побара понудица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.

Јас отидов во чаршија,
да побарам понадица,
среде зима бело грозје, оф аман, аман,
среде лето - жолта дуња.

Ко се вратив од чаршија,
сретнав моме на носилка,
двесто давам - спуштете ја,оф аман, аман,
тристо давам - да ја видам.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Бреј човек да се наежи кога пее Александар Сариевски :confused::(

Како што е таа чаша полна со вино


Како што е таа чаша полна со вино,
како што е таа чаша полна со вино,
така е и мојто срце полно с' јадови,
така е и мојто срце полно с' јадови.

Дај да пијам, мила мајко, да се опијам,
дај да пијам, мила мајко, да се опијам,
јадовите, мила мајко, да заборавам,
јадовите, мила мајко, да заборавам.

И да пиеш, мили сине, фајде си немаш,
и да пиеш, мили сине, фајде си немаш,
ја земи си, мили сине, пушка берданка,
па си појди, мили сине, в' гора зелена.

Там' ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
там' ќе најдеш, мили синко, верна дружина.
Борба води, мили сине, за слобода,
за слобода, мили сине, за Македонија.

Дејгиди луди млади години

Дејгиди луди млади години
летнавте како сиви галаби.

Летнавте како сиви галаби
паднавте во момините дворови.

Паднавте во момините дворови
преспавте во момините пазуви.

Барем се ерген мамо нашетав
низ таа влашка земја богата.

Влашки моми мамо заљубив
и кара влашки мамо невести.

Ергенство, мила мамо пашал'к,
моминство, мила мамо везирство.

Колку ми се наполни душата кога ги слушнав песниве :love:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајсгодишен војвода,
на седумнајста го фатија.

Го турија во зандани,
во тие тесни долапи,
чифте белегзии на раце,
и дробен синџир на гуша.

Телеграм дојде од Стамбол
за Александар Турунџе,
да си ја види невестата
и својте дробни дечиња.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
за сто и пеесет жолтици,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие тесни долапи,
чифте белегзии на раце,
и дробен синџир на гуша.
Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.
Таму долу Битола, кај што Драгор тече,
мајка жали и плаче, од утро до вечер,
мајка жали и плаче, од утро до вечер.
- Дигни ми се пиленце, стани чедо мило,
дарови ми те чекаат и прво венчило,
дарови ми те чекаат и прво венчило.

- Ти ме мајко омажи, мене не ме праша,
ете ти го, сакај го него место мене,
ете ти го, сега него место мене.
Јас не сум го сакала, па сум се убила,
ништо мајко на светот не бива со сила,
ништо мајко на светот не бива со сила.

Ти ме мајко омажи, мене не ме праша,
ете ти го, сега него место мене,
ете ти го, сега него место мене.
Мајка зеде ноженце, во срце го забоде,
Пелистер се расплака, дробни солзи пролеја,
Битола се расплака, дробни солзи пролеја.
Кирјана вино продава
на кирајџии, море, не дава.
На кирајџии не дава, леле
на Стојан вино, море, продава.

Кара го, уче мајка му:
- Не оди Стојан, Кирјана,
Кирјана ќе те прелаже, леле,
ќе ти ја земе, леле, стоката.

- Ах, мори, мајко ти стара,
стоката чини, леле, стотина.
Стоката чини стотина, леле,
сама Кирјана, леле, илјада.

Очите ѝ се два града,
веѓите ѝ се, мајко, чаршија.
Лицето ѝ е белина, леле,
косата ѝ е, мајко, коприна.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајсгодишен војвода,
на седумнајста го фатија.

Го турија во зандани,
во тие тесни долапи,
чифте белегзии на раце,
и дробен синџир на гуша.

Телеграм дојде од Стамбол
за Александар Турунџе,
да си ја види невестата
и својте дробни дечиња.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
за сто и пеесет жолтици,
на тие клети душмани.

Го турија во зандани,
во тие тесни долапи,
чифте белегзии на раце,
и дробен синџир на гуша.
Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.
Таму долу Битола, кај што Драгор тече,
мајка жали и плаче, од утро до вечер,
мајка жали и плаче, од утро до вечер.
- Дигни ми се пиленце, стани чедо мило,
дарови ми те чекаат и прво венчило,
дарови ми те чекаат и прво венчило.

- Ти ме мајко омажи, мене не ме праша,
ете ти го, сакај го него место мене,
ете ти го, сега него место мене.
Јас не сум го сакала, па сум се убила,
ништо мајко на светот не бива со сила,
ништо мајко на светот не бива со сила.

Ти ме мајко омажи, мене не ме праша,
ете ти го, сега него место мене,
ете ти го, сега него место мене.
Мајка зеде ноженце, во срце го забоде,
Пелистер се расплака, дробни солзи пролеја,
Битола се расплака, дробни солзи пролеја.
Кирјана вино продава
на кирајџии, море, не дава.
На кирајџии не дава, леле
на Стојан вино, море, продава.

Кара го, уче мајка му:
- Не оди Стојан, Кирјана,
Кирјана ќе те прелаже, леле,
ќе ти ја земе, леле, стоката.

- Ах, мори, мајко ти стара,
стоката чини, леле, стотина.
Стоката чини стотина, леле,
сама Кирјана, леле, илјада.

Очите ѝ се два града,
веѓите ѝ се, мајко, чаршија.
Лицето ѝ е белина, леле,
косата ѝ е, мајко, коприна.
Убав избор на песни и воедно добро потсетување ни даде. Јас бог знае колку време има поминато откако сум ги слушнал последен пат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom