Тајни Служби во Македонија

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
И Борка Вучиќ која ги однесе девизните резерви на Кипар на тајни сметки.....

...и потоа погина во ,,сообраќајка,, негде кај Смедерево
Како така кај Смедерево а не на Ибарската Магистрала... кого ќе го проценат за морално-политички неподобна личност, ги праќаа на возење на таа магистрала. Од Крцун до Вук Драшковиќ.
Автоматски споено мислење:

Тврдокорен генерал беше, со цврст став против распаѓањето на ЈНА
За време на распадот на ЈНА, србите во војската јавно ги изразуваа своите големосрпски мисли, така што на писта среде касарна јавно ја пееја ,од тополе до тополе па до Равне горе,, без влакно да им фали
Македобец или србин тоа ако направеа ќе одеа на војни суд

ПС.иначе лично сум ги видел и Аџиќ, и Кукањац и Антон Тус....само Кадијевиќ не
Па за време на распадот на ЈНА и немаше друга војска- Словенците си заминаа рано налето таа година, Хрватите исто само малку подоцна, Босанците ги прибираа родителите од касарните назад дома- Македонците во Хрватска заглавија далеку од дома.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.968
Поени од реакции
14.720
Јас се сеќавам дека беше на автопатот кај Смедерево...така ми остана во памет.
А Драшковиќ пред првите избори 1991-ва по плоштадите собираше најмногу народ. Реки од луѓе имаше по улици...
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Јас се сеќавам дека беше на автопатот кај Смедерево...така ми остана во памет.
А Драшковиќ пред првите избори 1991-ва по плоштадите собираше најмногу народ. Реки од луѓе имаше по улици...
До ден денес не ми се разјасни улогата на Драшковиќ за време на режимот на Слобо. Успешен соло слаломист понекогаш, некогаш личеше на подметнат елемент, час националист час космополитанец, многу неодреден човек...
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Владата ни северна решила на Онишченко да му го земе државјанството и пасошот. Наводно имало само еден вработен во АНБ што потфрлил при проверката во НАТО. Да не му се иницијалите ЈР?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Смртта на Јордан Мијалков мораше да стане тајна, за да можат „мијалковистите“ да продаваат магла
од Fokus 08.11.2016


Веројатно најголемата дилема во службите кај нас, се работи за несреќа или професионално е убиен Јордан Мијалков поради извесно кршење правила, шпекулациите за случајот се разни од тоа дека Сашо Мијалков покренал нова истрага пред неколку години преку врвни експерти до тоа дека Аркан е извршителот, ќе покаже времето така што ќе се дрзне тој што знае и ќе каже јавно што скриле од народот тогаш.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.968
Поени од реакции
14.720
Смртта на Јордан Мијалков мораше да стане тајна, за да можат „мијалковистите“ да продаваат магла
од Fokus 08.11.2016


Веројатно најголемата дилема во службите кај нас, се работи за несреќа или професионално е убиен Јордан Мијалков поради извесно кршење правила, шпекулациите за случајот се разни од тоа дека Сашо Мијалков покренал нова истрага пред неколку години преку врвни експерти до тоа дека Аркан е извршителот, ќе покаже времето така што ќе се дрзне тој што знае и ќе каже јавно што скриле од народот тогаш.
Сосема случајно експертот ми е другар(бидејќи и јас му работам некои случаи од сосема друга област), и тој го поседува америчкиот софтвер за симулации на сообраќајни незгоди. Сашо сакал да знае за себе дали било незгода или ликвидација.
За резултатот од вештачењето едноставно не прашав.....не сакав да знам некои работи кои би ми биле терет
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Сосема случајно експертот ми е другар(бидејќи и јас му работам некои случаи од сосема друга област), и тој го поседува америчкиот софтвер за симулации на сообраќајни незгоди. Сашо сакал да знае за себе дали било незгода или ликвидација.
За резултатот од вештачењето едноставно не прашав.....не сакав да знам некои работи кои би ми биле терет
Се зборувало дека наводно Аркан по наредба на Стане Доланц ја предизвикал сообраќајката во која загинува Јордан со пукање од жбун кон возилото а после лекарите на Удба ја довршиле работата, имало шпекулации дека багер дополнително после случката го гмечел возилото, па раскажувал Сашо дека кога тогаш ќе се одмазди, инаку покасно криел луѓе на Сколе и Гаги после убиството на Аркан па на брат му Влатко нивни познаници му зборувале дека ако продолжи брат му со криењето на србите во станот ќе дошле Аркановци од Белград и ќе ја разнеле зградата, а можеби ги криел оние на Предраг Чубрило Пеки кои го ликвидираа Марјан Тушевски или некои сосема други што е помалку веројатно, исто така и тоа што паднала огромната пратка кокаин на Станислава Чочоровска Полетан кумата на Аркан наводно било одлука на Мијалков зошто идејата на Деа била следење до крајната дестинација за која дрогата била испорачана.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Се зборувало дека наводно Аркан по наредба на Стане Доланц ја предизвикал сообраќајката во која загинува Јордан...
Нели Доланц веќе не е шеф на ништо за време распадот на Југославија? Македонија веќе се одвои од СФРЈ кога загина Јордан Мијалков.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.968
Поени од реакции
14.720
Да...Стане Доланц беше министер за внатрешни работи на СФРЈ, словенец и не би требало да е на функција во време на независна Македонија.

Многу добро се сеќавам дека неколку денови пред да погини Мијалков, тој од говорницата на собранието со прст им се закуваше на некои функционери во првите редови и им рече нешто во стилот: ,,за сите вас имам материјали, ќе ве испозатворам,,

не поминаа неколку денови и....
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Околу функцијата знам логично е али пренесувам како што ми е раскажано.
Ако Википедија е некој веродостоен извор, во профилот за Стане Доланц стои дека од мај 1984 не е секретар за внатрешни работи. Обавештаец, ако се смета само војното разузнавање не е од 1960, кога се повлекува од КОС со чин полковник... точно дека човек на такви позиции може да влече конци од сенка оти знае луѓе кои знаат луѓе кои имаат сопствени мрежи итн, меѓутоа цели 7 години да му следат луѓе наредби а не е на позиција...? Јордан Мијалков гине декември 1991, во тоа време цела Хрватска гори, што би значело Аркан има полни раце работа...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Во јавните расправи за службите во Македонија лик кој здобил многу внимание од јавноста е Јордан Петровски инаку бизнисмен иселеник во Канада веќе добро познат на сите, ова се тие неколку легендарни работи што ги има изнесено јавно и се доста интересни зошто даваат близок увид на тоа како во службите функционираат работите.

Извадок од интервјуто кое во своето време привлекло големо внимание.

"Ова интервју во продолжетоци се објавува во ВРЕМЕ

ИНТЕРВЈУ СО ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ, ДИСИДЕНТ ПРОГОНУВАН ОД ДБК (5)
ДБК режира сценарио за холивудско апсење

- Тврдите дека во есента 1997 година ДБК имала сценарио за ваше апсење, со цел да се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори?
- Деловен партнер од Бугарија ми одзема три цистерни.Тужев. Барав цистерните, кои минуваа низ Македонија, да бидат запленети во моја полза, но ништо не се случуваше. Одненадеж ДБК, која дотогаш работеше да ме банкротира, ми понуди да ми го реши спорот и да ми помогне да си го наплатам долгот. ДБК, во моето досие, самата пишува дека, бидејќи веќе финансиски сум слаб и исцрпен, дека сум погоден за соработка. Буквално пишува: „западнал во финансиска криза, која беше искористена како посебен момент за вршење и прифаќање на разговор од истиот, како и побарување заштита и помош во расветлување на граѓанскиот спор со неговите поранешни деловни пријатели Драган Даравелски и Предраг Димковски од Куманово, од кои физички бил нападнат и претепан на улица“. Значи, Службите веќе сметаат дека сум подготвен за соработка со нив. Со месеци ме викаа да отидам кај нив, си дозволуваа и најнедолични контакти со моето семејство, но јас не сакав да одам. На крајот ми се заканија дека ќе ме приведат, и јас отидов во полициската станица во Куманово. Ме држеа на влезот да чекам еден и пол час, од каде влегуваат и излегуваат луѓе, намерно да ме гледаат дека стојам тука повикан во ДБК. Ме викна инспекторот Кузман и уште еден од Скопје. Разговорот траеше пет-шест часа, можеби и подолго, на крајот јас го прекинав разговорот. Од тој разговор нема скоро ништо напишано во моето досие. Ги интересираше колку знам за шверц со цигарите, и за тоа каков е мојот однос кон Љубчо Георгиевски и кон ВМРО, но и кон Киро Глигоров. Целта беше да го видат моето расположение, бидејќи ете сум банкротирал. Сакаа да ме убедат дека Љубчо Георгиевски е виновен за мојот банкрот, дека вината е во тоа што сум го финансирал ВМРО. На крајот главниот инспектор од Скопје и тој од Куманово ми рекоа една недела да седам во Куманово, да не одам нигде, ќе ме викаат пак на разговор. Место за една недела, не се јавија со месеци. Се чудев зошто не ме викаат пак. Ме викнаа дури по три-четири месеци, и овојпат сакаа место за политика да разговараме на сосема друга, конкретна тема, за моите должнички побарувања од компанијата во Бугарија. Сега ДБК, која финансиски ме упропасти, ми нудеше да ми помогне да ги наплатам побарувањата од Бугарија. Државата треба да ме штити мене како македонски државјанин, но ДБК се заинтересира за овој случај на долг дури три години откако го пријавив. Тоа ми беше сомнително. Разбирам да реагираа бргу, но за судски спор стар три години, одеднаш ДБК да пројавува интерес, тоа не го прават од грижа за мене. Инспекторите ме подучуваа што да правам, да одам кај бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Димитров и да поднесам барање да ми се вратат парите."


Примерок од извесен документ на Дбк битен за тоа како се добивало псевдоним при нивна обработка.

Jordan-Petrovski-1.jpg Jordan-Petrovski-2.jpg Jordan-Petrovski-3.jpg Jordan-Petrovski-4.jpg


Интересни обраќања преку писма до државни органи и политичари поврзани со него што предизвикале реакции од повеќе фактори.


 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Неговиот пример (Јордан Петровски Црни и неговиот форум Котле) води кон логичниот заклучок дека сите бугараши се всушност удбаши. Службата ги подметнува тие ликови кои шират/ширеа бугарашка пропаганда и после ги идентификуваа кленовите кои се фаќаа на таа јадица.
Наводно држел кафана во Куманово пред неговото бегство во бугарската амбасада и оттаму некако средува да замине за Канада како политички прогонувано лице. Кафаната наводно му била озвучена, имало микрофон под секоја маса и сите разговори биле снимани.
Во времето на увертира кон шарената револуција и за време на истата, тој лик редовно испраќаше отворени писма до разни ЕУ политичари кои би можеле или веќе играле некоја надзорна улога во Македонија. Негови писма колку што се сеќавам добиваа и канадски политичари.
Омилен период од македонската историја нему изгледа му се деведесетите, и како што би можело да се заклучи од она што тој го постира на неговиот форум, има обимна архива на весникот/списанието Форум од тоа време. Чиј човек бил Лиобчо, како службата прогонувала македонски патриоти дури и за време на самостојна Македонија, Чокревски му беше доста несакана личност, ама од сите највеќе го мразеше Груевски. До степен на хистерија. Само можеби сопственикот на Фокус беше похистеричен од Јордана. Неговата хистерична омраза кон Груевски сосема случајно (нели) се совпадна со почетокот на медиумската хајка против Грујо низ македонските медиуми. Неговите писма до непознатите другарчиња претходеа на “бомбите“ што СДСМ ги објавуваше низ социјалните мрежи и во јавноста. Откако го сменија Грујо и Јордан ја смени песната. Како нов лик на тапет на неговиот форум се најде Заев.
По негово признание, за време 90-тите направил пари со изработка на ракотворби кои ги продавал во Украина. Наплатата станала проблем па се тргнал од тој бизнис и се чинал угостител/удбаш.
За него чаршијата во Куманово зборела дека должел пари на цело Куманово па негови доверители го бркале по градот и затоа се засолнил во бугарската амбасада коајшто претходно неколку пати ја имал посетено. Повторно, тоа се чаршиски муабети.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Аферите што ја прикажаа Анб онака како што работела.

Се зборуваше дека во случајот од 2018 година, кога агенти на Анб на чело со Владимир Сарафов учествувале во спасување на ерменски колега, влегле во конфликт со руска служба и покасно во 2021 од нив бил убиен Војче Пендаровски инаку брат на претседателот Стево Пендаровски и проблематичен агент, кој бил погребан во тајност и без соодветни анализи за причината на ненадејната смрт што му се случила во неговиот стан и со скриени информации и детали за медиумите и јавноста.

Исто така во 2019 година Анб агенти, шпиунирале во Грција за услуга на Албанија поточно за нивна служба.

Уште поитнересен е случајот од Германија во тој период каде комбе со високотехнолошка опрема 14 дена шпиунирало пред германската влада, а во комбето биле наши разузнувачи Германија реагирала до нашите штом дознала, инаку тогаш работеле за интереси на Мосад како што се ширеле гласини.

Случајот со протерување на руски дипломати од Македонија во 2021 година бил всушност случај на шпиунажа, некој од нив пред протерувањето 12 часа работел во Мнр каде имал влезна шифра во компјутерскиот систем а со тоа и пристап до доверливи податоци што којзнае каде завршиле.

Познатиот случај од 2021 година каде извесен бугарски активист Виктор Стојанов јавно објавувал податоци, за вработени во Анб остана без никакво реагирање од надлежните органи што значи во службата имаат нивни човек.

Актуелниот случај поврзан со Олександар Онишченко поточно издавање на македонско државјанство на украинец кој се смета за проруски олигарх, избеган од Украина во Русија при падот на власта во 2014 година, тек ќе има за откривање за што всушност се работело, а притисокот од фактори од големите сили доведоа и до промена на директорот на Анб како што од владата најавија.

При операцијата со прислушкувањето поточно со бомбите во 2015 што направија промена на власта, наводно мрежата која се користела на терен била турската соработничка мрежа, а шефови им биле италијанците од амбасадата главна била Федерика Могерини во сето тоа, иако битен факт е дека во скорешните снимани разговори од Зоран Милески Кичеец оној Влатко братот на Сашо Мијалков зборува дека и он бил прислушкуван од Сашо одредено време.

IMG_20210906_142829.jpg FB_IMG_1633213480272.jpg IMG_20220619_024216.jpg
Сликите се превземени од Буревесник и Твитер како што ми е пренесено.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Значи... можеш да си изнајмиш владина агенција за разузнавање, не мора да бидат приватни детективи па да ги ставиш под договор. Дури и како клиент се јавува влада на друга земја. :cenzura:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom