Тајната на добрата пица

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Еве ви еден поинаков тип на пица :)

Pizza мусака

Pizza мусака е многу слично на обичната pizza, со тоа што тестото врз кое ги ставаме намирниците е направено од компир.

Состојки:
~1.5kg компир
350ml млеко
2 варени јајца
100gr шунка или некое сувомеснато по ваш избор
100-150gr кашкавал или сирење
150gr печурки, свежи или маринирани, сеедно, јас лично повеќе ги сакам свежите
оригано
сол

Постапка
1. Одкога ќе го излупите, компирот исецкајте го на ситни коцкички а еден изрендајте во некој сад. Во изренданиот компир сипајте го млекото, ставете оригано и сол по вкус.
2. Плехот во кој ќе печете обложете го со хартија за печење и тоа убаво опфатете ги и рабовите, за после да си немате работа со рибање на плехот. Плехот благо подмачкајте го со зејтин. По целата површина распоредете ги коцкичките од компир и малку посолете, а потоа прелијте со мешавината од рендан компир и млеко за да се пополнат сите дупчиња кои останале меѓу парчињата компир. Плехот покријте го со алуминиумска фолија и ставете го во добро загреана рерна да се пече 20-25 минути.
3. Додека се пече кората, спремете ги намирниците. Исецкајте ги јајцата на тркалца, шунката и печурките на листови, кашкавалот на листови или рендано, сеедно. Сето ова поредете го врз кората од компир и ако сакате одозгора полијте и со кечап. Потоа вратете го плехот во рерна уште десетина минути, непокриен.

Добар апетит

H

HITCH

Гостин
Ова ми е денешниот ручек :smir:

Основно тесто 1кг брашно, 1 свеж квасец, 1 лажичка сол, малку шеќер, млака вода, 1 dl масло, кечап, кашкаал, печурки, шунка, јајце, кулен, маслинки, оригано (кој сака)

Припрема:

Тестото се меси, па се остава да покисне малку, кога ќе стаса се посипува со малку брашно одозгора и се премесува. Тестото се дели на 6 делови, кои внимателно се размесуваат со намаслени раце, формирајќи топчиња. Тестото го оставаме да отстои 30 мин. Потоа секое лепче го растегнуваме со раце и го ставаме на намаслена тепсија (со масло или маргарин, кој како сака) и формираме круг како тепсијата. Кога тестото ќе се растегне во облик на пица го боцнуваме со вилушка на неколку места и одозгора обавезно го премачкуваме со маргарин или путер (кој што ќе му дојде при рака). Врз тестото ставаме кечап, кашкавал, кулен, печурки, маслинки, правиме ролни од шунката и ја редиме за да ја поделат пицата на 4 дела и одозгора ставаме јајце (ако сака некој, ако не не мора). Се пече во претходно загреана на 225 степени околу 20 минути.
Значи ова се 6 помали пици, а може и да се направи една голема, ама мене вака ми е поубава пицата.

п.с. може и бело суво вино со пицава, ама кока кола иде повеќе :pos:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тесто:
500g брашно тип 500
10g квасец
2 ч.л. сол
½ ч.л. оригано
2 с.л. млеко
1 жолчка од јајце
2 с.л. маслиново масло
250ml вода
Сос:
лупени домати од конзерва
зачини: сол, црн пипер, босилек, темјан
Горен дел:

сирење моцарела
свежи печурки
шунка (или друг вид на месо по избор)

Приготвување на тестото за пица

Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, солта и ориганото. Додајте ги млекото, жолчката од јајце и маслиновото масло. Бавно додавајте ја водата, притоа постојано мешајќи. Месете го тестото сè додека не почне да се одделува од ѕидовите на садот и од рацете (5-7 минути). Потоа прекријте го садот со крпа и оставете го да отстои 2-3 часа на собна температура. За ова време, тестото ќе го удвои својот волумен.

Приготвување на сосот за пица

Не користете свежи домати или кечап. За приготвување на сосот, испасирајте лупени домати од конзерва и зачинете ги со сол, црн пипер, свеж босилек и темјан (по вкус). Наместо домати од конзерва, можете да користите домашен доматен сос.

„Редење“ на пицата

Премачкајте го дното и страните на плехот за печење со малку масло. Земете дел од тестото во форма на топка, и не се обидувајте да го сукате, туку ставете го директно во центарот на плехот. Со прстите нежно притискајте го тестото, полека растегнувајќи го од центарот кон страните на плехот.

Важно: треба да добиете тенка кора. Иако состојките се предвидени за 2 пици, во зависност од големината на вашиот плех, можеби ќе треба да употребите помалку тесто.
Основна почетничка грешка при правењето на пица е ставање на преголема количина состојки. Овде важи правилото „колку помалку – толку повеќе“, т.е. треба да користите помалку состојки. Во спротивно, тестото нема да може да се испече и ќе биде живо, а пицата ќе биде „течна“.
Премачкајте го тестото со сосот од домати. Слојот треба да биде проѕирен, како на сликата. Врз сосот распоредете парчиња од моцарелата. На крајот распоредете ги свежите печурки и производ од месо по избор (шунка, чаен колбас, кулен итн.).

Рерната треба да биде претходно загреана на максимална температура со вклучен горен и долен грејач. Ставете ја пицата да се пече. Времето на печење изнесува 5-10 минути. Ќе знаете дека пицата е готова кога тестото ќе добие златна боја.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Моментално нема слика не сум ја сликал изгледа многу ми се е јадело во тај момент па забравил сум :D
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398

Од сево воа мајка ми или сестрами само тестото ми го правеа ... !! оти ептен не знаев ни како се прај ни ништо ... !! ама вечер ќе се обидам да напрааам сам со се тесто .. !! :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
во минатите 10-15 години, испробав секакви рецепти за тесто за пица, со пиво, со маслиново масло со млеко со кисела вода со јајца, сусам..... додека не го открив вистинскиот начин:

1. Свеж квасец
2. 200 грама брашно
3. ептен малце масло
4. сол
4. 100 мл млака вода

ништо повеќе. Се добива крцкаво, шупликаво тесто
Тајната е во приготвувањето, се замешува квсецот, маслото солта и водата
Во таа смеса се додава малце по малце брашно, грешка е ако во брашно се става водата квасецот...
тестото стои сатипол и НЕ СЕ ПРЕМЕСУВА
после сат ипол се развлекува )најубаво само со раце а ако не можете тогаш со сукало

Над тестото јас ставам кечап, мале оригано, тенко тенко насецкана шунка, тенко сечени свежи шампињони (кој сака посолено - може да му стави и малце сол, одозгора) и најгоре рендан кашкавал.
Вака наредена пица оставам сат време да стоји додека релната не се загрее буквално до топење. Ова е затоа што во пицериите печките печат на 350 степени додека домашните релни грејат до 250.
за пица е најдобро да се имаат тенки метални плотни за печење, не плех пошто плехот бавно загрева, а ако немате плотни, земете најтенок плех свртете наопаку и така печете ја. на плотна (плех) со раце намачкајте масло поспете со крупна сол, над него пицата и печете во максимум заггрена релна 5 до 8 минути (кој сака реш печена)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
во минатите 10-15 години, испробав секакви рецепти за тесто за пица, со пиво, со маслиново масло со млеко со кисела вода со јајца, сусам..... додека не го открив вистинскиот начин:

1. Свеж квасец
2. 200 грама тесто
3. ептен малце масло
4. сол
4. 100 мл млака вода

ништо повеќе.
?
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Здравје викендов ќе пробам да ја направам (се надевам со моцарела од бивол) па ќе постирам слика тука. :)
-Сега за сега еве една пица со вргањ што ја јадев пред две недели, и иако е троа подебела и мнooогу поголема од традиционалната, сепак беше превкусна... затоа и ја земав по пола со другарот. :pos:

Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
а пица со помфрит? Многу многу е вкусно, ам незнам како постапуваш со помфритот????Додаваш додека се пече, или што, како???
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Да да, ќе направиш ти (дома) Италијанска пица, (и тоа во релна!) RIGHT :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom