Тајната Книга, новиот македонски филм, уште една „македонштина“...

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Сте го гледале,ајде да речеме најновиот македонски филм иако е сниман 2002-2003 година?
Искрено на почеток доста ми се допадна, имаше во него голема доза на мистерија и сл, но некаде на половината од филмот стана уште едно „македонско“ издание. Селата...пиперките...погреби...секс во колиба...и тоа...
Што мислите вие? Па и општо за македонската филмска сцена...
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Volkswagen напиша:
Сте го гледале,ајде да речеме најновиот македонски филм иако е сниман 2002-2003 година?
Искрено на почеток доста ми се допадна, имаше во него голема доза на мистерија и сл, но некаде на половината од филмот стана уште едно „македонско“ издание. Селата...пиперките...погреби...секс во колиба...и тоа...
Што мислите вие? Па и општо за македонската филмска сцена...
Тајната книга?

Лош филм, се разочарав, изгледа очекував многу повеќе. Едноставно режисерот воопшто не успева да ги води гледачите низ филмот, главниот лик воопшто не успеваш да го запознаеш низ филмот, не можеш да се идентифицираш никако со него што е многу лошо. Плус многу лоши сцени, на некои моменти наивни. Ми беше срам што го гледав :)

Би било многу подобро ако беше изведен како документарец,.
 

Morbidnio

ај лав вариорс
Член од
17 февруари 2007
Мислења
456
Поени од реакции
1
lol prvpat slusam za filmov ke se potrudam da go najdam
 
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
Само што го гледав филмот и искрено не ми остави негативен впечаток воопшто. Се разликува од сите Македонски филмови досега. Една главна поента се провлекува низ целиот филм која е лесно сфатлива без некоја скриена порака. Особено ми се допадна фотографијата на филмот. Убедливо најдобра досега од нашите филмови. Камерата го носеше целото дејство. Сцените се малку хаотични, испревртени, не ти оставаат простор за да ги сврзиш логично. Странските актери не ми оставија некој впечаток додека нашиве беа одлични. Лабина ја гледаме во едно ново светло, повесела, насмеана, сексипилна и повторно ги покажува градите :)
Музиката е доста важна алка во целото дејство, но за жал не е на некое врвно нивно. Сценографијата исто не е јака страна, доста провидна па дури на моменти глупава. Како и да е треба да му се даде шанса на филмов
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Одлична идеја и потенцијал за супер приказна, катастрофално лоша реализација.. како и повеќето нови македонски филмови. Мора да бидат "уметнички", квази-трилер/мистерија, ама на македонски начин, што и да значи тоа.. лошо, не го ни догледав, а се трудев.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom