Тајмер кој кажува за колку време ќе ја запознаете сродната душа

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Го гледав филмов (преубаво романтично филмче btw), и основната идеја во него е следнава: имате можност да купите гаџет кој ви одбројува се до точната секунда во која ќе ја запознаете вашата вистинска љубов.

Значи, на темава не се занимаваме со тривијални информации од типот што ако Петко нема сродна душа или што ако Петко има 15 сродни души.

Прашањето е, дали би го купиле тајмерот? Би сакале ли да го знаете тој податок? Што ако ви каже пример за 30 години. Што ќе правите во меѓувреме? Би пробале ли некоја сериозна врска, или не - кога веќе знаете дека нема иднина. Што ако пример имате 15 години, а тајмерот ви дава 7 дена? Како би постапиле во овој случај? Шо ако си у врска со некој, го купиш just for fun и почне да одбројува? Како ќе реагирате?

Јас, мислам дека би го купила тајмерот. Либето вели дека не би, способен бил самиот да одлучи која му е сродна душа, не му требало апаратче да му каже. Кој е вашиот одговор?
 
Последно уредено:

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А што ако е расипан тајмерот?

Да ме прашаше некој пред 5-6 години, би одговорила веднаш - Да, без размислување.
Од оваа перспектива - НЕ. Не сакам да знам која е мојата сродна душа, едноставно, убавината да ја најдеш сродната душа е да те удри онака како гром од ведро небо, да не знаеш, да не очекуваш. Ако знаеш кога ќе го запознаеш, некако ќе се изгуби магијата.
А да не го споменувам фактот дека тајмерот може да покаже дека ќе го запознаам за 103 години, што значи во наредниот живот, па малку ќе ми се скрши филмот. Колку и да верувам дека луѓето не припаѓаат на луѓе, сепак има моменти кога се надевам дека сепак постои некаде, некој... :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Шо ако си у врска со некој, го купиш just for fun и почне да одбројува? Како ќе реагирате?
Го додадов ова прашање во воведниот пост :)[DOUBLEPOST=1398199903][/DOUBLEPOST]
Од оваа перспектива - НЕ. Не сакам да знам која е мојата сродна душа, едноставно, убавината да ја најдеш сродната душа е да те удри онака како гром од ведро небо, да не знаеш, да не очекуваш. Ако знаеш кога ќе го запознаеш, некако ќе се изгуби магијата.
А што ако на пример еве утре ќе се разминеш со твојата сродна душа, ама нема да знаеш дека тој е уствари твојата сродна душа, и толку, веќе никогаш нема да се видите. А со тајмерот тоа нема да се случи.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Го додадов ова прашање во воведниот пост :)[DOUBLEPOST=1398199903][/DOUBLEPOST]

А што ако на пример еве утре ќе се разминеш со твојата сродна душа, ама нема да знаеш дека тој е уствари твојата сродна душа, и толку, веќе никогаш нема да се видите. А со тајмерот тоа нема да се случи.
Тогаш нека биде така.
Ако не треба да ја запознаам мојата сродна душа, нема да ја запознаам. Ништо страшно.
Ќе си бидам сродна душа на самата себе.

Можеби мојата сродна душа ја изел лав во Африка, ако веќе гледаме така. Може да покаже 0, што значи веќе сме се запознале, ама не ја бидуело работата очигледно. Може да покаже 368 години. Може се да покаже. Што и да покаже јас не сакам да знам. :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
А што ако е расипан тајмерот?
ДК,
вака сакав да коментирам, ама чекав опомена од Crazy in Love.Oh, the irony ...


Ако е расипан тајмерот шо бива?Рачно сметање?
Добра работа би било (кога би било), особено ако сам не те бива за пресметуане, нали.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ДК,
вака сакав да коментирам, ама чекав опомена од Crazy in Love.Oh, the irony ...


Ако е расипан тајмерот шо бива?Рачно сметање?
Добра работа би било (кога би било), особено ако сам не те бива за пресметуане, нали.
Со тоа што моето не е вицкасто прашање, туку баш сериозно.
Како ќе знаеме дека тајмерот не е расипан? Замисли ти покаже погрешно време, макар за милисекунда и ти мислиш запознаваш сродна душа и живееш со помислата дека си ја нашол истата, а во суштина сродната душа си ја испуштил за дел од секунда?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Плацебо ефект, ништа више - ништа мање.
Со самото тоа што ќе ти свирне геџетот дека таа е вистинската личност, самиот ќе си го утубиш у глава дека тоа е тоа и ќе ја силиш љубовта по секоја цена.

А мојата претстава за љубовта е се` нешто друго, а не со сила.
Значи, не. Никако.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Океј де, еве темава нека биде под претпоставка дека тајмерот не е расипан и не може да се расипе.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Океј де, еве темава нека биде под претпоставка дека тајмерот не е расипан и не може да се расипе.
И да не е... ете. Ѕвони на третата женска што сум ја запознал во животот. Каде е убавината во ups and downs, искуството, смислата на спонтаноста?
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Ја би да го имам од радозналост, коа ќе титне или ќе и се фрлам у прегратка или ќе бегам ако не ми се џасви сроднава душа.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Со тоа што моето не е вицкасто прашање, туку баш сериозно.
Како ќе знаеме дека тајмерот не е расипан? Замисли ти покаже погрешно време, макар за милисекунда и ти мислиш запознаваш сродна душа и живееш со помислата дека си ја нашол истата, а во суштина сродната душа си ја испуштил за дел од секунда?
Исто мислев сериозно, најсериозно.И многу реална опција.

Е ова...запознаваш и без помош од технологија ‘сродни души‘, ама на крај испаднало погрешен ‘тајминг‘.Ќе забегам на друга страна со темава, можда дека сме во свет каде сакаме се да ни е на готово, па ај и ова емоционални прашања.А било која работа во одреден момент многу е веројатно да би затаила - личност или техника.Па подобро да е наша (лична) погрешна процена отколку на некој си апарат, од кој секако очекуваме здраво за готово точност.
Значи, не за љубовните тајмери :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
И да не е... ете. Ѕвони на третата женска што сум ја запознал во животот. Каде е убавината во ups and downs, искуството, смислата на спонтаноста?
Ама никој тебе не те тера веднаш да идеш со таа на која ќе свирне. Бркај работа со други колку време сакаш. Финтата тука е во тоа што ќе знаеш дека сите тие се пропратни, од старт.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Океј де, еве темава нека биде под претпоставка дека тајмерот не е расипан и не може да се расипе.
Ама зошто, кога и тоа си повлекува интересна дискусија? :)
Замисли за милисекунди да се работи. Оооооп, двајца те поминуваат на улица, ама ете пошто било ова за милисекунда порано ти се запознаваш со едниот мислејќи дека тоа е љубовта на твојот живот, наместо другиот, кој ете случајно одел поспоро тој ден.
И тоа си повлекува муабет.

Зошто животот да се сведува на апаратчиња, кога и покрај фактот дека повеќето луѓе си ја промашуваат сродната душа, сепак има и такви кои и без тоа ја наоѓаат....
Ама никој тебе не те тера веднаш да идеш со таа на која ќе свирне. Бркај работа со други колку време сакаш. Финтата тука е во тоа што ќе знаеш дека сите тие се пропратни, од старт.
И?
Каде се тука грешките кои ти помагаат да станеш човек, каде е тука созревањето?
Ајде се запознавам, се фаќам со него и сите проблеми кои ќе ги имаме уз пут ќе исчезнат, зошто тајмерот така кажал?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom