Тајланд

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
На светов има многу убави плажи – секоја со некоја своја посебна карактеристика. Но според искуствата на многумина, сепак концентрација на најмногу уникатни и ’рајски‘ места има во Тајланд. Токму затоа и го направивме овој прилог...

Овде неможе да се каже дека постојат стандардни предели со песок, овде посетителите откриваат цели дини како од прав, а кристалните води на океанот се со врвна чистина. Со други зборови, може да се рече дека дури Робинсон Крусо би има позавидел на местава. Но да започнеме по ред, да ве запознаеме со нашиот избор, а вие потоа ќе одлучите која од овие убавици најмногу му одговара на вашиот стил и карактер, односно дали ги поседува сите квалитети кои што вие ги барате за идеално место за одмор.
Hat Phra Nang

Убавината на местово прво ве става во состојба на шок и неверување. Перфектен песок, природно исклесани карпи, пештери, вода со боја на смарагд на кои пловат шарени бродчиња. Овој агол на индискиот океан е многу повеќе од само удобно местенце, овде во сезоната едноставно врие од туристи.
Hat Khao Lak

На оваа налик бескрајно закосена златна плажа, окована со камења, се доживуваат најубавите зајдисонца и се поминуваат бескрајно мрзеливи денови, во кои освен уживање и нема што друго да правите.
Ko Tao

Доколку барате и не можете да се решите помеѓу ’парче‘ врел песок и место на кое комплетно ќе ги одморите мозочните ќелии во еден пријатен ’испоснички‘ агол, далеку од сите останати – тогаш оваа е перфектното место за вас кое ги нуди обете задоволства.
Ko Mak & Ko Kut

Ова претставува типична класика за Тајланд. Плажа која што остава впечаток дека е на крајот од светот, со кристално чисти води и првобитен и несменет песок, како да е од самото настанување на земјата.
Ko Ngai

Ако имате желба сами да си готвите, место полно со риби, па така треба само да ископате дупка во песокот за оган, и откако ќе завршите, да посипете кофа со вода (по која не треба да одите стотици метри). Е ова токму таков вид на плажа. Овде кулирате, а на хоризонтот единствено се гледа делот од копното наречен Krabi.
Ao Bang Thao, Phuket

8 километри на бел песок, каде што морето по традиција е најмирно во текот на шпиц сезоната, а потоа пак се претвора во рај за секој сурфер, каде што мирните бранови стануваат мааалку поголемки. На оваа плажа се наоѓа по нешто за секој...
Ko Pha – Ngan

Секој месец, на ноќите со полна месечина, аџиите им оддаваат почести на Боговите на забавувањето (опс, ур!!), во ритмовите на Trance музиката, и обоени во неонски бои. Местово веќе повеќе од 15 години важи за најпарти плажа на светот, која што привлекува илјадници, илјадници посетители од целиот свет.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Тајланд е држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на полуостровот Индокина. Главен град е Бангкок.
Тајланд - тропска земја со разновидни природни убавини, неповторливи културно историски споменици, топло море, преубави плажи, извонредна кујна, најатрактивен ноќен живот и забава. Повеќе децении важи за водечка светска туристичка сила.
Климата во Тајланд е жешка и влажна. Јануарската температура од 20 до 22 степена. Во Јули температурата изнесува од 29 до 31 степена.

Топ дестинации за посета во Тајланд:

-Бангкок
-Патаја
-Кох Самуи
-Краби
-Хуа Хин
-Пукет (моето омилено место)

Прегледај го приврзокот 39917
Az bih zalozhil na Koh Samui. Toa e ostrov so mnogo krasivo ore i priroda.
Puket e guzva nevidena.
 
A

Antigona

Гостин
Само што се вратив од Бангкок и искрено не ми остави ама баш никаков впечаток. Гужва во сообраќајот , некако се е натрупано во градот, не им е со стил , единствено добро е што е ефтино јадењето, ефтино е такси превозот , ефтини масажи и така.

Ништо посебно, изгледа јас премногу очекував , но доколку ви е дојдено до шопинг за малку пари можете да си изнакупете од се по нешто, што велат старите се а џабе:)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Само што се вратив од Бангкок и искрено не ми остави ама баш никаков впечаток. Гужва во сообраќајот , некако се е натрупано во градот, не им е со стил , единствено добро е што е ефтино јадењето, ефтино е такси превозот , ефтини масажи и така.

Ништо посебно, изгледа јас премногу очекував , но доколку ви е дојдено до шопинг за малку пари можете да си изнакупете од се по нешто, што велат старите се а џабе:)
Успеа да ги разгледаш храмовите и Кралската Палата? Мене ми остави тоа впечаток заедно со речниот маркет, но таму е премногу гужва и препорачливо е да се фати рано наутро пред да наездат туристите.
Добро сега претпоставувам дека си женско, инаку Бангкок е модерна Содома и Гомора затоа и е окарактеризиран како еден од највозбудливите градови.
 
F

FARANG

Гостин
Sawasdee kap :)

http://www.youtube.com/watch?v=c1RfHT20AFs

... you will forget about your hotel, bar, your business, your mobile phone :)

one night in bangkok and the tough guys crumble,
not much between despair and extacy.
One night in bangkok and the tough guys tumble,
can't be too careful with your company,
I can feel the devil walking next to me...

Bangkok a i tailand ne se sekoj. Ako znaes sto sakas sigurno ke go najdes vo bangkok. Retko koj grad moze toa da go ponudi. Samo znaj sto sakas i kade da prasas. Ima sto da se vidi i pravi 24 saati vo denot. Hrana ima fenomenalna, shoping isto taka. Ko i sekoj pogolem aziski grad si ima svoj prolemi ali jebi ga ko pogore u pesnata ova ne e london, paris, rio.....
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Само што се вратив од Бангкок и искрено не ми остави ама баш никаков впечаток. Гужва во сообраќајот , некако се е натрупано во градот, не им е со стил , единствено добро е што е ефтино јадењето, ефтино е такси превозот , ефтини масажи и така.

Ништо посебно, изгледа јас премногу очекував , но доколку ви е дојдено до шопинг за малку пари можете да си изнакупете од се по нешто, што велат старите се а џабе:)
Дај стави слики да видиме кај си била.
 
A

Antigona

Гостин
Успеа да ги разгледаш храмовите и Кралската Палата? Мене ми остави тоа впечаток заедно со речниот маркет, но таму е премногу гужва и препорачливо е да се фати рано наутро пред да наездат туристите.
Добро сега претпоставувам дека си женско, инаку Бангкок е модерна Содома и Гомора затоа и е окарактеризиран како еден од највозбудливите градови.
Не сум многу по храмовите, негативни ми се некако ( во смисла кога ке влезам осеќам некоја негативна енергија околу мене ), а Кралската палата ке ја посетам следен пат бидејќи сега шетав низ пренатрупаниот центар и трговските на шопинг.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
НЕВЕРОЈАТНАТА УБАВИНА НА AO PHANG NGA, НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ВО ТАЈЛАНД
Се до 1974 година островот бил полн со варовнички карпи, а местото било непознато за светот. Сето тоа се променило во 1974 година, кога бил сниман филмот за Џејмс Бонд, „Човекот со златен пиштол“, а светот за прв пат ги виде убавините на оваа област.
Провинцијата се наоѓа на западната страна од Малајскиот полуостров и во свои рамки има голем број острови кои привлекуваат со нивната прекрасна убавина. Националниот парк е основан во 1981 година за да се зачува целото наследство.
Меѓутоа утро на 26 декември 2004 година, беше кобно за Phang Nga кој беше уништен од страна на цунамито и над илјада луѓе ги загубија животите.

A

Antigona

Гостин
Оние кои што сакаат цвеќиња и необични растенија, сигурно ќе уживаат при посетата на неодоливата тропска градна во Тајланд, каде што можат да се видат неверојатно уредени површини со најразлични растенија.
На површина од повеќе од два квадратни километри се простираат уметничките композиции направени од најразлични растенија со потекло од сите краишта на светот. Плодната земја и благата клима овозможила одгледување на кактуси, ананаси и нежни гардении на едно исто место.

Зоолошката градина "Nong Nooch" е составен дел од овој ресорт, па така, дел од градината претставува и дом за папагали и слонови. Секој викенд во оваа позната туристичка дестинација се организираат најразлични манифестации и паради со слонови, кои воедно се и најголемата атракција на ова место.

Едноставно, станува збор за место кое е доказ дека човекот може да ја уредува природата без истата да ја уништи, односно дека убавината на природата и човечките вештини можат да се претворат во спектакуларна уметност.

Се е ова супер само „заборавиле“ да напишат дека градината е во Патаја. Ако не сте спремни да го доживеете Талјанд и по се она друго што е познат не би ви препорачал да идете натака. Има многу други добри места во Тајланд ако сакате природа посебно нагоре накај Chinag Mai и Golden Triangle кон границата со Бурма.
 
A

Antigona

Гостин
Јас утре заминувам за Бангкок на 2 дена па се надевам ќе имам време да посетам нешто оти одам исклучиво на шопинг, најефтино ми е таму :)
 
F

FARANG

Гостин
Јас утре заминувам за Бангкок на 2 дена па се надевам ќе имам време да посетам нешто оти одам исклучиво на шопинг, најефтино ми е таму :)
Добар провод. Кажи што те интересира да ти кажам каде да идеш... Каде си сместена?

Градината ти е на 2-3 саати од БКК зависи каде си и со такси се стига за окулу 2500 бат.
 
A

Antigona

Гостин
Добар провод. Кажи што те интересира да ти кажам каде да идеш... Каде си сместена?

Градината ти е на 2-3 саати од БКК зависи каде си и со такси се стига за окулу 2500 бат.

Во Amari Atrium Bangkok Hotel . Знам далеку ми е градината , а може ли да ми предложиш некое добро сафари или прошетка на слон :)
 
F

FARANG

Гостин
Во Amari Atrium Bangkok Hotel . Знам далеку ми е градината , а може ли да ми предложиш некое добро сафари или прошетка на слон :)
Посети го Samphar Elephant Ground. Најлесно е хотелот да ти го организира. Од кај што си ти окулу саат време е, обично самата золошка си испраќа кола да те земе и да те врати. Има слонови, крокодили, добра градина да јаваш слон.. Има и шоу би рекол најдобро во тајланд. Ако сакаш можеш да се сликаш и со тигар, мајмуни итн.. Се на се рачунај ќе утепаш пола ден таму ама вреди.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
пред две години бев на месец дена таму, по островите. сега цел ми е да соберам пари колку што се може и би да се преселам :)

инаку за пат, си купив уште во јануари карта за во август и ме кошташе 600 евра, повратна. за месец дена со смештај, гњурење, неколку острови, журки, паркови (тој горе што е на сликите), најстара дождовна шума на светот, милион екскурзии, за еден месец ме кошташе 1.500 евра. со агенција е секогаш дупло, а нема да видиш ни пола.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom