Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 43.223
- Поени од реакции
- 78.796
Јасно е дека амфибиска операција од тој калибар е далеку поголем залак од напад на рамница, како во Украина. Разлика со огромно влијание.Те префрлив овде.
Не сум сигурен дека Кина има доволно воена сила да го освои Тајван. Сепак се работи за остров, а префрлање огромен број на луѓе за освојување на така голем остров, бара не само сериозна логистика, туку и огромен број на летала и пловила кои може да истоваруваат војска, кои Кина се сомневам дека ги има.
Нормално, прво треба да направат SEAD, а Тајван го има едно од најдобрите Западни ПВО плус авијација, како најмодерните Ф-16ки, надоградени со последна опрема, се сметаат за 4+ генерација, способни за борба со секој авион. Тука е и противбродската одбрана што Кина ќе треба да ја помине следно, што исто е исклучително тешка работа, имајќи предвид дека исто така Тајван има едни од најмодерните против бродски системи. И на крај, кога би се истовариле ќе се соочат со илјадници противтенковски единици, огромен дел од нив опремени со системи налик Џавелин, вклучително и Џавелин.
Не велам дека е невозможно, меѓутоа Кина ќе плати висока цена доколку проба да го освои Тајван.
Секако, тука треба да се земи предвид фактот дека може да се вмешаат и САД активно во воени дејствија.
Но, тоа не ја намалува зголемената можност за тоа да се деси, во новиве услови и односи. Политички е можеби поверојатна таа ситуација. Инаку, теренските пропозиции на таа операција се исти, уште од времето кога САД се думаше дали да иде на Филипини, или на Тајван, во 1945-та.
Автоматски споено мислење:
Има огромен интерес да го освои Тајван.Јас мислам не. Различна е ситуацијата од војната во Украина, затоа што во Украина од почеток беше јасно дека западните земји нема да се ангажираат директно. Кина нема моќ да води војна со САД, и нема никаков интерес да го направи тоа.
Сега му е мајката, или малку подоцна.
Не мора тоа да биде воена операција, може да се случи преку взаемен договор (со САД) и по мирен пат. Зависи многу од тоа како ќе течат работите со Русија.