Не реков дека се нормални, но кај брадикардични пациенти во спиење тоа е нормално. А 117 сигурно се при некој физички напор. Треба да каже самиот, можеби тогаш вежбал и сл. А за консултации само со доктор не со боди билдери и фитнес тренериSent from my SM-A405FN using Tapatalk
... консултации САМО со доктор, ако овие симптоми се од патолошка природа, како последица од некое срцево заболување, морфолошка промена, кои треба да се утврдат и дијагностицираат ( ЕКГ, ЕХО кардио ),а не од претпоставка!
.... членот нема такви индикации на патологија (не се жали за некои проблеми) така да неговото вежбање „самоуко“ сигурно е причина за преоптовареност на телото, инаку познато е да атлетско тело секогаш дава низок пулс (се мисли на развиено мускулесто тело што се добива со активни тренинзи во скоро секој спорт) !
...максималниот пулс е најбрзо отчукување што може да си го дозволиме на срцето во минута го добиваме кога ја множиме возраст со 0,7, а потоа го одземаме од 207 ! (тука зборуваме за формула за нормални физичко активни луѓе, а не како наша популација заседена и неактивна)!
...разликата помеѓу срцевиот ритам при максимален напор и отчукувањата на срцето во мирување се нарекува "резерва на срцев ритам"кој секој го искористува како дополнителен интензитет на нашето срце тогаш кога ќе ни треба!
... измерен пулс пред станување од спиење во три различни дена собирани и поделено со три се добива просечниот пулс при мирување!
... според Америчката Кардио асоцијација активни атлети во мирување може да имаат пулс од 40-60 отчукувања (врвни атлети исклучоци 30 - 40 отчукување во минута), но кај него е претерано да се има 25 удари во минута во спиење- мирување!
... пак ќе речам, членот нешто прави како што не треба во тие бодибилдинг вежби (време за загревање,на замор, на одмор, на оптоварување и пауза меѓу нив) што верувај ниеден доктор појма нема ако самиот нема искуство или вежба во теретана, а професионален тренер и те како знае што грешки прави во напорните тренинзи, а членот се изјаснил дека е редовен во бодибилдин теретана ете му причина на консултација со профи бодибилдин тренер!