Тахикардија - забрзана работа на срцето

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Битно прекини со цигари, кафиња и алкохол некој период и глеј да спиеш повеќе и редовно, ќе ти го среди срцето за краток период.
Ниедно од овие не конзумирам, а првото никад не сум го ни пробал
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не е седатив туку анксиолитик/антиепилептик. И е еден од најдобрите (најупотребуван).
Поминал покрај еден од најдобрите...ама нема везе, да не се натегаме за глупости.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Тахикардија е симптом кој претставува покачување на бројот на чукања на срцето (срцева фреквенција) над физиолошките граници. Кај човекот физиолошка граница зависи од животното доба, а кај возрасните луѓе нормални граници се од 60-80 отчукувања во минута.

Тахикардија обично се јавува во стресни ситуации, кај зголемена физичка активност и сл.
Доколку е таа честа треба да се направат дополнителни испитувања и контроли кај кардиолог.

Дали некогаш сте мереле и знаете колку изнесува вашиот пулс во минута?
Дали сте имале до сега ваков проблем?
Дали сте биле во консултација со некој доктор?

Споделете ги вашите искуства на темава со цел подобра информираност на тие кои што имаат или имале вакви или слични проблеми.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Јас имам некои 52 откуцаи.....тоа лошо ли е? :eek:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Тоа значи дека ќе живееш минимум 120 години.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Дали некогаш сте мереле и знаете колку изнесува вашиот пулс во минута?
Дали сте имале до сега ваков проблем?
Дали сте биле во консултација со некој доктор?
До сега рекорд ми е 159 bpm
Атријална тахикардија (+ аритмија) имам сeкоја недела барем по два пати, најнезгодно е кога ќе ме фати некаде надвор или од мирно седење, гледање филм или тв.
Консултациите оддамна ми завршија, на редовна терапија сум Verapamil retard 240mg 1x1 или во краен случај 1 и 1/2 и Lexilium od 6mg 3x1.

Инаку

Тахикардија, може да биде од преткоморите, т.н атријална тахикардија (АТ), или од коморите, т.н. вентрикуларна тахикардија (ВТ). Како најчести форми на АТ се јавуваат: синусна тахикардија, преткоморна тахикардија, преткоморни екстрасистоли, пароксизмална преткоморна тахикардија (ПСВТ), атриовентрикуларна тахикардија и други форми. Пароксизмална суправентрикуларна тахикардија (ПСВТ) е најчеста аритмија кај луѓето од сите видови тахикардии. Се сретнува кај пет отсто од населението и е многу чест клинички, дијагностички и терапевтски проблем за лекарите по општа практика и за кардиолозите. Во последните години е постигнат голем прогрес во сознанијата за причините, механизмот на појава, формите, дијагностиката и за терапијата на тахикардијата. Причините за појава на оваа тахикардија се многубројни и до денеска не се целосно познати. Таа може многу често да се појави и кај луѓе што се со здраво срце, кај деца, возрасни и кај постари луѓе. Понекогаш се појавува по поголемо физичко оптоварување или по стресна состојба, кај лица што прекумерно консумираат алкохол и кај пушачи, но и без посебна причина. Нападот на тахикардија почнува нагло и нагло престанува, а обично трае неколку часови. Брзината на срцевата работа се движи од 140 до 240/мин, а обично 170 до 220/мин, при што срцевиот ритам е сосема регуларен или може да варира 1 до 2 удара во минута. Меѓутоа, пристапи на атријална тахикардија често се јавуваат и кај лица што имаат структурни промени на срцето, воспалителни промени на срцевиот мускул, коронарна артериска болест, кардиопатии и кај други болести. Може да се јави и како последица на токсично дејство на дигиталис и под дејство на други лекови. Во механизмот на појава на ПСВТ има повеќе фактори. Најчест механизам на ПСВТ е воспоставување скратен пат (кружен тек) на влез на импулсите, кои може да потекнуваат од прекубројни удари, т.н. екстрасистоли од преткоморите, кои во коморите поминуваат преку атриовентрикуларниот јазол, како и во комбинација со блокада на соседните спроводни патишта. Алтернативен механизам за појава на ПСВТ е абнормален автоматизам, а поретко и електрични импулси што иницираат брз ритам. Во создавањето на кружниот тек на брз ритам може да биде вклучен и главниот водител на срцевиот ритам, т.н синусниот јазол и преткоморите, со некои помошни патишта, кои се среќаваат кај 1/3 од пациентите што имаат ПСВТ. Секоја година во САД се раѓаат 2 до 3 живородени деца, на 1.000 новородени, со помошни патишта што се одвоени од нормалните патишта за спроведување на импулсите кои предизвикуваат тахикардија. Околу 90 отсто од болните што имаат пристапи на тахикардија имаат еден од гореопишаните механизми. Постојат повеќе форми на преткоморни тахикардии. Синоатријална тахикардија, која се јавува постепено и постепено се губи и прекинува, со брзина до 120/мин, а ретко се јавува кај деца; интраатријална тахикардија, која нагло се јавува и нагло престанува; АВ нодална тахикардија, која е предизвикана од постоење на два пата на движење на импулсите, брз и бавен пат, која често се појавува и кај деца. Пациенти што имаат пристап на АТ може да имаат појава на симптоми во вид на палпитации - срцебиење, вртоглавица, градна болка, отежнато дишење, општа премаленост, вознемиреност, но ако нападот трае подолго време, со часови или со денови, кај пациентите се појавува чувство на отежнато дишење, менување на температурата (покачување и снижување) глад за воздух, стегање во градите, а често се појавуваат и знаци на срцева слабост, кога е потребно итно запирање на тахикардијата со примена на антиартимични лекови или електротерапија.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Јас имам некои 52 откуцаи.....тоа лошо ли е? :eek:
според најнови истражувања, колку е помала фрекфенцијата на срцето тоа е поздраво (сега да не биде во некои ниски граници затоа што ќе предизвика зашеметеност, губење свести и сл)[DOUBLEPOST=1456421726][/DOUBLEPOST]

Ако не е тајна возраста да ми ја кажеш затоа што гледам ти препишале посериозна терапија?

Јас имам синус тахикардија, со 85-90 отчукувања во минута во мирување која може да од и до 120 при некоја возбуда или физички напор. Ми препорачаа да земам бета блокатор за регулирање на тахикардијата.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.288

Тоа не е тахикардија, до 100 отчукувања е нормално и при физички напор е исто нормално да имаш 120 откучувања.
 
Не е тајна 28 сум :), од 20 до 23 има претежок животен период, и нормално данокот стигна на врата, на 24 преживеав белодробна емоболија, истата година ми откажаа бубрезите поради труење со лекови (немав обид за самоубиство туку погрешна терапија) ме примија со калиум 9,1, на нефрологија ме ставија на дијализа и ме отпишаа од живите, но за некоја среќа преживеав, а бубрежната функција ми се врати во нормала веднаш по дијализата. Денес живеам со АТ + аритмија и терапијата што ти ја напишав погоре. Последно бев и на ехо на срце пред пола година, беше проширено од левата страна па сега повторно во април ќе идам на контрола.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Тоа не е тахикардија, до 100 отчукувања е нормално и при физички напор е исто нормално да имаш 120 откучувања.
значи не може да биде нормално да имаш 100 отчукувања во минута во мирна состојба (буквално додека лежиш и гледаш тв и си го слушаш како забрзано чука срцето)
додека кај некои нормална работа на срцето е од 70-75 а ти да имаш 20 повеќе отчукувања во минута не е баш нормално
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Имам редовно напади на тахикардија проследени со вртоглавица како симптом на ВПВ синдром. Отприлика еднаш месечно, но се случува и да немам напад со месеци. Најчесто се предизвикани од поголем физичка замор или пак ненадеен потег, може да ми се случи да се наведнам да си ги врзам врвките и да смени брзина. Обично траат минута-две, со веројатно над 120 отчукувања, не знам точно, никогаш не сум мерил. Обично прекинувам што и да правам и седнувам или легнувам и поминува за кратко.

Наодот ми уште од дете, но никогаш не сум примал терапија. „Ќе се чуваш повеќе и никогаш нема да бидеш спортист“, убаво си памтам што ми кажа докторката. Скоро бев на контрола, нема промени.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.288
значи не може да биде нормално да имаш 100 отчукувања во минута во мирна состојба (буквално додека лежиш и гледаш тв и си го слушаш како забрзано чука срцето)
додека кај некои нормална работа на срцето е од 70-75 а ти да имаш 20 повеќе отчукувања во минута не е баш нормално
Кај емоционален стрес, инфекција, може и до 120 у мирување да се искачи, но тоа не значи дека пробемот е во срцето.
 
Последно уредено:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Кај емоционален стрес, инфекција, може и до 120 у мирување да се искачи, но тоа не значи дека пробемот е во срцето.
значи муабетот беше зголемен пулс без притоа да има некоја очигледна причина во смисла на инфекција, замор, стрес, физички напор и сл.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom