Тасос е место на секогаш се враќаш. Ако одите за забава нема да ја најдете и повеќе е место за фамилијарен одмор. Цените мислам дека не се претерани и не спаѓа во скапи острови како Родос, Крит и Миконос.
Во 2014 бев и уште тогаш цените за сет лежалки и чадор беа 5-7 евра. Некаде добиваш пијачка и интернет, а некаде не. На оние поубавите како мермерната дупли цени, а на други се плаќаше и за влез. Туризам и мора да заработат. Ни во кафич нема да ве трпат со едно кафе или пиво цел ден.
Сега имам купено лежалки по 25 евра нив ги носам. И плус мал детски шатор. Секогаш има место и не плаќаш ни евро.
За храна и пиење има големи маркети со поволни цени.
Лидл нема на Тасос, ама има на пат од Солун до Тасос. Има Арванитидис. Вода купувавме цел пакет за 2 евра. Кафе стандард 2-3.5 евра. Голема пица 10-12 евра, мала пица за деца 2-3 евра, кокошка 10 евра
грчка салата 3-5 евра, сладолед 1.5-2 една топка, 1кг кутија 5 евра. За 20 евра има комплет ручек за двајца и две голем пива. Просек 7-10 евра за еден.