Тартуф

Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25
Дали го има во Македонија и каде?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Имам слушнато дека има во областа кај Мариово и Берово , тука кај нас цена за килограм е 800 евра во Италија стига до 1200+
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.961
Поени од реакции
3.673
Некој сака набрзина да се збогати?(y) Поскап е и од злато. Имаше некои странци кои дојдоа во нашиот крај (кавадаречко) и на овој дел од Кожув бараа најверојатно тартув иако не кажуваа точно што барат.... ама го бараа со кучиња кои ги донесоа со себе оти инаку немало начин да се пронајде. Незнам дали пронајдоа тартув овде ама знам дека некои наши муповци му ги намамиле и му ги украле кучињата па на црно преку планината ги шверцнале во Грција па после имаше некои бркотници....
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Има претежно во западниов дел на мк ,ама растат под земја и се ретки мож со свиња да се најдат ама треба да гледаш свињата да не ти го изеде
цена од 1000 до 2500 еур ако најдиш кажи ми јас ќе ти го купам
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Има претежно во западниов дел на мк ,ама растат под земја и се ретки мож со свиња да се најдат ама треба да гледаш свињата да не ти го изеде
цена од 1000 до 2500 еур ако најдиш кажи ми јас ќе ти го купам
2500 евра ? хаха што го направи бе ти :pos: ако ги земеш тиа пари у Македонија од кило тартуф ја дупло ке ти дадам :) кај нас нема тренирани кучиња и свињи за тартуф тоа само странци ако најдат , уште незнаеме ние Македонците со какво богатство располагаме не е само тартуфот :)
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
2500 евра ? хаха што го направи бе ти :pos: ако ги земеш тиа пари у Македонија од кило тартуф ја дупло ке ти дадам :) кај нас нема тренирани кучиња и свињи за тартуф тоа само странци ако најдат , уште незнаеме ние Македонците со какво богатство располагаме не е само тартуфот :)
Има друже има луѓе кои работат со тоа имаат и свињи и кучиња.цел живот тоа го работат некои милионери шо се вели станаа ,а 2500 еура грешка беше 1500 мислев :)
 
Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25
Има претежно во западниов дел на мк ,ама растат под земја и се ретки мож со свиња да се најдат ама треба да гледаш свињата да не ти го изеде
цена од 1000 до 2500 еур ако најдиш кажи ми јас ќе ти го купам
Каде поточно во западниот дел на Македонија? Имаш лично видено/најдено или од муабети? Најмногу што се збори е дека има тартуф во мариовско.

2500 евра ? хаха што го направи бе ти :pos: ако ги земеш тиа пари у Македонија од кило тартуф ја дупло ке ти дадам :) кај нас нема тренирани кучиња и свињи за тартуф тоа само странци ако најдат , уште незнаеме ние Македонците со какво богатство располагаме не е само тартуфот :)
Не 2500 евра ама за килограм тартуф можеш доста пари да земеш. Сигурно тартуф најден во Македонија неможе да има иста цена како тартуф од Италија или Франција каде што со традиција се "одлгедува".
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Каде поточно во западниот дел на Македонија? Имаш лично видено/најдено или од муабети? Најмногу што се збори е дека има тартуф во мариовско.
Мариовско да има ама не секаде има упатени во тоа и кој да прашаш не кажуват.
Имам лично продавано купувам од човек, продавам на фабрика во италија
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Во Мариово значи има Тартуф, ама нема човеци,
е сега откога ќе го прочитат ова можеби многумина што работат некаде за 150 е,во разни шивални и кафичи, ќе им
текни да се вратат таму и оп за едно кило „ископан“Тартуф
еве ти ја скоро годишната плата.
Ајде навали народе,Мариово ве чека,а и сега ви се нуди багатела покрив над главата во државни објекти.
 
Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25
Мариовско да има ама не секаде има упатени во тоа и кој да прашаш не кажуват.
Имам лично продавано купувам од човек, продавам на фабрика во италија
Јасно е тоа дека никој не кажува, никој несака конкуренција...ама еве јас како млад ентузијаст се обидувам да соберам некоја информација од тук таму. Во Македонија би требало да има тартуф но никој не збори јавно,апсолутно никаде неможеш да најдеш доверливи информации...работат на принципот "ќути си , дупи си". :)
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 23:04 ---
Во Мариово значи има Тартуф, ама нема човеци,
е сега откога ќе го прочитат ова можеби многумина што работат некаде за 150 е,во разни шивални и кафичи, ќе им
текни да се вратат таму и оп за едно кило „ископан“Тартуф
еве ти ја скоро годишната плата.
Ајде навали народе,Мариово ве чека,а и сега ви се нуди багатела покрив над главата во државни објекти.
Во пописот од 2002 година имало 839 жители во Мариово...жално
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 23:27 ---
Мариовско да има ама не секаде има упатени во тоа и кој да прашаш не кажуват.
Имам лично продавано купувам од човек, продавам на фабрика во италија
И уште едно прашање, каков тартуф има бел или црн?
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
ТАРТУФИ ИЛИ НОВА ШАНСА ЗА БРЗО ЗБОГАТУВАЊЕ


Во Македонија е регистриран црниот тартуф, што го има во Мариово, Стогово и Куманово. За лоцирањето на оваа ретка габа се користат дресирани кучиња, а едно од нив чини 5.000 евра. Еден килограм од оваа подземна печурка чини 1 000 евра
пишува: БРАНКА ДОНЕВСКА-НАЈДОСКА

фото: АНДРЕЈ ГИНОВСКИ
Есенва во земјава започнува потрагата по најскапите печурки во светот, гастрономскиот ексклузивитет - тартуфите. Тимот истражувачи го предводи проф. д-р Митко Караделев од Природно-математичкиот факултет во Скопје, а се вклучени и експерти од странство.

„Од Истра ни доаѓа стручњак, кој со себе носи куче специјално дресирано за пронаоѓање тартуфи“, вели Караделев, додавајќи дека Македонија ги има речиси истите климатски услови како и Истра, каде што трговијата за скапоцената печурка стана главен извор на приходи и токму затоа очекува и кај нас да има големи количества.

„Досега, официјално овде е регистрирана црната тартуфа, што е пронајдена случајно и тоа во Мариово, Стогово и во Куманово “, тврди нашиот соговорник. „Меѓутоа, нивното откопување не е организирано. Се шират различни приказни за, наводно, многу килограми ископани вакви печурки, но не верувам дека тоа е точно. Постојат над 200 вида подземни габи, но само тие од родот тартуфи се јадат, а луѓето не можат така лесно да ги препознаат. Освен тоа, воопшто, не е едноставно нивното пронаоѓање“.

Планот за истражувањето на тартуфите го понудил на надлежното Министерство, но тие го одбиле: проф. д-р Митко Караделев

ТЕХНИКИ За лоцирањето на тартуфите (чие расејување зависи од животните) се користат дресирани кучиња (најчесто лабрадори), а едно од нив чини 5.000 евра. Во Франција и во Шпанија тоа го прават и со помош на свињи (миризбата што ја шири печурката е слична на онаа од нивниот мажјак), но, како што вели, Караделев, проблемот со овие домашни животни е што ги јадат овие ретки печурки. Русите, пак, за своја „десна рака“ во овој бизнис имаат припитомени мечки. Караделев спомнува уште еден начин за детектирање и тоа со мушичката suillia palida, која несе јајца во тартуфите, но таа кај нас не е регистрирана, а и да ја има, премногу е ситна за да може да се следи. Овие печурки, кои на пазарот достигнуваат цена до 1.000 евра за килограм, растат поединечно или во групи, под почва, во микориза со млади корења на дрвенести растенија, во хумус на варовнички подлоги, под дрвја или грмушки, во листокапни и мешани шуми со бука, цреша, јасен, брест, како и даб, бор, лешник и смрека и на височина до 1.000 метри. Во последните години се зголемува интересот за нивно одгледување, но тоа се чува како голема комерцијална тајна. Оние, пак, што ќе се обидат во тоа мораат, покрај тешката работа, да чекаат од пет до петнаесет години, но на крајот од еден хектар можат да „соберат“ сто килограми тартуфи или 100.000 евра!

„Во игра се високи суми и доколку излезе дека македонската почва ’крие’ вакви плодови, државата ќе мора да ја контролира нивната експлоатација“, смета Караделев, кој потенцира дека неопходни се подзаконски акти за заштита на габите зашто, кај нас, „кој кога и каде сака кине и уништува. Многу е важно тартуфите да се собираат во вистинскиот временски период т.е. од летото до доцната есен и да се остават многу младите и презреаните“. Соговорникот на „Глобус“, кој е и раководител на Миколошката лабораторија, планот за истражувањето на тартуфите и другите габи го понудил на Министерството за заштита на животната средина, но тие му го одбиле, па сега целата работа ја финансира со помош на средствата добиени од други проекти. „Кога ќе се откријат наоѓалиштата, се' ќе биде лесно. Парите сами ќе дојдат“, тврди тој, уверен дека ќе му успее потрагата по „закопаното богатство“, како и на неговите колеги од соседните земји кои веќе го трасираа патот на трговијата со тартуфите.

Овие подземни плодови ги познавале уште старите Египќани, а ги спомнуваат и познатите староримски и грчки филозофи, писатели и владетели, како на пример Цицерон и Плутарх. Покрај врвните гастрономски квалитети, им припишуваат и афродизијачки својства. Според историчарите, наводно, кралот Луј 14 во седумдесеттите години од својот живот бил сексуално активен поради редовното консумирање тартуфи. Примероците што можевме да ги видиме во Миколошката лабораторија во Скопје не изгледаат воопшто импресивно: печурките се мали, грди и не мирисаат баш најпријатно (отприлика, на лук и старо сирење) меѓутоа, со векови тие заземаат почесно место на трпезата на секој што држи до својот углед. Готвачите не можат да се договорат дали тие се храна или зачин, ниту фармацевтите колку се афродизијак, но нивната цена секогаш е астрономска, а причината за тоа е нивната реткост.

„Нивното собирање зависи од умешноста, ама и од среќата“ , вели Караделев и појаснува дека тартуфите, пред се', се барани поради специфичната арома. „Покрај хранливата вредност, она што е највредно кај нив е мирисот, речиси идентичен на еден хормон што се наоѓа во потта на човекот. Токму заради тоа се верува дека е поттикнувач на сексуалната желба“. Можеби, пак, станува збор само за нивната цена, која, нели, „мириса на пари“, а парите се ненадминливо средство за какви било чувства, па и еротски. Иако во принцип се многу мали, пронајдени се и поголеми примероци од овие таинствени габи, а најголемиот бил ископан во 1954 година, што тежел 2,5 килограми и му е подарен на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер.

ПЛАНТАЖИ Инаку, двата најзначајни вида се белата (Tuber magnatum), кој постигнува и највисока пазарна цена, и црната тартуфа (Tuber melanosporum или Tuber aestivum). Французите и Италијанците се најголеми потрошувачи, ама и произведувачи на необичната печурка, а модерното производство го практикуваат триесетина години. Првите италијански плантажи се појавиле во 1970 година, а во Франција годишната продукција е околу 30 тони и тоа претежно од црната тартуфа. Во поново време со одгледување почнаа да се занимаваат и Шпанија, Австралија, Нов Зеланд и САД.

Според професорот Митко Караделев, тоа е затоа што природните ресурси се речиси исцрпени и токму затоа Македонија има голема шанса да направи добар бизнис на ова поле.

Патем, во поранешна Југославија селаните ги продавале тартуфите преку колективите со кои управувале државните шумски претпријатија. Самоиницијативниот „лов“ на необичните печурки и нивното шверцување било забрането и токму поради тоа, оваа активност во меѓувреме, изумре во речиси сите републики на поранешната заедничка држава. Во последно време, Србија сериозно ја реактивира оваа дејност, а во Истра, која своевремено изгледа не била толку дисциплинирана, денес се регистрирани над 3.000 берачи на тартуфи! Меѓутоа, се претпоставува дека ги има уште толку, бидејќи хрватскиот закон е флексибилен во врска со експлоатацијата на шумите во сопственост на државата, охрабрувајќи ги многумина да останат нерегистрирани. Впрочем, доколку се случи ваков бизнис-бум кај нас, на државата тоа ќе и' биде најголем проблем - како да наплати данок за нешто што се собира од шума!
Печурките во служба на медицината

Во соработка со професор од Медицинскиот факултет во Пекинг, во нашата Миколошка лабораторија е одгледана антиканцерогена габа. „Успеавме да култивираме македонска Ganoderma lucidum или ’реиши’ габа, наречена и дабова сјајница. Таа е позната во кинеската традиционална медицина и во следната фаза би требало да продуцираме антиканцерогени материи“, вели проф. д-р Караделев.

Лабораторијата е вклучена и во заеднички проект со Тетовскиот универзитет за процена на хранливата вредност на габите за јадење во државава, а работеше на проект со Клиниката за токсикологија за утврдување од кои печурки настануваат најголемиот број труења кај нас. Во нивните рамки е сместено и Македонското миколошко друштво, кое помага во собирањето материјал за базата на податоци, која има информации за 12.000 познати габи во Македонија. Од посебен интерес на Лабораторијата се истражувањата на специфични супстрати, како моликовите шуми или ендемичните ели.

„Настојувам во проектите да се вклучат млади луѓе, студенти и постдипломци. Идејата е да се создаде добар миколошки тим и мислам дека доаѓаат подобри времиња. Иако е мала територија, Македонија има три различни клими - медитеранска, континентална и високопланинска, што е поволно за развој на многу видови габи. Македонија може да се опише како елдорадо за габи“, потенцира Караделев.
Истарското чудо
Првата и единствената фабрика во Истра за конзервирање, пакување и продажба на тартуфи е „Зиганте“. Белата истарска тартуфа е најчеста во шумите на оваа територија, а нејзиното откритие и класификација се случило во 1929 година, кога една приватна фирма почнала со искористување на природните ресурси и продажба на печурките. По 1945 година тартуфите на пазарот стигнувале преку државните претпријатија, но не се водело грижа за нивна валоризација и промоција. Од 1990 година семејството Зиганте почнува да ги комерцијализира овие вредни подземни печурки и покрај свежи, ги пласира и конзервирани, црна и бела тартуфа, цели и мелени и измешан со други печурки или со маслинки, мед, путер и маслиново масло. „Зиганте“ е и најголемиот откупувач од „ловците“ на овие печурки, кои секој ден ги има се' повеќе во Истра.

Пред неколку месеци, шефот на кујната на ресторанот „Зиганте“, Дамир Модрушан, придружуван од својот претпоставен Џанкарло Зиганте, беше во Скопје и ги обучуваше угостителите од неколку познати македонски хотели, ресторани и пицерии како да приготвуваат јадења од тартуфи, кои кај нас, засега ги има во маркетите само конзервирани, а чинат од 600 до 1. 000 денари, во зависност од количеството.
Кулинарски ексклузивитет

Иако официјално се сметаат за храна, тартуфите се користат како зачин, во многу мали количества и најчесто, при подготовка на едноставните јадења. Некои ги јадат и свежи, но препорачливо е, сепак, тие да бидат термички обработени. Сите кујни ги користат, но омилени им се на Италијанците, во пиците, преливите за тестенините и тоа претходно испржени на путер и измешани со павлака. Французите ги јадат речиси во се', како и во салати, заедно со инчуни, печени пиперки, лук и масло. Добра замена за свежиот продукт е и маслото во кое биле потопени славните печурки. Постојат цели сајтови посветени на приготвување храна со тартуфи, а во нивна чест се отворени и музеи, изложби, саеми...

Гуглајчи налетав на инфо дека белите тартуфи достигнуваат цена до 8000 евра. На јутјуб има снимки од србија како ги наоѓаат со кучиња и ископуваат. Во коментарите на видеата имаше коментари со тел број дека откупуваат печурки од овој вид во секое време!

Поарно ова да бараш отколку злато ебаго!
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Дали го има во Македонија и каде?
Ееееее и јас еднаш го поставив прашањево дирекно на лице кој трага по тартуфи:) Штознам некако мнооооогу незгодна ситуација:ROFLMAO:Реален одговор би бил : Зини да ти кажам :pos:
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Во Македонија има тартуф. Во Прилепскиот дел од Мариово пред 3-4 години беше пронајден од страна на ловџии, а беше откопан од диви свињи. Имам чичко кој чуваше спасија диво прасе (мало) во пожар и го чуваше дома, проба со него да оди да бара, но згреши бидејќи го нарасна многу големо со што неможеше никој да го носи врзано за било што. Во Англија, Шкотска и во други земји низ светов имам гледано дека имаат тренирани кучиња за оваа работа. За цената овој тука во Прилеп мислам дека го продадоа над 1000 евра од кг (имаше мислам 800-850 грама). Кај нас беше пронајден мислам дека само црн тартуф, а поскап е белиот http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C3DDABD9F1E7854FBA0F4945E61BFAB7. Цената зависи и од големината на габата, колку поголем примерокот толку поскап (не е како другите печурки колку поголемо да е пониска класа ;))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom