Тарана или јуфки?

Што ви е повкусно?

  • Тарана

    Гласови: 30 20,0%
  • Јуфки (кори)

    Гласови: 110 73,3%
  • ни тоа ни тоа

    Гласови: 10 6,7%

  • Вкупно гласачи
    150

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.102
Поени од реакции
63
Епа? што повеќе јадете?

јас сум душман на тарана :)
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
6
Јуфки секако со огромно количество сирење и многу јогурт :vozbud:
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Обожавам јуфки со сирење... едно од најубавите јадења дефинитивно!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.930
Јуфки се кори така? Ако да, тогаш ги јадам.
А тарана не знам што е.:jaj:

едит: пишувало дека јуфки е кори..сега видов:tapp::pos2:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.630
Баш прееска јадев кори, мајка ми ги прави на друг начин ги потпечува во фурна малце и ги обожавам со сирење супер се.

А тарана ако е тоа што во Струмица го викаме трано не го јадам и не ми е вкусно.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.561
Поени од реакции
1.039
Јуфки се топ, ама тарана е бабинско и грозно јадење.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
175
И тарана и јуфки јадам, со сирење и кечап, во сабота за доручек кога е дома мајка ми. Јуфките ми се поубави, знам и од живите да си каснам :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Тарана не сум јадел 100 год и не ми е нешто посебно. Јуфки сакам и ги јадам онака чат пат.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ух моја тема...тешко ми е да се одлучам, тарана со запржено лепче и мноогу сирење.
Јуфки потпечени во релна со јако сирење и кашкавал :nesvest:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Пред една недела со моите правевме кори (јуфки), и многу се повкусни кога знаеш оти при правењето си помогнал :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom