Тапациран мебел

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
А да кажеш што конкретно те интересира, или најдобро за што и да те интересира да си отвориш на youtube, на англиски reupholstering ти е претапацирање, а имаш видеа и на српски ако не разбираш англиски.

Пред недела и пол претапацирав самиот кауч и го дотерав подобро од фабрично, исфрлив се што беше старо, остана само рамката од дрво, нови федери, нов сунѓер, ново платно, малку модифициран систем на склопување и имам потполно нов кауч за 3500 денари (тука не ти е вклучена мојата работа од 10часа, додека да го средам потполно), али секако ќе седев тие две вечери, а вака си го преправив :)
Следно планирам да преправам уште еден постар кревет, нов тапацир на столовите, и да направам лежај од сталажи, со што максимум 15000 денари ќе ме чинат сите работи, а од продавница за мебел толку чини еден кревет.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
А да отидеш во Треска-мебел (ако се уште работи) и да погледаш на лице место.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
14
Поени од реакции
20
Дечки, кај да најдам саглам тапацирска хефталица? И ја би да си играм по дома ;)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Дечки, кај да најдам саглам тапацирска хефталица? И ја би да си играм по дома ;)
Ако бараш само за домашни потреби, ќе ти бркаат работа и обичниве, јас ја зедов 500денари мојата, а во Скопје имаш на битпазар и по железарии, имаш понеквалитетни по 500 денари и поквалитетни по 1000денари.
Тие професионалните од видеата, не знам каде ги има, али за нив ти треба и компресор.
Доколку земеш и пробате да правите кревет, не ги хефтај федерите со хефталицата, бидејќи ќе ја оштетиш, така една зезнав на почетокот, федерите прицврстетеги со 3ки шајки, пола ја ковате шајката, пола ја виткате. Хефталицата само за платното да се захефта ќе ви служи.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
14
Поени од реакции
20
Големо благодарам друже Кеплер :) Ќе побарам на Битпазар, баш и ми треба за прицврстување нов материјал на трпезариската гарнитура и за некои мање амбициозни играрии по дома. Али свака част за твојот гејм ;)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Дечки, кај да најдам саглам тапацирска хефталица? И ја би да си играм по дома ;)
Кеплер ти спомена од пазар, само треба да се испроба при купување. Таква хефталица купена од пазар пред 15тина години помина цел дневен и трпезариски сет и уште е жива здрава. Битно е да одбереш добри јаки и остри хефт иглици затоа што колку и да е добра хефталицата, ако иглиците се лоши и меки, хефтањето ќе оди тешко, посебно што најчесто се врши врз оплеменета иверица и преку платно (често и сунѓер) па иглиците се битен фактор.
se okolu tapaciraniot mebel kako se izrabotuva
се крои платно за тапацирање (претходно е добро да се стави и тенок сунѓер затоа што мебелот добива подобар изглед) и се тапацира. Кроењето е најтешкиот дел па ако тапацираш стар мебел не е лошо да го скроиш материјалот од стариот кој ќе го извадиш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
На креветите ви е попрактично прво да го залепите сунѓерот врз подлогата, а потоа и да го подвиткате и зашиете со кројачка игла преку целата подлога (тоа е дефинитивно најтешкиот дел, јас немав профи игла свиткана и капнав со шило и со обична подебела игла додека да го поминам, исто и на делот од преклопувањето е тешко бидејќи треба и таму шиење за да легне добро сунѓерот)
Ако имате желба ќе го направите колку и да е тешко, а воопшто не е лесно да ви кажам пред да почните, ако не сте упорни лесно може да ви здосади и да откажете :)
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
колку земаат работна рака за претапацирање (зборам за неоштетен) аголна гарнитура? Јас би си купила штоф
 

Kajgana Shop

На врв Bottom