Талибанците убија преку 100 деца во Пакистан

Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.481
човештвото го допре дното, време е некој астероид да не избрише од планетава и да оставиме еволуцијата да донесе подобри времиња.
Или ние да ги збришеме племињава,бидејки остатокот од светот не убива 100 деца ради одмазда.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.952
Кај нас убиваат невини деца и излегуваат на протест со подршка и солидаризирање на убијците. Ние сме Пакистан next level. Имаат уште да учат од нас.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Човештвото? некако не ми иде таа дефинција со суштесвата кои стојат позади ова.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.382
Деца бе! Деца! Ало! Што срце ќе имаа луѓево? Колку треба да си опериран од емоции за да направиш оваков грозен чин? :place:[DOUBLEPOST=1418837738][/DOUBLEPOST]
Или ние да ги збришеме племињава,бидејки остатокот од светот не убива 100 деца ради одмазда.
Сигурен си?

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Дали @Io Sono Interista по самата бројка на коментари на темава... дали приметуваш колку сме сите, како луѓе, десензитирани на секакви грозоморни насилства. Дали тема со ваква вест пред десетина години ќе останеше вака неактивна, побогу Драга Кајгана (или било која од темите во играчницата) има повеќе реплики во меѓувреме од отварањето на темава... :cautious:

Дали почнуваш да разбираш колкава промена е направена кај луѓето, и тоа за релативно краток временски рок. Емпатијата полека се губи, сите гледаат само за себе... а со вакви вести не бомбардираат се почесто и почесто.
Се надевам дека сето ова во последнава деценија (и кусур) не го гледаш како збир од случајни природни настани.
Сега многу широка тема отвораш. Бројот на коментари на темава во однос на теми од играчница може да е показател и на друго работи, како одлив на поискусни членови и дискутанти, немање доволно кворум за посериозна дискусија. Многу деца и така тоа. Не мислам дека форумов со 300-400 активни членови може да биде реален показател на некоја генерална промена во однесувањето.

На страна од тоа, се согласувам дека човештвото и тоа како се промени последниве две децении, јас тоа не го гледам како збир од настани туку сметам дека тоа се должи пред се на информатичката технологија. Целосно е променет начинот на кој комуницираме меѓу себе, начинот на кој се информираме и количеството информации кои ги примаме секојдневно. Тука пак ако си од оние кои сакаат да тврдат дека социјалните мрежи се направени за контрола на човештвото, пак морам да речам не, социјалните мрежи се природна последица на развојот на технологијата, а секако дека моќни корпорации и држави ќе ги (зло)употребат за сопствен бенефит.

Во секој случај верувам дека човекот не е лишен од емпатија и чувства, во тоа ме убедуваат и сите оние илјадници твитови од вчера. Но за жал, човекот е способен и на чисто зло.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.314
Поени од реакции
29.781
Не гледам зошто тие рандом 300-400 активни членови на форумов, не би биле реален показател за степенот на емпатија и нивото на морални вредости, на овдешната популација.
Не е ваљда дека не-емаптичните (и неморални) луѓе сите се групираат на Кајгана форумот? :)
(иако секако има неколку дежурни психопати) ;)

Инаку за другото, не разбирам како самото доаѓањето на нов доминантен медиум, може активно да влијае на моралните вредности и степенот на емпатија на луѓето.
Секако дека целата работа е резултат на зголемена активност на социјалниот инжинеринг... преку сите достапни медиуми.



Некој сака да ги десензитира луѓето. Некој сака луѓето да немаат емпатија и да се што помалку образовани и што повеќе заглупени со секакви денгубни заглупувачки активности.

Конспирација, или некоја забегана теорија за конспирација м’хмм @Io Sono Interista?
Мислам дека одговорот на ова прашање е даден во самата констатација дека емпатијата и моралните вредности значително се намалуваат... кај целата денешна десензитирана човечка популација.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
300-400 души не се реален показател затоа што најголемиот дел припаѓаат на возрасна група помеѓу 15-25 години, не ги интересираат посерозни теми, не се замараат со што се случува низ светов. Повторно ќе ти кажам, оди на твитер на #Pashawar attack и ќе видиш илјадници и илјадници коментари полни со емпатија, од сите страни на светов.

И уште еднаш, не верувам дека „некој“ сака да ги десентизира луѓето, дека група луѓе со утринското кафе планира психолошки експерименти кои треба да им донесат некаква корист. Верувам дека светот е хаотичен, дека луѓето кои водат политика имаат низок капацитет и затоа срањата излегуваат од контрола. Верувам дека моќниците ќе направат се да искористат ситуација за свои потреби, дека ги контролираат медиумите и дека креираат инциденти и конфликти кога им се потребни, но не верувам дека работат на некаква промена на човештвото од психолошки аспект. Промените си доаѓаат природно како што напредува технологијата и се менува времето.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Иначе статистички овај период е можеби најмирниот во историјата.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
човештвото го допре дното, време е некој астероид да не избрише од планетава и да оставиме еволуцијата да донесе подобри времиња.
Кога Европјаните, Американците и светот надвор од Индија/Пакистан/Афганистан го болело убо за 100 загинати деца во некоја нивна дупка ?
Никогаш.

Кога од шпански грип умирале десетици милиони луѓе тие што не биле погодени од него мува не ги лазело,а се притресуваме на 3000 мртви од ебола во регион во кој што за 1 час го надоместуваат тој губиток.
Никогаш не те занима и не те потресува нешто што е толку далеку.

. Порано било очекувано татко ти дома и тебе и мајка ти и сите твои браќа и сестри да ве измлати од ќотек секоја вечер и ти тоа да го правиш на твоите деца и жена,а сега имаш по полиција и за вербално злоупотребување се тужакаат луѓе.

Итн итн.....можам вака до недоглед да одам и да набројувам примери за тоа колку човештвото го има допрено дното.



Никогаш човештвото не било помалку торелантно кон насилство како сега,а е подеднакво незаинтересирано за тоа што се случува некаде далеку кај некои луѓе со кои немаш ништо заедничко.
Преку такво ми е веќе од вакви просерувања сме допле дно и слични работи.[DOUBLEPOST=1419004863][/DOUBLEPOST]
Деца бе! Деца! Ало! Што срце ќе имаа луѓево? Колку треба да си опериран од емоции за да направиш оваков грозен чин? :place:[DOUBLEPOST=1418837738][/DOUBLEPOST]

Сигурен си?

Па не е дека баш овој убивал дечиња во школо. На страна мојот аватар кој што ме мрзи да го сменам и го ставив изнервиран од настаните пред судска летово не е некој тип на кој што би му се дивел.(треба да си посебна сорта на болесник да можеш 76 од било кои луѓе да ги утепаш),ама не е баш иста категорија со овие.
Психо е типот,ама неговите мети имаат многу поголем легитимитет него овие во Пакистан.[DOUBLEPOST=1419005206][/DOUBLEPOST]
Иначе статистички овај период е можеби најмирниот во историјата.
Убедливо најмирниот, со убедливо најголем животен век, најмала смртност на деца и млади луѓе, со најмалку болести, најмалку глад и најголем раст на популација. Последното најмногу кажува за тоа колку е мирен овој период.
Можеби е злобно,но премногу се имаме опуштено и по некоја војна или болест нема да дојде баш премногу лошо за планетава.
Порано растот на популацијата ради високиот наталитет во целиот свет бил под каква таква контрола поради војни, болести и глад,ама денес и во најголемите дупки најголемиот дел од родените доживуваат зрелост и веќе има премногу луѓе на плетава.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.314
Поени од реакции
29.781
И уште еднаш, не верувам дека „некој“ сака да ги десентизира луѓето, дека група луѓе со утринското кафе планира психолошки експерименти кои треба да им донесат некаква корист. Верувам дека светот е хаотичен, дека луѓето кои водат политика имаат низок капацитет и затоа срањата излегуваат од контрола. Верувам дека моќниците ќе направат се да искористат ситуација за свои потреби, дека ги контролираат медиумите и дека креираат инциденти и конфликти кога им се потребни, но не верувам дека работат на некаква промена на човештвото од психолошки аспект. Промените си доаѓаат природно како што напредува технологијата и се менува времето.
Moрам во последниов твој пост да ти потенцирам дека пренесуваш свои лични убедувања но тоа во што ти веруваш, не може автоматски да се заклучи дека е произлезено од критичко и аналитичко размислување.
Морам и уште еднаш да те прашам дали се запозна со поимот когнитивна дисонанца... (како што ти сугерирав пред неколку дена)

Аналитичко размислување не е тоа во што ние веруваме, или сакаме да веруваме. Пошто тоа веќе му доаѓа нешто како вера (или религија), а нели идејата е да се стремиме мислењата да носиме врз база на факти...
На темата со киднапирањето на заложници во Сиднеј веќе линкав на претстојните укинувања на личните права и слободи во Австралија. Истата проверана шема ја видовме и во САД, каде по неколку терористички напади (и подоста закани) се уведоа многу промени во законите. Со тие промени сега властите можат да киднапираат и убиваат луѓе без никакво судење, дури и без основан сомнеж. Дури не мора да станува збор за американски граѓани и или за амерканска територија. Таму во САД легализираа мачење како легален облик на „истрага„... итн, итн...
Треба ли уште да набројувам?
Верувај дека има за многу набројување, може книга да се напише. Но заклучокот е јасен, ако институцијализирано мачење не е знак за десензитирано и сурово општество... тогаш не знам што повеќе да ти кажам.

Затоа кога следен пат така лагано ќе се обидеш да си убедиш себеси дека сето тоа е далеку, дека е изолиран случај, дека не може да ти се случи на тебе, дека грозјето е кисело... сети се дали навистина е во твој интерес да играш како што ти свират тие на кои последна работа по важност, им е твојата добростојба.

Тоа на страна, ако ти сметам и ја правам полоша твојата когнитивна дисонанца, ќе те замолам да ми кажеш кога сакаш да престанам да ти реплицирам... а јас во меѓувреме ти стојам на располагање да се обидам да ти укажам на постоењето и на други агли за гледање на светот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Се фаќаш за терминологија. Замени го верувам/не верувам со мислам/не мислам и вози. Не можеш од терминот кој сум го употребил да заклучиш дека не сум анализирал, не сум погледнал од друг агол. Мислењето за некои работи во светов додуша не ми е доизградено, многу теми сеуште ми предизвикуваат дилеми и ме тераат на размислување.

Жал ми е што немам време за подолга дискусија но ќе продолжиме на оваа или некоја друга тема после Н.Г. Во моментов ме има на форум за нафрлување досетки.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.314
Поени од реакции
29.781
После првите две-три реченици, останатото во постот е фер. А кога сме кај досетки, не можам а да не го поставам ова:
;)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom