ТОEFL или IELTS ?? Совет ...

Член од
12 март 2011
Мислења
21
Поени од реакции
5
Вака, сакам да се запишам и да полагам еден од ови два курса, па сакам малку совет, кој е подобар, попочитуван во странство (мислам дека IELTS е побритански, за разлика од него TEFL кој е поамерикански), паи полесен :)
Исто би сакал да ми кажете и искуство, совет во однос на квалитетен професор, школа затоа што и тоа е битно

Фала...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Polesno se polaga TOEFL nego IETLS inaku vo princip ova treba samo tamu kade sto ti baraat poznavanje na angliski jazik pod uslov ako si slab so govorenje na jazikot.

Losa strana e so ovie sertifikati moraat da se prepolagaat ako im izmine rokot taka da zavisi od tvoeto poznavanje na jazikot


TOEFL se polaga na kompjuter i treba da doibesh poeni vo procenti nad 75 ili povekje za da pominesh
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Зависи за каде ти треба, знам дека секоја држава си бара посебен сертификат и мислам дека ИЕЛТС не истекува е TOELF истекува, но не сум сигурен.
 
M

macgowan

Гостин
Резултатите од двата `траат` две години од датата на полагање.
Јас имам полагано IELTS и сам се спремав па не можам да ти дадам совет за школа, но колку што знам секоја подобра школа за Англиски јазик дава часови.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.336
Поени од реакции
7.011
Резултатите од двата `траат` две години од датата на полагање.
Јас имам полагано IELTS и сам се спремав па не можам да ти дадам совет за школа, но колку што знам секоја подобра школа за Англиски јазик дава часови.
Јас разговарав со професор по англиски и вика дека IELTS не истекувал.
Има некои измени сеа или?
 
M

macgowan

Гостин
Јас разговарав со професор по англиски и вика дека IELTS не истекувал.
Има некои измени сеа или?
Истекува, две години рок на трајност, јанглаш е професорот. Двапати го имам полагано, верувај ми.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.814
Поени од реакции
4.270
И колку време трае?
Зависи која верзија ја полагаш, и зависи за која намена. Не се полага тестот од чиста мира, најчесто е за студии кои се на англиски јазик или за емиграција и работа во земја од англиско говорно подрачје. Секоја земја и институција истакнува колку време од полагањето ги признава резултатите, и колкава оцена треба да имаш за да можеш да се запишеш или да работиш таму.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Претежно ИЕЛТС го полагаат за познавање на англискиот јазик кога аплицираш за иселеничка виза (тоа е верзијата General).Имаш и верзија Академик која што претежно се полага ако сакаш да студираш во странство(постдипломски и сл.).Трае две години.ТОЕФЛ најчесто е насочено за образование.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.498
И јас имам слушнато дека траењето е две години од датата на полагање. Исто имам и чуено дека ИЕЛТС е попофален од оние кои веќе го полагале и заминале во странство:)
 

Флеш

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
7.146
Поени од реакции
6.188
И јас имам слушнато дека траењето е две години од датата на полагање. Исто имам и чуено дека ИЕЛТС е попофален од оние кои веќе го полагале и заминале во странство:)
Толку е ,2 години е ,без разлика на двата теста . Проблем е што мора да ги преполагаш повторно после 2 години .
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
679
Дали знае некој колку кошта овој ТОЕФЛ сертификат и каде може да се полага у СК?!
 
G

Gricko_

Гостин

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.814
Поени од реакции
4.270
Дали знае некој колку кошта овој ТОЕФЛ сертификат и каде може да се полага у СК?!
180 долари или 9000 денари. Јас ќе го полагам сега во сабота, во Скопје. За секој термин имаш барем 2-3 локации, а тестовите се одржуваат секоја сабота. Можеш да платиш со PayPall или ако се нафатат од школото/институцијата кај што ќе полагаш, некако преку нивни сметки/картички да платиш.
 
C

cige

Гостин
И јас имам слушнато дека траењето е две години од датата на полагање. Исто имам и чуено дека ИЕЛТС е попофален од оние кои веќе го полагале и заминале во странство:)
Ти да не си од на Ѓорги Колозов ерата па да се потпираш на чуено, има официјални податоци од каде треба да се базира детето
 

Kajgana Shop

На врв Bottom