ТОП 100 Најдобри филмови од декадата 2010-2019 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
72. PERFECT STRANGERS / PERFETTI SCONOSCIUTI (2016)
Paolo Genovese

72.jpg 72 Perfect Strangers.gif

Не можев да посакам поубав роденден: конечно се појави мојата прва десетка од филмовите за 2016, и тоа од нигде-никаде, односно филм за кој вчера немав ни слушнато. Perfetti sconosciuti (Perfect Strangers), италијанска драма во режија на Пауло Џеновезе. Филмот беше ежење од старт, до крај.

Имате тајни? Дали им ги кажувате на вашите блиски (сопруг, сопруга, мајка, брат, сестра, другар, швалерка...) или има нешто што го чувате само за себеси? По филмов, убеден сум дека постои нешто кое ги знае сите ваши тајни: вашиот телефон. Затоа, чувајте го како очите и на крај памет да не ви падне да играте некаква глупава игра слична како оваа од ова мало ремек дело.

A must see! ОДМА!

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Ремек дело. :cuc::cuc::cuc:

Уште да беше на англиски да немораше да го бркам преводот , зборуваат 300 на саат како улави. :ROFLMAO:
Фала за предлогот, одличен филм е Perfect Strangers
Одличен филм, сега го изгледав, многу брзо ми помина, не трепнав.
Тоа comedy нема врска со филмов, ако некој се кочи да го гледа заради тоа нека не му ја мисли, нема врска со комедија, повеќе е трилер.
Немам што да додадам, се е објаснето во цитатов.

Кај и да е може да се очекува американски римејк кој секако ќе биде феил.
И конечно го изгледав Perfect Strangers.
Филмиште, одма ме потсети на The Man From Earth!!:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
70. DRIVE (2011)
Nicolas Winding Refn

70.jpg 70 Drive.gif
Drive e одличен. Не знам како да го опишам моментално, ама ќе пробам. Атмосферата е ко во модерен филм на Кјубрик. Арт филм + филм noir + меланхолија + чуден(одличен) саундтрак и мадафака перформанс од Гослинг.
Прво, најверојатно дека ова не е римејк на The Driver (1978) но идејата јасно е преземена од споменатиот филм во кој Ryan O'Neal беше возачот за бегство од грабежи. Во многу изменета приказна, неговиот имењак Ryan Gosling е дечкото кој заработува како професионалец кој ја вози колата за бегство. За содржината не пишувам повеќе поради спојлери.

Мене ми остави добар впечаток начинот на кој е изведен филмот. Не е онаа класична Jason Statham бркотница со многу пцуење и пукање. Нема многу текст, Рајан е многу молчелив и повлечен тип, но очигледно со криминално минато. Не зборува многу, за него зборува тонот во позадината кој ја држи тензијата на едно ниво цело време. Има хемија помеѓу него и Irene (Carey Mulligan) иако и двајцата не зборуваат многу.

Она што ме изненади е нивото на прикажано насилство во вториот дел од филмот, без кое филмот ќе поминеше и како романтична крими/драма. Посебно ме шокираше сцената во лифтот која ќе ми остане во сеќавање од овој филм: тотална трансформација од една крајност во друга. Тоа е она што го разликува овој филм од повеќето пукај-бегај филмови. Можеби нема да ви се допадне, но ќе ве шокира.

Генерално имам добро мислење за филмот, реков, премногу насилство, но снимен на еден нестандарден, можеби малку и старомоден начин. Добро е да има филмови кои ќе се издвојуваат од мнозинството по стилот во кој се направени, без разлика како ќе бидат прифатени.

Збор-два уште за Рајан Гослинг: го имам гледано во повеќе филмови, мислам дека е голем талент и професионалец. Второто затоа што читав порано како земал шатор и отишол во природа неколку месеци само за да се подготви за улога која треба да ја игра. Такви ризици не презема секој. Како и да е, во филмот немаше многу текст за него па ни можност за некоја врвна глума, но добро го отслика мирниот, мистериозен возач, и двете страни во него.

8/10
Значи како може да мразиш филм со ваква музика од 80 ти
Плус Рајан Гослинг повторно ги потврди моите претпоставки дека е створен за улоги од типот на the strong silent type of a guy што би рекол Тони Сопрано (жениве особено се по такви). Се на се филм со невообичаена атмосфера највеќе поради музиката и смиреното смешкање на Рајан Гослинг во ситуации каде треба да се препотува или да зборува повеќе, имав добар осеќај како што почна филмов дека ќе гледам ремек дело, но не беше баш така. Во суштина беше малку досаден иако чуден, што е позитивно. Генерално ова е филм за еден дечко кој не зборува баш многу, не покажува емоции (што не значи дека ги нема), но дефинитивно знае што сака и има муда да го покаже тоа преку своите дела на многу убедлив начин. Моја оцена 7,5. Најдобра сцена
Drive е најдобар филм на Гослинг.

.

точка
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
69. THE LITTLE PRINCE / LE PETIT PRINCE (2015)
Mark Osborne

69.jpg 69 The Little Prince.gif
The Little Prince ми се допадна многу повеќе од Inside Out, но и двата се одлични. Кај принцот имаше поубав storytelling и беше многу поемотивен. Исто така повеќе се врзав со главните ликови во TLP, но и споредните беа доволно уникатни и интересни.
The little prince поштено си развали и ми е подобар од Inside out. (y)
со еден збор магичен
За некој како мене кој стигнал до шеширот/боата што јаде слон на книгата и ја фрлил, успеа да ме натера солза да пуштам
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
68. THE WITCH / THE VVITCH: A NEW ENGLAND FOLKTALE (2015)
Robert Eggers

68.jpg 68 THE WITCH.gif
Само што го изгледав The Witch. Многу јак билдап до пред да експлодира филмот на крај. Одлична кинематографија и музика што прават апсорбирачка атмосфера. Уникатно парче.
Tocno, ako go ocenuvas kako film. Kinematografija niz pokriv. Muzika posleden pat u Under the Skin slusnav takva naezuvacka.
Build up izvan ovog sveta. Se na se prejaka atmosfera.
Прво и сигурно е дека филмот ќе ги разочара фановите на оние типични хорори, посебно ако очекуваат дека во филмот ќе се појавуваат некои језиви и гадни суштества кои ќе ги приклештат на место од страв-такво нешто во филмов нема. Ама, од друга страна ќе ги израдува луѓето како мене, љубители на мрачна, напната и језива атмосфера.

Дејствието е во Нова Англија, 1630 година и во време кога се верувало во црни магии и натприродни суштества. Едно семјство со пет деца, кое е преотерано од претходното живеалиште, решава да живее самостојно и одделено на работ на една шума. После мистериозното исчезнување на бебето, почнуваат да им се случуваат низа чудни и необјасниви работи и во семејството во кое некогаш владееле слога и хармонија, сега се вселуваат стравот, сомнежот, немирот и паранојата.

Одличен е, пак ќе кажам за оние што не очекуваат дека после него ќе им биде страв да одат до вц, актерите се совршено погодени, како и се друго во филмов, од мене огромна препорака. 8/10
The Witch доста фино филмче. Костимографија, атмосфера, глума се беше фино спакувано.
Ја вчера го гледав „The Witch“. Ларс вон Триер гомна да јаде со Антихрист, филмов ме исфрика на неколку наврати. 8/10 :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
67. PREDESTINATION (2014)
Michael Spierig, Peter Spierig

67.jpg 67 Predestination.gif
Не е лесен филм за гледање, на просечен филмогледач ќе му треба неколку пати да го гледа за да го разбере, мене доволно ми беше еднаш :icon_lol:. Во него е искажан нов агол за патување низ времето и парадоксот на прашањето што е постаро јајцето или кокошката, одоворот е петелот секогаш и бил. Почнува и завршува со петелот, јајцето и кокошката се тука само за да надополнат приказна односно збунат :icon_lol:.
Predestination
Немаше некоја посебна приказна и поента филмов, интересен беше концептот за патување низ времето за спречување на некои настани. Добра глума (y)
Во секој случај доста мајнд фак филм, кога заврши останав ваква :eek:
Predestination so Ethan Hawke...za site so sakat psiholoski mind-blowing filmovi :)
Predestination e ок, само очекував потежок мајндфак, бар така кажаа неколку души што го гледаа, да не делувам како коментарите за Интерстелар дека било предвидливо, али па предвидливо делуваше, треба само да се обрне внимание на некои деталчиња, за да се претпостави.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
66. DUNKIRK (2017)
Christopher Nolan

66.jpg 66 Dunkirk.gif
„Dunkirk" гази. Се надминал Ноланчо.
Ханс Зимер се надминал себеси, страшна атмосфера има филмот со неговата музика.
Не-толку-класична воена драма. Јас неам многу воени драми гледано, а неам ни многу љубов за нив. Ама имам изгледано доволно за да знам што е клише, а што новитет во жанрот. Нолан тука ги има земено техничките елементи што една воена драма ја прават класична и ги има имплементирано во една поинаква форма на нарација. Комплексниот триплет на тајмлајни и идејата да се промовира кукавичлукот и инстинктот за преживување на сметка на херојството и пожртвуваноста (кои што сме навикнати да ги гледаме во овој тип на филмови) е едно навистина освежувачко искуство кога се работи за волку исклиширан и строго дефиниран жанр.
Очекувам ова да биде Оскаровецот на Нолан, не само што филмот е квалитетно изработен и доминира од визуелно-аудитивните аспекти па до режија и сценарио, туку и фактот што Академијата чека шанса да му се раздолжи на Нолан за пропустот со Интерстелар придонесува кон тоа Dunkirk да ја земе статуетката годинава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
65. HARRY POTTER AND THE DEATHLY HALLOWS: PART 1 (2010)
David Yates

65.jpg 65 Deathly Hallows 1.gif
За содржината на филмов нема многу да говорам, бидејќи ни јас не ја знам баш добро, со оглед на тоа што ги имам гледано само првиот и вториот дел, а овој е првото продолжение од седмиот (чинам и претпоследен) дел. Ќе откријам само дека на Хари Потер сакаат да му го украдат магичното стапче, бидејќи неговото во комбинација со друго магично стапче имаат голема моќ. :icon_bigg
Филмот трае 2 часа и е возбудлив на моменти. Почнува мошне добро и занимливо, и уште од самиот почеток се внесуваш во филмот. Делови од заплетот ми беа премногу заплеткани оти ми фалеа предзнаења од претходните делови, но 80% ја разбрав содржината.
Фановите ќе бидат задоволни, а тие што не се фанови како мене нема да останат разочарани. Филмот располага со квалитетни ефекти и те држи буден.
Оцената на IMDB му е 8.0 и според мене е заслужна.
Jас бев денес на премиерата од 16. Супер беше филмот, одваj чекам да го прикажат и вториот дел :) ќе биде интересно...
Добар е филмов, да не беа 2-3 сцени со клише дијалози и малку подолги сцени од потребното, би рекол дека ќе беше најдобриот дел досега сниман. Плус - акцијата во филмов е предобра.
Последниов дел според мене беше можда и најдобриот, визуелно сигурно беше најдобриот, ефектите беа парче особено на почетокот. Инаку ни јас не бев фан на Хари Потер се до пред една недела кога ги изгледав сите делови и можам да кажам дека ми остави подобар впечаток него ли ЛОТР. Едино интересен ми беше Хари Потер кој некако делуваше најситен а у исто време беше главниот фраер у филмов.
, обично ни јас не сакам многу клишеа но во овој случај би направил исклучок, само поради тоа што Рон Визли ко лик ми идеше на нерви цело време низ серијалов. Можда боље опција ќе беше со тој бугаринот Крум што се појавуваше во The Goblet of Fire али јбг тоа е. Инаку Ема Вотсон е брате стварно нешто посебно
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
64. CAPTAIN PHILLIPS (2013)
Paul Greengrass

64.jpg 64 Captain Phillips.gif
Captain Phillips е сосема ок филм. Сосема добра глума, добар саундтрак и сосема добра режија. 3+ номинации за Оскар ќе лапне сигурно. Можеби Хенкс ќе и се придружи на Сандра со Оскарот :D
Би го споредил со Zero Dark Thirty.Ако некој не го сакал филмот нека не очекува многу од овој. Се на се од Оскарскава сезона на 4то место го ставам ама пак е подобар од дел од филмовите номинирани лани (веќе почнав да се повторувам од што се добри филмовиве)
Ама се надевам дека ќе прекинат да прават филмови за настани од последниве години стварно одзема дел од возбудливоста кога знаеш што горе доле треба да се случи. И аман веќе од "Мерика фак јеа" филмчиња.
Некако до 8ца ќе го отерам пошто има многу повозбудливи моменти од Zero Dark Thirty а тој ми беше на пола пат кон 8ца и пола пат кон 7ца.
Исто не ќе беше лошо на крај да ставеа некои слики од вистинскиот настан или некое интервју со капетанот.
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 22:17 ---
да дополнам: X-Men :vozbud::vozbud::vozbud: (не го гледав трејлерот а нема ни да го гледам пошто сакам тотално на слепо да го гледам филмот али пак сум :vozbud: )

И главниот пират во Captain Phillips :cuc: Човекот не е ни актер а беше за бел бумбар :P
Обично филмовите базирани на вистинска приказна или се :гомце: или masterpiece. Во овој случај е второто.

Се работи за пиратските напади близу брегот на Сомалија во 2009 година и потезите на Капетан на трговски брод, кој на секој можен начин пробува да го најде најдоброто решение за него и неговиот екипаж. На почеток делува дека можеби Капетанот е малку параноичен и не се сложува најдобро со неговиот екипаж, кој во поголем дел е нов, но, неговите стравови стануваат реалност кога пирати неколку пати го напаѓаат бродот.

Том Хенкс во главна улога како Капетан Филипс. Иако е базирано на вистинска приказна, пак ти треба добро сценаријо, што во случајов е одлично. Бонус, Сомалијците зборуваат Сомалиски :D

Ретко давам 10/10 за филм али во овој случај морам. Филмот не остава да здивнеш од почеток до крај, и со право е голем конкурент на Оскарите. Том Хенкс - само последните 15-20 минути од филмот се доволни за да ги збрише сите останати во конкуренција за најдобра машка улога, а камо ли пак цел филм. Лесно, една од неговите најдобри улоги. Дефинитивно мора да се гледа !!!
Само што го изгледав Captain Phillips. Солидно остварување, доста тензија од почеток до крај на филмот и одлична глума на Том Хенкс и новото „дете“ Баркад Абди. Од дваесетте филма кои ги спомнав во почетното мислење од темава, овој ми е четврт, по Blue Jasmine, Gravity и Prisoners. Можеби сум се уште под импресии, но засега моите симпатии се наклонети кон Captain Phillips. Сепак, мислам дека вистинската битка ќе се води меѓу 12 Years A Slave и Gravity. И добро бе, што прават со скринерите годинава? :mad: Американчишта скржави - дај смилувајте се и на нас, пиратите! :P
За мене доволен е фактот дека Том Хенкс ја има главната улога за да го гледам филмот. Станува збор за филм направен според историски настан на заложничка криза. Во 2009 година Американски товарен брод под раководство на Ричард Филипс (Хенкс) паѓа во рацете на сомалиски пирати додека минува низ водите на Индискиот океан. Гневот и непромисленоста на пиратите, стравот на екипажот, трезвеноста на капетанот и постојаното очекување на спасот го прави филмот динамичен со непредвидлив момент кога кризата ќе заврши и исходот од неа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
63. NEVER LET ME GO (2010)
Mark Romanek

И ај да ја отвориме новава сезона :)

Од кај да почнам само... прв филм кој го гледав во новава година е Never Let Me Go, британска драма со Keira Knightley, Carey Mulligan и Andrew Garfield. Добра актерска екипа што секако е предуслов за добра драма базирана на карактери. За да не ве збуни она Sci-Fi во насловот, нема ништо натприродно, туку филмот започнува со едно замислено минато во 60-тите во кое човештвото пронашло лек за болестите како ракот и сидата, но сето тоа е поврзано со децата кои растат во посебни училишта во Англија. Во едно такво училиште заедно со останатите деца растат и Томи, Рут и Кети. Овие деца живеат во солидни услови кои им ги овозможува училиштето, но не знаат зошто се тука и што ги чека кога ќе го завршат школувањето.

Понатаму нема да откривам за да не пишувам спојлери. Можам да кажам дека ова е исклучително бавен филм, па оттука е погоден само за оние кои сакаат драми. Се работи за тажен филм, сурова реалност која перфектно се вклопува во тмурното англиско време во кое протекува целиот филм. Иако сум љубител на британските филмови, и иако често го критикуваме Холивуд, мислам дека за овој тип на филм, или поточно од оваа приказна, Холивуд ќе направеше подобар филм. Кој потоа ќе го покакаше со безвезен крај.

Во секој случај, 7.5/10, колку што има и на IMDB. Aко сакате драми, погледнете го филмов.
Never Let Me Go е британска дистописка драма сместена во алтернативна реалност, адаптација на истоимениот роман на Казуо Ишигуро. Тука не би дискутирал за романот: неговата оригинална, иновативна, инспиративна и потресна но истовремено иронична приказна недвосмислено е окарактеризирана како една од најдобрите книжевни остварувања во дваесет и првиот век. Она што навистина позитивно изненадува е подеднакво добрата филмска адаптација, нешто кое, мора да се признае, е реткост денес. Велат, подобро е да ја имаш прочитано книгата пред да го погледнеш филмот. И можеби во голема мера во право се за овој филм - се е некако збиено во една магловито-заносна атмосфера што ти се чини дека ако трепнеш, ќе испуштиш нешто премногу значајно од приказната. Можеби затоа ова е еден од оние филмови кои не ти даваат ни за миг да го свртиш погледот од екранот. Гарланд завршил одлична работа пишувајќи го сценариото, успевајќи да ги кондензира важните моменти од романот во прекрасно извајана целина. Неговата лирска визуелна убавина не може да ве остави рамнодушни. Музиката како да не можела да биде посреќно избрана, и само ја надополнува потресната приказна, приказна која крши срца. Актерската игра е можеби најдобра во последниве неколку години во било која европска или американска продукција. Carey Mulligan со својот тажен поглед не може подобро да ве пренесе во меланхоличната природа на нејзиниот лик - Кејти, Andrew Garfield по солидниот перформанс во The Social Network истата година, само остава впечаток на зрел актер, иако не би можело да се каже истото според квантитетот на остварените актерски ролји, и невозможно е некој да остане рамнодушен на потресните сцени во кои главен збор има тој. За Keira Knightley само може да се потврди дека полека но сигурно израснува во неверојатна актерка.Еден од моите критериуми за добар филм е овој: ако остане со мене откако ќе ја напуштам кино салата или ќе се оддалечам од екранот на компјутерот, наместо да испари некаде во воздухот како чад, дефинитивно станува збор за добар филм. Never Let Me Go никогаш не ме остави, никогаш не испари од мене. А приказната, своевидната критика за дехуманизираното општество во кое живееме и самиот процес на негова дехуманизација, како и крајот на ова ремек дело по кој сфаќаме дека иако фикционални, овие ликови се нешто повеќе од лабораториски стаорци, не доведуваат само до еден заклучок - сите ние делиме една слична судбина - животот е краток, секоја загуба во него боли. Затоа, живеј го секој ден како да е последен! Или, што би рекол мојот омилен цртан херој, Harvie Crumpet - LIFE IS LIKE A CIGARETTE, SMOKE IT TO THE BUTT!!!
Моја оценка: 10/10 (нормално, ова е број 1 филмот во мојот живот и првиот филм за кој не се срамам да признаам дека плачев гледајќи го). Ги очекувам вашите коментари!
Филмов го имав ставено у watchlist бог знае од кога и цело време одложував со гледање, мислев дека е само некоја просечна драма ама се излажав. Филмов е ежење, многу ќе се сочувствувате со ликовите и ќе се запрашете што би правеле вие на нивно место. Го имав гледано трејлерот одамна и интересно е што всушност не откриваат многу од приказната и од тоа што е суштината на филмот. Многу сакам вакви филмови кои ќе ме изненадат.
Приказната се однесува околу животот на Кети(Carey Mulligan), Томи (Andrew Garfield) и Рут(Keira Knightly) сите израснати во еден вид на сиропиталиште со многу малку знаење за надворешниот свет, кои ќе се најдат во еден интересен љубовен триаголник. Филмов имаше многу добра поента за времето, и како не треба да го земаме здраво за готово. Исто така има одлична глума, ме изненади Carey Mulligan (y)
Нејќам многу да издавам од приказната, нека ве изненади како што мене ме изненади. :)
И многу се заљубив у песнава:ljubove:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
62. BOYHOOD (2014)
Richard Linklater

62.jpg 62 Boyhood.gif
Инаку го изгледав Boyhood.
Солидна драма, онака реално приземна, без многу многу напнување и мајндфак елементи. Дали заслужува 8.7, не знам, т.е мислам дека е малку превисоко, али околу 8 е секако.
Boyhood - неверојатно реален, искрен филм; без проблем се поврзуваш со ликовите, колку пати само си спомнав: "И ние вака праевме со сестра ми, со другарите..."; вистински comming of age филм, а сигурен сум и родителите ќе се пронајдат и поврзат со ликовите. Кога сум кај ликовите, едно е да гледаш повеќе глумци како го глумат истиот лик низ годините, друго е кога тој лик го игра ист глумец и вистински расте и созрева пред тебе. Нема некои блокбастер прејаки моменти, малите и суптилни моменти му се главен адут на филмов кои без проблем ме купија, не почувствував дека трае 160+ минути, одличен, субјективен филм, 10/10 (y)
A-u.

Boyhood wins 2014.

10/10. :cuc:
Нова драма од 2014 година која се работи за животот на Мејсон од неговата 5 година па се до 18тата. Тој е син на самохрана мајка и има постара сестра Саманта, неговата мајка решава да ги продолжи своите студии на факултет така што се преселуваат во Хјустон.

Нема шо да се тупи со долга рецензија и на самата страна на имдб пишани се само 5 збора. Топло го препорачувам филмчево на секој кој е љубител на драми.

И да кажам дека филмот е 12 годишен проект.

Рејтинг на имдб има 8.7 сосема заслужен.
Boyhood - the most normal film of all time.
Се согласувам со @grande-juve дека малите моменти се главен адут на филмот, има повеќе такви кои ми се допадна... не ми беше досаден филмот ама и не ми беше вау. Секогаш во вакви филмови ми фали малце нешто несекојдневно... и глупав и едноставен крај исто така :/
Филозофиите и размислувањата за животот на сите главни ликови ми се допаднаа.
7/10
Boyhood ќе ви пројде ко пола саат. Јас не трепнав. Предобро филмче. :love:
Boyhood го изгледав на две седнувања и ми се допадна концептот како е сниман во тек на една деценија.
Boyhood имаше сценарио, приказна, кадри, беше нешто ново и снимано толку долг период. Ова е буквално глупост, мислам дека почнуваат филмовиве на Сирша да ги номинираат no matter what they are, Бруклин исто, ама Бруклин барем ќе побуди некои емоции, имаше поента филмот, ова беше буквално џабе потрошени саат и пол од животот. Која беше поената на брат и wannabe несфатената женска негова, таткото со губењето на работата што го влечеа цел филм без цел.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
61. SICARIO (2015)
Denis Villeneuve

61.jpg 61 Sicario.gif
Sicario добра кинематографија, добра глума, добра поента на крајот
Филмчето точно со клише приказна многу пати видена и раскажана, одличен директор на фотографија Роџер Дикинс. Исто ми се допадна и комплетен лик имаше Беницио Дел Торо, али голема дупка премногу плиток карактер на девојката, стварно немаше ништо зашто се бунтова, за што се бори, кој к... од што мака толку за праведноста незнам што. Немаме никакви информации за нејзина предисторија, за нејзиниот револт и сл. Да не заборавам музиката ми остави одличен впечаток. Јас случајно го гледав на Манаки, што и се изненадив зошто е филмот таму, али подоцна видов дека имал и номинација на Кан, чудна работа чисто холивудско срање... Одете сеа од 15ти Октомври во реновираната Кинотека и гледајте си на нов DCP проектор европски филмчиња или нешто ако начекате на 35ка и уживајте си во филмот.
Sicario soliden... serioznosta go pravi dobar, ko True Detective vtora sezona e. Nisto intrigantno u prikaznata, ama epten prizemjen film, kvalitetna produkcija I gluma I dobar dijalog
Sicario, првиот дел многу добар, исполнет со тензија на многу добар начин. Понатаму филмов не ја одржува таа констатност до крај но сепак успева да одржи некоја мистерија околу мотивите. Фотографија многу добра, посебно кадрите од жабја перспектива.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
60. FROZEN (2013)
Chris Buck, Jennifer Lee

60.jpg 60 Frozen.gif
Повеќе да се пофалам дека сум меѓу првите кои го гледале филмот отколку што ми се пишува на темава :)
Уште една дизниева обработка на приказна од Ханс Кристијан Андерсен, овојпат Снежната Кралица. За жал ја немам читано приказната па не можам да направам споредба, но можам да кажам дека Дизни навистина добро екранизира приказни, и од содржински, визуелен аспект и аудио аспект (комотно филмов може да се смести во жанр мјузикли, падна и муабет со луѓето од театарот на Дизни Фентази дека филмов комотно може да се адаптира во театарско шоу во Бродвеј стил). Патем да не заборавам да пишам дека во овој филм го видов еден од најсимпатичните карактери кои некогаш ги имам видено на филм, снешкото Олаф. Солзи ми потекоа од смеење на некои од неговите реплики.

п.с. има кратка сцена после одјавната шпица која не смеете да ја пропуштите.
Frozen убаво филмче, одлично ми дојде овој период.
НајќеЈф ми направи сабајле кога видов дека Frozen земал за најдобар анимиран филм. Супер цртанче!Конечно нешто поиздржано од Дизни, после неповторливите класици од 80-90тите ..
Елса има супермоќи со кои може да создава снег и мраз и после една незгода со сестра и` Ана, решаваат дека најдобро е да избришат се` поврзано со моќите од меморијата на Ана и никогаш да не и` ја кажат вистината. Нивните родители умираат во несреќа со брод, а Ана и Елса не се гледаат воопшто се до денот на крунисувањето, кога се дознава вистината. Супер е филмчево. Има доста смешни моменти и онака релаксирачко е. Читав критики на интернет, и наводно има луѓе што мислат дека има некоја геј агенда :pos: Мене ми е мило што не доаѓа „принцот на бел коњ“ да ги спаси. Конечно почнаа со малку понапредни приказни :D
IMDB оценка 8, од мене исто.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
59. GUARDIANS OF THE GALAXY (2014)
James Gunn

59.jpg 59 Guardians of Galaxy.gif
Guardians of the Galaxy го гледав во кино и генерално ми се допадна. Имаше ок хумор на моменти, додека во други наврати испадна исфорсиран. Во кино ги глеаш цела сала хехе хихи и ти. Go with the flow.

Како и сите Marvel филмови имаш неранимајко кој му е лут на цел универзум, не изгледаше ич злобно :(. Бар хероите беа ок ликови. Zoe Saldana од плаво во зелено.
guardians of the galaxy е супер забавен филм особено 3D.
онака кога почнав да губам надеж за Марвел и новиве проекти после Авенџерс и тие пропаднати саати со спајдермен, Тор, Вулверин и Ајрон мен конечно изгледа му текна на главниот фактор за нивната популарност и се врати ја на старите патеки. Годинава е нивна со Капетанот и Х-мен кој сеуште не ми е гледан ама имам многу позитивно чувство дека нема да разочара.

Факторот забава и онака обичен хумор се врати доволно да грабниш пуканките и сокчето и да си дремиш и да гледаш CGI 3D филмче кое единствена точка на успорување ја имаше точно по последната сцена на филмот.
како по обичај имам навика да гледам на саатот и да очекувам дека во секој момент ќе падни развската и дека ќе се привршува со филмот но овој филм се свестив дека завршува точно на 2 минути при крај.
2 часа филм со исклучително богата акција и добро глумење на повеќето глумци, го немаше тој ванаби глуп мрачен период кој го форсираа марвел со последниот тор и ајрон мен. претерано позитивно филмче за суперхерои таман како што треба да изгледа, тепачките како битна компонента во филмот беа задоволувачки накај одлични. Бредли Купер влегува во тој период на квалитетни плус забавни филмови во серија. една цврста осмица и препорака за гледање по можност во 3 D.

ти фалат вакви филмчиња од време на време така да се издуваш со друштво .
Guardians of the Galaxy, добар :X3:
Guardians of the Galaxy-i am groot :icon_lol: сеа сфаќам
Вин дизел најдобрата улога ја одигра i am groot simple as fuck powerful as hell ракунот срцка ми идеше да го изедам од што е сладок :love:Типчето од паркс анд рекреатион од чевлар до спасувач на галаксијата прекрасно

Camp.X-Ray-Не ја бива малата и тоа е

The Grand Budapest Hotel-Го начнав 5 минутки :D

Поседува бољи осмех од цел форум

Клапнување пичиња со насмевка може да презентира и колгејт кој знае
мене ми се допадна Guardians of the Galaxy, се прснав од смеење и уште носам аватар од Groot. Јас разбирам дека филмот, филмски гледано е дупка и можам да му шутирам пенали ако сакам, ама ми се допадна.
И знам дека е негативен, ама морам да го ставам и коментарот кој постави нови стандарди на форумов во коментирањето за филмовите :D

Очекував повеќе од Guardians of Galaxy. Едвај го догледав, на моменти ми беше многу досаден, станував од стол и кружев околу него од досада. Со сила 7мица. Можело многу подобро да се направи.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
58. 12 YEARS A SLAVE (2013)
Steve McQueen

58.jpg 58 12 Years a Slave.gif
добар 12 years a slave.
Сеа шала на страна. 12 years a Slave е филмиште. Дефинитивно мој фаворит за оваа година.
Златен Глобус за најдобар игран филм - драма и 9 номинации за Оскар, меѓу кои Оскар за најдобар филм, режија, главна машка и споредна машка и жесна улога. Извонредна филмска адаптација на мемоарите на Соломон Нортап, слободен афроамериканец, сопруг, татко и одличен виолинист кој станува жртва на трговијата со робови. Градација од денешното поимање на САД, филмот не сели пред век и половина каде поимот цивилизираност нема воопшто допирна точка со денешницата. Додека на северот луѓето живеат во мир, на југот ропството е најнормална практика. Црнците се приватна сопственост и газдата одлучува за нивната судбина. Но, Соломон е човек од северот. Токму тоа го прави овој филм посебен. Кога еден човек кој поминал низ ужасот на ропството и сонувал за слобода и среќа... ја доживува слободата и одеднаш се буди назад, на почетокот. Филмот не прави индирекно сведоци на големо ѕверство, крајна нечовечност... целосно ни ја потврдува погрешноста на ропството, ни го појаснува значењето и моќта на слободата и колку таа некогаш била од дното на срцето посакувана. Нашата слобода се гради над грешките кои се правени во минатото. Судбината на Соломон е судбина која ја имале илјадници црнци низ плантажите на Луизијана. Нивниот живот е пример за неправедност кога силата е над еднаквоста и кога само надежта го буди новото утро. Музиката во филмот е, секако непогрешливо, на Ханс Цимер.
Маестрално дело на Стив МекКвин и тоа од сите аспекти!
Најпрво станува збор за вистинска приказна, за реалност што ја имаат доживеано илјадници црнци, во првата половина на 19 век, во едно сурово робовладетелско општество, во Јужна Америка...Јас лично мислев дека работите на оваа тема стојат онака како што ги гледав во филмот Help, не помислувајќи дека човек може да третира друг човек како да е подоле од животно, да го поседува, да го измачува, да го става во неподнослива агонија, па и да му го одземе животот на најсуров начин...Токму од овие причини овој филм ме исполни со голема доза на негативна енергија уште од самиот почеток, а на моменти ме доведе до солзи, најмногу поради фактот што знаев дека сето тоа вистински му се случувало на некој пред многу години...
Стив МекКвин точно знаел кои актери да ги избере за ова негово неповторливо ремек дело...Глумата беше феноменална, а посебно ги пратев сите гримаси и изрази на лицето на актерите во секој можен кадар, нивните реакции, совршено одглумено и совршено пренесени емоции...Интересно ми е што режисеров точно знаел на Мајкл Фасбендер која улога да му ја додели - таа што највише му одговара секако (после Брендон во Shame) :), докажа дека истата му лежи неверојатно...Едноставно има фаца човеков за вакви улоги...Појавувањето на Бред Пит и не ме воодушеви нешто премногу, дури мислам дека можело друг актер и подобро да се покаже...
Нешто што ми остави најсилен впечаток беше целокупната сценографија, ме воодушеви максимално...- 19 век, Јужна Америка, лето, богати господари и господарки облечени во долги и широки фустани во пастелни бои во нивните огромни мансиони со големи тремови напред, полиња со памук и плантажи со шеќерна трска на кои работат изнемоштени црнци и црнкињи, зеленило, шуми со високи дрвја, прекрасни пејсажи...
Музиката во филмот е на Hans Zimmer, што и за тоа режисеров добро се погрижил да биде квалитетно до максимум...
Сценариото исто така беше добро осмислено и прикажано во цели интересни 134 минути...
Значи полн погодок од сите аспекти...
Иако веќе имам мој фаворит за Оскарите и ќе навивам за него, што не значи дека овој филм е помалку квалитетен...Препорачувам особено на љубителите на добра драма...
12 years a slave - предобар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom