ТОП 100 Најдобри серии на сите времиња (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ова е read only тема во која од местото број 100 до местото број 1 ќе бидат презентирани сите 100 серии кои според гласовите на членовите на Кајгана форум се најдоа на листава. Сериите од место број 65 до место број 100 се подредени според гласањето пo предложувањето.
Сериите од место број 33 до место број 64 се оние кои испаднале во првиот круг дуели, подредени според вкупниот број гласови до тогаш.
Сериите од место број 17 до место број 32 се оние кои испаднале во вториот круг дуели, подредени според вкупниот број гласови до тогаш.
Сериите од место број 9 до место број 16 се оние кои испаднале во третиот круг дуели (осминафинале), подредени според вкупниот број гласови до тогаш.
Сериите од место број 5 до место број 8 се оние кои испаднале во четвртиот круг дуели (четвртфинале), подредени според вкупниот број гласови до тогаш.
Сериите од место број 3 до место број 4 се оние кои испаднале во петтиот круг дуели (полуфинале), подредени според вкупниот број гласови до тогаш.
Сериите на место 1 и 2 се финалистите, подредени според гласовите во финалето.

Еве ја темата каде се предложуваше, гласаше и каде ќе можете, почнувајќи од 04.04.2020, во 21:00 часот да гласате во дуелите и заедно да ја избереме најдобрата серија: https://forum.kajgana.com/threads/Кајгана-избира-Најдобри-серии-на-сите-времиња.109405/
________________________________________________________________________________

100. THE WHITE QUEEN
BBC One, 2013

100.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Минисерија - историска драма, романса

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 10

СИНОПСИС: Во XV век, три жени позади сцена манипулираат со случувањата во деветгодишната војна помеѓу две страни на една кралска фамилија, за правото на англискиот престол.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
99. THE DEUCE
HBO, 2017-2019
George Pelecanos, David Simon

99.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Драма

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 25 (3 сезони)

СИНОПСИС: Приказна за златното доба на порно индустријата во Америка. За легализацијата и подемот на порно индустријата во седумдесетите години на минатиот век.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
98. ROAD TO AVONLEA
CBC, 1990-1996
Kevin Sullivan, Fiona McHugh

98.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: https://forum.kajgana.com/threads/Патот-за-Авонли-road-to-avonlea.15507/

ЖАНР: Драма, авантура

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 91 (7 сезони)

СИНОПСИС: Сместена во фиктивното гратче Авонли, на островот Принц Едвард на почетокот на XX век, ги следи доживувањата на десетгодишната наследничка Сара Стенли, нејзините 2 тетки Хети и Оливија Кинг, и останатите жители на Авонли.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
97. DIGIMON ADVENTURE
Fuji TV, 1999-2000
Akiyoshi Hongo

97.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Аниме, акција, авантура

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 54 (1 сезона, подоцна направени уште 6 нови sequel серии и неколку филмови)

СИНОПСИС: Базирано врз популарните „Дигимон“' детски играчки, серија во која децата одгледуваат и тренираат дигитални чудовишта за да се борат против исти такви, тренирани од други деца.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
96. THE OUTSIDER
HBO, 2020 - ?
Richard Price


96.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Крими, драма, мистерија, хорор

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 10 (1 сезона, до 04.04.2020)

СИНОПСИС: Полицијата е соочена со истрага за едно свирепо убиство на едно младо момче. Но кога некои зли натприродни сили ќе се вмешаат во случајот, тоа ги води истражителите до момент на сомнеж во сѐ што до тогаш верувале.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
95. FORBRYDELSEN (THE CRIME / THE KILLING)
DR, 2007-2012
Søren Sveistrup


95.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Крими, драма, мистерија

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 40 (3 сезони)

СИНОПСИС: Полицискиот детектив Сара Лунд истражува случаи на убиства во Копенхаген кои освен лични, имаат и политички консеквенци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
94. THE NEW POPE
HBO, 2019-???
Paolo Sorrentino


94.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Драма

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 9 (1 сезона)

СИНОПСИС: Продолжение на серијата на HBO од 2016, The Young Pope. Во Ватикан е избран нов папа, кој се труди да го измие извалканото име на Светиот престол по серијата секс скандали која ја загрозила институцијата. Но папата Пиус XIII се буди од кома по срцевиот удар доживеан за време на миса и го положува своето право на престолот како легитимен папа. Двајца папи. Еден Ватикан!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
93. LEGION
FX, 2017-2019
Noah Hawley


93.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА:
ЖАНР: Суперхеројска акциона драма, научна фантастика

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 27 (3 сезони)

СИНОПСИС: Дејвид Халер е проблематичен млад човек дијагностициран со шизофренија, но по една чудна средба открива дека поседува супер-моќи кои ќе го изменат неговиот живот засекогаш. Открива дека тој не е само Дејвид Халер, туку дека Дејвид Халер е само еден од стотината делови од него!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
92. THIS IS US
NBC, 2016-???
Dan Fogelman


92.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Драма, романса, комедија

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 40 (3 сезони)

СИНОПСИС: Емотивна исповед за една несекојдневна тројка „близнаци“, нивните секојдневни животни борби и извонредните родители!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
91. BEVERLY HILLS, 90210
Fox, 1990-2000
Darren Star


91.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Драма, романса

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 293 (10 сезони)

СИНОПСИС: Група на пријатели од Беверли Хилс, Лос Анџелес, Калифорнија, се пробиваат низ животот од ученичките клупи до полнолетството.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
90. HANNIBAL
NBC, 2013-2015
Bryan Fuller

90.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА:
ЖАНР: Крими, хорор, трилер, драма

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 39 (3 сезони)

СИНОПСИС: Ја истражува раната врска помеѓу психијатар и неговиот пациент, млад FBI агент кого го прогонува моќта да сочувствува со сериски убијци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
89. THE BLACKLIST
NBC, 2013-???
Jon Bokenkamp
89.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА:
ЖАНР: Крими, драма, мистерија

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 146 (7 сезони, до 10.04.2020)

СИНОПСИС: На нова FBI агентка и се менува целиот живот, од корен, откако озлогласен криминалец кој не можел да биде притворен десетици години, се пријавува сам во полиција и инсистира да зборува исклучиво со неа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
88. GOOD OMENS
Prime Video, 2019
Neil Gaiman, Terry Pratchett
88.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА:
ЖАНР: Комедија, фантазија

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 6 (1 сезонa (минисерија))

СИНОПСИС: 2018. Земја. Еден ангел и еден демон, долгогодишни пријатели, ќе се обидат да спречат да се случи Армагедон со доаѓањето на сцена на 11-годишен антихрист.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
87. THE SHIELD
FX, 2002-2008
Shawn Ryan
87.jpg

ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА:

ЖАНР: Крими, драма, трилер

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 88 (7 сезони)

СИНОПСИС: Приказ на една експериментална полициска единица во Лос Анџелес, во измислениот округ Фармингтон ("Фарма"), која претходно била црква, а главни ликови во серијата се неколку детективи од т.н "Strike Team" кои ќе направат се само за да ја доведат правдата низ улиците на градот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
86. PRIDE AND PREJUDICE
BBC, 1995
86.jpg


ТЕМА ЗА СЕРИЈАТА: /

ЖАНР: Драма, романса

БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 6 (1 сезонa (минисерија))

СИНОПСИС: Една од многуте адаптации на романот „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom