ТИФОМАНИЈА!

Член од
15 септември 2024
Мислења
9
Поени од реакции
61
Комити да кажит некој од кај потекнуват бајраков? и зш го немат во сегашниот коп?
Screenshot_20250131_151510_Facebook.jpg
 
Член од
27 март 2023
Мислења
75
Поени од реакции
771
Би било добро ако можете да споделете по ваши социјални мрежи, станува збор за долгогодишен наш член, во моментов волонтери заедно со полицијата трагаат низ околината на Кавадарци:

IMG_9443.jpeg
 
Член од
28 јануари 2025
Мислења
2
Поени од реакции
7
Желни сме за победа за правда и за слобода!!! :oeoeoe:

Правда за Фросина!

 
Член од
16 февруари 2020
Мислења
29
Поени од реакции
77
Член од
27 март 2023
Мислења
75
Поени од реакции
771
Почитувани,
Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30.01.2025 година кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот во црно работничко одело со бело палто и црн елек.
До сега најден е само неговиот телефон.
Миле е висок околу 185 cm.
Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци.
Според луѓето кои го познаваат, можно е да е во некоја напуштена викендица или куќа или пак во Манастир.
Пасошот и личната карта му се најдени дома па не би можел легално да испадне од државата.

078-909-481

075-691-727

НАПОМЕНА:
ЗАТОА ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ВАС ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ДОКОЛКУ ПОСЕДУВАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ЛИЦЕТО ИЛИ ГО ЗАБЕЛЕЖЕТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ЈА ПОЛИЦИЈАТА ИЛИ НАВЕДЕНИТЕ БРОЕВИ !!!
 

Attachments

Член од
27 март 2023
Мислења
75
Поени од реакции
771
АПЕЛ ОД ВИНАРИ НЕГОТИНО ДО ОСТАНАТИТЕ НАВИВАЧКИ ГРУПИ:

Затоа што постои голема веројатност (или барем се надеваме) дека нашиот член, другар, пријател Миле Тодоров може да е засолнат во некој Манастир, ве ЗАМОЛУВАМЕ доколку имате можност да исконтактирате или проверете по манастири (поголеми или помали) во вашиот крај.

Ние сме веќе во акција и ги посетуваме манастирите низ државата колку што можеме, затоа што во Македонија ги има во голем број, би било од голема помош доколку можете да проверете по вашиот регион. Доколку стигнете до некаква информација, можете слободно да ги исконтактирате било кој од броевите погоре или полиција, да пишете порака директно на овој профил, порака на официјалниот профил на Винари на Фејсбук (линк) или само мислење на темата.

Ви благодариме однапред и очекуваме искрена помош

- Винари Неготино
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2024
Мислења
37
Поени од реакции
565
Чкембарска делегација на гробот на големиот македонски син ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ во црквата Св. Спас - Скопје по повод 153 годишнината од неговото раѓање.

ИДЕАЛИТЕ ТВОИ ЖИВЕАТ ВО НАС И ДЕН ДЕНЕС - МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
 

Attachments

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.061
Поени од реакции
74.695
Добро бре толку ли нема кој да ги кутне овие гробари Скопје, срам се за државата
А кои се тие Гробари Скопје? Имаат знаме, активни ли се или само по социјални мрежи некој си коментира со страна со такво име?
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
1.008
Поени од реакции
2.841
Добро бре толку ли нема кој да ги кутне овие гробари Скопје, срам се за државата
гробари Скопје,гробари Куманово
делије Скопје, делије Куманово
Се ова треба да биде згаснето, делије ку на прослава за нив на север вадеа пароли дека сме јужна србија тие први треба да се распаднат.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.344
Поени од реакции
5.456
Следеќи пост иде на кумановски дијалект надам се ќе разберете.

Послеѓан поздрав за едну од најголеми легенде на западну трибину што до крај остана сс нас.
Александар Станојевски-Мравка е едн од ретки што од само формирање на Кумани па све до сг остана веран на тија исти идеали и гу е делија трибину сс прву генерацију до послеѓну.
Свите што су дел од ултрас сцену у Македонију од 90ти па до сга и су дошле у било какв контакт сс Кумани знаев кој е Аце Мравка. За жал на сви прерано се заврши његов живот и његов пут низ овј свет.
Његова последња жеља беше на погреб да му дојдев само његови Кумани и да запалив бакље и такој и ќе биде.
ВЕЧНА СЛАВА, почивај у мир!
1000016796.jpg
 
Последно уредено:
Член од
28 април 2023
Мислења
17
Поени од реакции
127
Денес, по повод 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, положивме цвеќе на неговиот вечен дом во црквата „Св. Спас“. Како чувари на македонскиот дух и идеал, се поклонивме пред ликот и делото на човекот кој ја запиша Македонија на мапата на слободните народи.

Вечнати слава, даскале!

1000006679.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom