Едно не ми е јасно, зошто во преносиве на ТВ е толку слаб звукот и ич не се слуша навивањето (сум забележал и на наши и на туѓи утакмици, секогаш е неутрализирано навивањето).
Го гледам видеото од пеењето на Заветна, едвај се слуша, а на стадиом грмеше, кожата да ти се наежи.
На преносон од М Нет, одма е подруго кога ќе ја пуштиш, грми песната.
Не можам да напишам многу за гостувањето, дека стигнав во Струмица во 20 за 5 (добро и што успеав да стигна и апсолутно не ја осетив атмосферата пред натпреварот. Не пречека скоро исполнет стадион и огромна гужва пред стадионот. Ненормална гумва од паркирани коли низ цел град, како од скопски, такани радовишки коли.
Прво, одлична бројка на радовишани. Нема да згрешам ако кажам дека пола популација беше дојдена. Ја имаа фатено целата главна трибина (90% исполнета) и голем дел од трибината на Ајдуци. Беа обични фанови, освен делот каде што беа Лебари. Немам поим што навивале, ама немаше никакви закачки, што за некое друго време ќе изгледаше невозможно.
Кога пеевме за Македонија во последните 15 минути, пееше цел стадион со нас.
Се скандираше за северна, се испеаја Заветна, Море сокол пие, Бисер балкански, Македонија на македонците и Излези Ѓурѓо за крај. На првиве три баш грмеше цел стадион.
Нашиот дел беше преполн, иако не беше исполнета целата трибина. Некако во втоео полувреме како да се испразни трибината. Прво полувреме како навивалка група бевме преконцентирани на едно место, ми личеше дека ако малку се рашириме ќе го исполневме цел стадион. Премногу луѓе дојдени со коли, поради малиот број на организирани автобуси. Мислам дека имаше 8 автобуси, а другото беше дојдено со коли. Цел караван имаше за враќање. Многу луѓе од други градови, пред се' од Струмица и Гевгелија. Цела екипа Комити Пирин на трибина. Еден куп фаци што некогаш оделе на утакмици, доста фамилијарни луѓе.
Од цела трибина имаше едно 800 луѓе што одат навивачки на утакмициве и остатокот беа фанови, кои мора да кажам дека (барем 90% од нив) стоеја и навиваа цел натпревар (или барем во прво полувреме).
Можеби бевме помалку од Кавадарци ланската сезона, но повторно бројката ме изненади максимално. Сигурно имаше 2000 вардарци по трибините во Струмица. Река народ по улиците, наши реквизити насекаде.
Навивањето во прво полувреме беше одлично, па падна на почетокот на второ и потоа достигна топ ниво. Сите песни грмеа, особено во периодот кога паднаа головите. Долго време немавме шанса, а кога прв пат дојдовме до гол, толку се запали народот што мислам ќе се срушеше трибината.
Пиротехника и изглед на трибина чиста десетка. Пароли на ограда десетка, знамиња десетка. Се работеше активно на најава на утакмицата, на местење на трибината кое траеше уште од сабајлето. Секоја чест на сите што ја истуркаа сезоната на највисоко ниво, со кореографии скоро на секој натпревар, што може да позавидат сите групи на балканов. Натпреварот помина без ниту еден инцидент, што на толку алкохол и луѓе кои се дерби навивачи е просто неверојатно. На крајот пропеаја и луѓето од обезбедувањето на патриотските песни. Ни станаа заштитен знак и иако некои не се согласуваат, сметам дека секогаш треба да се одвојува време за нив. И не само ние, туку сите групи.
Ќе се осврнам на кореографијата. Многу смел потег беше да се постави такво корео на ваков натпревар и на ваков тип на публика. Две години по ред, екипата за корео не се решава да оди на најлесниот тип на коре во ваква ситуација, а тоа е покривното знаме. Се работеше на поставување на најлоните од сабајле. Сите беа прецизно залепени за да излезе се' ко што треба. Веќе неколку пати успешно се изведе ваква кореографија во Маџари, за разлика од порано кога луѓето не слушаа и ги поместуваа најлоните/картоните каде сакаат.
Ама, тоа што не се предвиде беше ветерот. Толку солен ветер издува кога влегувавме на трибина што голем дел од најлоните се одлепија и одлетаа по цела трибина. Нормално, имаш е и такви што прво ќе го одлепат ипосле ќе сменат место на стоење, ама поголем проблем направи ветерот. На крајот, излезе како што излезе. Not good, not terible
Навивањето се снимаше од сто агли и очекувам дека ќе грми видеото. Организација со водење на навивање одлично, се' под конец. Некок да ми речеше пред 10-15 години дека ќе се постигне вакво ниво на организација, ќе паднев од смеа
Опстанавме, тоа е најважно. Цела сезона ја понесоа на грб неколку луѓе, како во водење на клубот, така и во водење на групата. Секоја пофалба е излишна!
П.с. ние сме единствени што никогаш не организираме превоз за обична публика. Што дупешки ни имаат удирано за Михајло што частел пиво ако поминеме едно коло во ракомет на времето, а никој не критикува дека на сите баражи и финалиња на купови, обична публика од градовите се носи буквално како на митинг (не дека е лошо де, туку селективност во критики). Бесплатен превоз за сите, подарок маица, гага карта...
Си викам ние да имавме по 2-3 автобуси од секоја населба за обични фанови, па и шуто и рогато ќе дојде, три стадиони како во Струмица би ни биле малку