- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.713
- Поени од реакции
- 33.356
Инспириран од среброто на Дејан Георгиевски во теквондо на Олимписките игри во Токио, а по идеја на @Violetova , оваа недела ги избираме најдобрите 30 филма со или за некаква боречка / борбена вештина. За да не биде изборот многу тесен, тука не се ограничуваме само на азиските боречки (борбени) вештини, туку дозволени се сите: бокс, борење, мечување, џудо, карате, теквондо, џиу-џитсу, кикбокс, сумо, самбо, аикидо, вушу, кунг фу... и што и да има друго, па дури и street fight!
Сличен showdown посветен на азиските боречки вештини имаше на Letterboxd, па еве линк и до него, ако сакате малку инспирација: https://letterboxd.com/showdown/fist-of-fury/
Значи, неделава, од денес, 01.08.2021 до сабота 07.08.2021, имаме:
ФИЛМОВИ СО/ЗА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ/СПОРТОВИ:
Правилата се истите:
Одберете минимум 1, а максимум 10 филмови за/со некоја боречка вештина (бокс, борење, мечување, џудо, карате, теквондо, џиу-џитсу, кикбокс, сумо, самбо, аикидо, вушу, кунг фу, street fight...) , кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг.
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се филмови од од било која држава, било кој жанр, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки... Се е дозволено додека е на тема ФИЛМОВИ СО/ЗА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ!

Или пократко:-еднаш неделно ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа зависи само од вас: првично замислив да бидат исто како на LB - 20, но ако има голем интерес и многу спомнати наслови, може и да го зголемиме бројот;
-истото е и со правилата - од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму). Понатаму, можеби ќе треба да го модифицираме процесот и да ги бодуваме филмовите, но се надевам дека нема да има потреба за тоа, зашто така ќе има ем повеќе работа за мене, ем ќе биде се покомплицирано.