Од досега виденото Реал се ниво погоре од сите. Јас секогаш сум го хејтал Ласо, но изгледа и не сум бил баш во право. Колку и да го менуваат ростерот пак се на врвот, неверојатно е како секој играч што ќе го доведат им испаѓа топ трансфер. Машинерија се, мислам дека би ги рашлакале и послабите екипи од НБА. Најблиску до нив е ЦСКА и колку толку можат да се носат со Реал. Класа подолу се Барса и Анадолу, вториве мислам дека толку им е максимумот, одлична работа вршат со оглед на ростерот. Разочаран сум од Барса, пред се од Пешиќ. Никаква игра, се се базира на индивидуалност, зависно на кој играч ќе му тргне, но тоа не пали против Реал и ЦСКА каде беа тотално разбиени. Можеби нешто ќе се промени кога ќе се вратат Ертел и Пангос, но потребен нов модерен тренер, Шарас мислам дека одлично ќе им дојде. Секако променлив спорт е кошаркава и се може да биде до напролет, посебно на Ф4 каде што еден лош ден се менува, но моментално така стојат работите.