ТА Евролига 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Евролигата ги има сите 24 учесници за оваа година. Оваа година ке биде 16та по ред откако се игра евролигата во овој формат...на 9 јули оваа година се извлекоа и групите.

Евролига и оваа година додели Wild Cards за учесниците...така што 20 се пласираа директно а 4 екипи добија вајлд карди, тоа се Баерн Минхен, Стразбур и пребогатите Локомотив Кубан и Дарушафака Догуш.

Евролигата почнува на 15 октомври а првото коло ке трае 2 дена, ке се игра на 15 и 16ти октомври...

Фајнал Форот ке се игра во Берлин во Мерцедес Бенз арената од 12-16 мај 2016 година...овој град беше домаќин на Ф4 и во 2009 година.

Групите се следни:

ГРУПА А
Реал Мадрид
Фенербахче
Химки
Црвена Звезда
Баерн Минхен
Стразбур

ГРУПА Б
Олимпијакос
Анадолу Ефес
Лаборал Куча
Армани Милано
Цедевита
Лимож

ГРУПА Ц
Барселона
Панатинаикос
Локомотив Кубан
Жалгирис Каунас
Пинар Каршјака
Стелмет Зилена Гора

ГРУПА Д
Цска Москва
Макаби Тел Авив
Уникаха
Бросе Баскетс
Дарушафака Догуш
Динамо Сасари


Многу интересни групи многу. Екипите скоро ги склопија нивните тимови за следните сезони...оваа сезона ке биде страшно интересна бидејки многу тимови се тука некаде, блиску до квалитет.

Реал Мадрид

Оваа година Реал влегува како бранител на трофејот. Во ростерот ги донесе Треј Томпкинс кој настапуваше минатата година во тимот на Нижни од Новогород, кој игра на позицијата крилен центар, го донесоа и Гиље Хернангомез кој ја има пројдено нивната школа, но 2 години беше во Кахасол од Севиља...тој игра на позицијата центар.

Го донесоа и поранешниот играч на Шарлот Бобкетс Џефри Тејлор кој настапува на позицијата бек шутер но може да игра и ниско крило.


Не го продолжија договорот со Бурусис, Слотер, Межри, Кејси Риверс и Кампацо.

Фенербахче

На Жељко Обрадовиќ оваа година му беше дозволено да си направи екипа по свој вкус...

Во Фенербахче пристигнаа Екпе Удох, кој има настапувано во НБА лигата и игра на позиција центар.
Џиџи Датоме по неуспешната авантура во НБА се скраси во Фенербахче во тимот на Жељко Обрадовиќ...
Нашиот Перо Антиќ после 2 години во Хоукс, кариерата ја продолжи во Фенербахче.
МВП на Турската лига за минатата Боби Диксон алиас Мухамед Али исто потпиша за Фенербахче...
На плејмејкерската позиција го доведоа и феноменалниот бек-ап плеј Костас Слукас од грчи Олимпијакос, Слукас е веројатно еден од најдобрите бек-ап плејмејкери...
За оштета од 1 милион евра го донесоа и Никола Калиниќ од екипата на Црвена Звезда...

Клубот не ги продолжи договорите со Жориќ, Ерден,Прелџиќ, Гаудлок, Зизис, додека пак Немања Бјелица отиде во НБА во екипата на Минесота Тимбервулвс.

Барселона

Минатата сезона за Барселона беше една од најлошите во историјата на клубот...така да раководството на тимот засука ракави и направија еден многу респектабилен тим...

Пау Рибас кој настапува на позицијата бек шутер и екс играч на Валенсија потпиша за Барса...
Стратор Перпероглу кој по една мината сезона во Ефес кај Дуда Ивковиќ потпиша за Барса.
Барса на плејмејкерската позиција го доведе и Карлос Аројо кој веројатно и во 36та година има што да понуди на оваа екипа на Барса.
На центарските позиции Барса ги доведе Самардо Самјуелс и Шејн Лавал.

Од клубот си заминаа, Марселињо Уертас кој отиде во НБА, Марио Хезоња отиде исто во НБА, Тибор Плајс исто отиде во НБА, оние кои не го продолжија договорот се ДеШуан Томас, Едвин Џексони и Бостјан Нахбар.

Анадолу Ефес

Исто како и Обрадовиќ може да се каже дека и Дуда направи екипа по свој вкус...

Во екипата на ефес пристигнаа феноманалниот шутер Џон Диблер кој мината сезона го освои првенството на Турција со Пинар Каршјака, на центарската позиција го донесоа Брајант Данстон од екипата на Олимпијакос како и Алекс Тајус од екипата на Макаби...

На позиција крилен центар пристигна Дерик Браун кој настапуваше за екипата на Локомотив Кубан,додека пак на плејмејкерската позиција пристигна Џејсон Грејнџер од екипата на Уникаха Малага...

Клубот не ги продолжи договорите со Диди Дрејпер, Мет Џенинг, Милко Бјелица, Стефан Лазме и Стратос Перпероглу.

Панатинаикос

Панатинаикос оваа година ке влезе со нов тренер а тоа е Саша Ѓорѓевиќ кој е и селектор на Српската репрезентација.

Во тимот на ПАО пристигнаа Огњен Кузмиќ кој е и НБА шампион со екипата на Голден Стејт, Александар Павловиќ кој има 10 нба сезони позади себе, последните 2 ги помина во својот Партизан, Ник Калатес е повратникот од НБА, на центарската позиција го доведоа и Мирослав Радуљица, додека на позицијата бек шутер го донесоа одличниот шутер Џејмс Фелдеин.

Клубот не ги продолжи договорите со Батиста, АЈ Слотер

Оваа година веројатно ке биде последна во кариерата за Димитрис Дијамантидис...

Олимпијакос

Секогаш незгодниот Олимпијакос со Били Спанулис...

Во екипата на Олимпијакос пристигнаа, Патрик Јанг на центарската позиција кој настапуваше минатата сезона за Галатасарај, Даниел Хекет од Армани, Ди Џеј Строубери кој настапуваше за шампионот на Турска, Пинар Каршјака, додека пак од Партизан им пристигна Никола Милутинов.

Од клубот си замина Брент Петвеј кој замина во Динамо Сасари шампионот на Италија, Брајант Данстон кој отиде во Ефес и Костас Слукас кој замина во екипата на Фенербахче.

Цска Москва

Лузерите Цска Москва, секогаш имаат меѓу најдобри екипи но кога ке дојде Ф4 тотално се губат.

Во тимот оваа година пристигнаа изворедниот бек шутер/ ниско крило Кори Хигинс,како и центарот Џоел Фриленд кој има 3 години настапувано во Портланд Трејблејзерс.

Од клубот заминаа Саша Каун кој потиша со Кливленд, како и Сони Вимс кој потпиша договор со Феникс Санс...

Ова се екипите кои според мене се главни фаворити секогаш во евролигата....ке имаме интересна евролига оваа година која има уште некои 5 недели до почетокот, па нека победи најдобриот...
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.097
Поени од реакции
4.938
Уфф ми се свиѓа што направиле Панатинаикос ги гледам уште сега на Ф4 исто и Фенербахче
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Фенер, Панатинајкос, ЦСКА и Реал во фајнл фор...Барем на хартија!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Никогш не ги потценувајте Макаби Тел Авив.
Мои фаворити секоја година се Жалгирис Каунас, што значи поминувања на групната фаза би било успех.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
http://www.euroleague.net/news/i/65hhlxrhikqpneki/2015-16-roster-moves

Трансферите на сите екипи.

Интересна сезона не очекува, екипите кои потфрлија лани беа доста активни на транфер пазарот. Фенер, Ефес, Барселона, Пао, тука се и секогаш одличните Реал, ЦСКА и Олимпијакос, последниве мислам послаби од лани, но никогаш не треба да се отпишуваат.

Од овие екипи треба да се очекуваат учесниците на Ф4.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.097
Поени од реакции
4.938
Тој млад хрват 17 годишен у Макаби ќе биде играчина :D
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367
Нај интересна ми се глеа група А, Жељко против Звезда и Реал
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Ѕвезда ќе се бори со Баерн за 4 место во група.
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367
Најинтересен дуел според вас (денес)?
ја мислам ЦСКА - Макаби
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Пинар - Барса нема да е лош дуел...врела атмосфера имаат Турциве.

Иначе Сасари против Дарушафака 3.20 има коефициент, ако ги крене шутот овие ке ги испребијат бе...Дарушафака беше очај на припремите...

Али Цска - Макаби меч оф д деј дефинитивно...

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
1.094
Поени од реакции
367
Се глеа дека на Софо не му е више до играње...
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.097
Поени од реакции
4.938
Софо не може да го замени Бобинатор , затоа и мислам дека е послаба Звезда, како и повеќето
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom