Ја прв ти пишав, подобро професионална сугестија/дијагноза него ли на форум. Али па дискусија може ќе излезе нешто позитивно.
Не сакам да звучам глупо али период со тахикардија сите сме поминале. Еве ти жив пример од мене (помалку смешен ама јбг, стресен период). Ќе бидам најкраток за да ми ја сфатиш поентата.
2019 Мај, на Караџица 5 дена продужен викенд. На враќање у Драчево на кафе да одмориме, другар ми вика што ти е тоа на раката. Крлеж кој не сум го приметил. Може бил од прв ден, може само што сум го закачил. Пријатели од Драчево ме однесоа кај локален ловџија, цело време закачувал и сам ги вадел. Проба да ми го извади не ни приметив што направи, вика готово. За 2-3 дена местото на убодот, од околу почна да темнее да мења бои. Мене паника ме фаќа. Од страна викаат дека не ми го извадил како што треба. А пази, биолог сум по струка, Безрбетници испитот со 10ка пиц пец ама слушам муабети од други. На инфективно ми викаат џабе доагаш, крени температура, па врати се. На ургентно у државна не ме примаат, имале други побитни. У 8ми, ме примија после 6 саати чекања, хирургот ми одговори со следниве зборови:
„Еее, сам го извади? Ауу како бе така? А антибиотик се напи?“
-Не
“Ауу ништо, касно е веќе. Треба симптоми да чекаме, не би знаеле сега.. Ништо, крени температура, исфрли се, па ќе дојдеш на прегледи. Дојди пак за 3 недели“.
У наредни 2-3 дена, уште потемно. Муабети од страна, болести, вируси, 300 чуда. По сугестија со мојот ментор на факултет, ми олесна, дека не е толку страшно како што се збори или што се пишува на интернет (кога читав на интернет си дадов дијагноза дека имам лајмска болест - у болница ми се смееа). Колешка од Полска, мастерот што го спремаше у тој момент и беше животен циклус на крлежи, па у месецот преку 10 закачувала.
Од тој момент, од тогаш со муабетите дека бог знае што може да ми се деси, почнав да имам луда тахикардија. Ке ти сликам ЕКГ-то од кај матичниот. 2 инекции диазепам ми ставија зошто мислеа дека нешто сум правел. 177 околу 10 наутро. Навечер воопшто не се намалуше, скоро исто (а притисок нормален). Така ми беше, па сигурно скоро месец. Не константно но добар дел од денот. У наредни 6 месеци, исто со такви повремени тахикардии и анкциозност. И за тоа терапија добив (апчиња некој, лесни на растителна база). Како ретардиран бев (со сета почит), се држев со 2 прсти на врат, мерев отчукувања, дишев како да ќе умирам.
На крај, кардио специјалист у државна по препорака, ме седна, ми објасни, како на дете од 5 години. Почна статистики да ми вади дека се поголем дел средношколци и студенти односно млади лица имаат вакви моменти. Стресни ситуации од било какви моменти можат да бидат поттик за тахикардија (свесни и подсвесни).
И сеа ми е малце тешко кога дишам со мали/брзи откуцавања али тоа е од друго, цигари кафиња.. јбг.. (може и тироидна е, не сум се проверил искрено)
Нека земе дизапам, ништо страшно не е, бар 2ка дневно (па и 2ка навечер). Нема да стане зависна ако го пие дека има потреба. Земи и магнезиум, нека пие по 1 дневно, вода повеќе, и нека не мисли на тоа (колку и да звучи глупо, али и така е..). А пак ќе кажам, најдобро кардио специјалист да си каже што е.