С.Д. Гоце Делчев

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107


Една од најгрдите градби во Скопје, со право наречена „бетонот“. Сепак, она што е занимливо следи.

Синоќа бев до гоце и со ланскиот цимер биднаа разни муабети. Стана збор за масивноста на градбата и комунистичкиот и изглед. Она што ме зачуди беа тврдењата на цимерот дека:

1. Самиот објект со четирите блока и меѓусебните поврзувања е некоја си ултимативна акустична градба со одлични особини за блокирање на звук ин енд аут во целост. Не велам за соба до соба, туку Гоце - 100 метра до Гоце. Имено според него, посебно во „паркот“ на средина, и свадба да има, на 100 метри, музиката едвај би се слушала. Демек самиот распоред на 5-катните и 14катните делови, како и терасите на рабовоите споени со рабестата површина на сите ѕидови, ја правеле целата работа.

2. Издржливоста на земјотреси. Може и со око да се види како темелите се зацврстени со огромни блокови и се шират према земјата. Се претпоставува дека во земјата внатре, овие блокови се широки и до 10 метри. Самиот објект бил проектиран и изграден после земјотресот, со едно единствено барање: издржливост на земјотреси. Као демек бил проектиран од израелци, а изведен од јапонци. Колку е точно не знам.

3. Секој ѕид е со исти патерн: ребраст изглед каде и да одиш. Било така со две намени: едната пак за некоја акустичност и деформирање на фазата на звукот што би водело кон негово втишување и исчезнување, и ултимативна цврстина со огромна термичка изолација (мада ова пропаѓа во вода од лично искуство).

Имате слушнато за ова? Точно е? Не држи вода? Ваше мислење...
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
614
Поени од реакции
64
Студенскиот дом е проектиран од Ѓеорги Константиновски своевремено декан на архитектонски...кој има мајистрирано на Jeil САД
за Ѓеорги се вика дека го има изградено пола скопје а и така е ..
Сју Раидер болница за заболени од рак
Архив на град скопје
Меморијален Музеј Пелинце

www.georgikonstantinovski.com.mk
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
студентскиот гоце!!!!!!!!!можеби оргиналната идеа на типот му била ок...ама ако земеш во предвид дека децении ништо не е направено околу одржувањето на домот ке дојдеш до поразителната состојба во која е сега...се случува понекогаш вода да протекува низ неколку катови...изолација скоро и да нема...сметките за струја што преку зима се плаќаат се енормни...иако последново во голема мера се должи на несовесноста на студентите...
за сиурноста од земјотреси незнам што да речам???незнам како влагата се однесува на особините на бетонот...а ја има во изобилство...инаку сум поминал еден земјотрес пред 5-6 години мислам беше на 14 кат...искуство кое не би сакал пак да го доживеам...според мене најголем сигурносен проблем на гоце е-ПОЖАР...ме ежи оваа мисла...иако скоро се е бетон,сепак подот е некаква синтетика..
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Комплексот на С.Д. Гоце Делчев претставува една од ретко успешните објекти изградени во постземјотресно Скопје, и зачувана до ден денес. Проектирана според сите принципи на Модерната архитектура, која е во најголем подем токму во периодот 1950 - 1970, каде спаѓа и изградбата на овие објекти. „Бетонот“ е еден од тие принципи на Модерната, и се нарекува натур бетон; градбата е изведувана по монтажна постапка, како и повеќето репрезентативни објекти од тоа време (и со овој материјал), што исто така претставува факт за почит, земајќи во предвид дека денес, покрај сите посовремени технологии и подостапни услови за градење, ние сеуште градиме „репрезентативни објекти“ со ќерамички блокови и малтер.

Надвор од архитектонската пластика, изразена како исклучителен спој на експресионизмот во духот на архитектот, и принципите наложени од учењето на Модерната; внатрешноста претставува исто така слика за совршено разумно организирање на просторот, согледувајќи ги сите неопходности на еден студент, земајќи го него како центар на размислување, доближувајќи му се на неговите потреби. Тоа е моќта на секој успешен архитект. Поради ова, а и поради многу други работи, кои подоцна, ако има заинтересирани би ги изложил на темава, овој објект (т.е. комплекс од објекти) го сметам за еден од најуспешните објекти во Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom