Сутлијаш - Монтпеље

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
И откако Invader го скрши мразот...​
еве слика, алал му вера(лом го направи мразот), да бидам јас вториот кој што ќе отвори ваква тема :)
Монтпеље
Прво, малку за клубот... Формиран е во 1919 година, а функционира во моменталниот формат од 1974 година(ова се случува со спојување на 2 клуба во 1 или лошо сум разбрал...). Монтпеље е еден од основачите на првата француска лига, заедно со Рен, Сошо, Марсеј и Ница. Едни од попознатите играчи на Монтпеље од минтатото се Лорент Бланк, Роџер Мила, Ерик Кантона и др. Исто така, позната фаца која што навива за Монтпеље е лудакот Реми Гилард, кој што верувам сите го знаеме по неговите видеа на јутуб.​
Сезона 2011/12
Трансфери:
Купени:
Сите трансфери се земани на рати, Бочети е коска, сигурно еден од најјаките штопери во играта, овој Сако го земав оти се повреди Белханда на 4-5 месеци, а имам слушано дека добро се развивал Белханда во играта, ама немаште среќа и се повреди и после стана инвалид и така имаше лоша судбина дечкото.. Исто и овој Дараги е земен затоа што се повреди другото талентирано крило во тимот, Аит Фана, исто 4-5 месеци и му се упропасти кариерата и на него, ептен му паднаа сите атрибути, и решив да дигнам раце и од него...​
Продадени/Позајмени:
Стамболи појма неам кој е, гледам во резервите беше и стигна понуда од Метз, и го позајмив таму. Утака, 29 години беше, уште 1 година имаше од договорот, последна шанса да се земе некој пара од него, го пушти за 5 милиони во Вест Бромвич. Салихи исти случај со Стамболи, Естрада, последна година од договорот, инвалид, последна шанса да се кешира на него... Хилтон, страшно голема плата ко за инвалид, 1.5М по сезона, го прибраа арапите, нека цица од нив пари. Овај под него не знам ни името да му го напишам на македонски, инвалид лев бек беше и го пуштив за џабе во Паскара и на крај Белханда, крајни напори да го кренам на нозе, но сепак неуспешни...​
Тактика:
За тактиката од оваа сезона мислам дека нема начин како да ви ја покажам, пошто веќе сум 2014-2015 сезона моментално, само ќе кажам дека имаше еден интересен средњак, Дернис кој што многу добро изведуваше корнери/слободни удари и Жиру имаше дадено 37 гола на 34 утакмици во лигата, од кој ~30 од корнер(Corners to near post, Жиру(Attack near post)). Играв формација 4-2-3-1, со Жиру како Таргет мен во нападот, крила Сако и Аит Фана, AMC Дараги, средина Марву(BWM - D) и Дернис(AP - S), во одбраната Бочети, коска, до него партнер Јанга-Мбива, Гери Бокали десен бек и лев бек Ел Каутари...
Еве ја тактиката во моменталната сезона 2014-2015, речиси е иста, се што е променето е напаѓачот, од Target Man во Poacher по заминувањето на Жиру во Милан...

Од многу повреди, го играм Владимир Вајс како BWM и некои други играчи на неприродни позиции за нив :facepalm:
Табела 2011-12:
Лигата очекувано ја освоив без некој проблем, од 6-те порази 3-4 имав во последните 10-тина кола бидејќи многу се повредуваа играчите, куповите ги оставав да ги игра асистентот(исто и пријателските), испаѓање во првото коло од купот...​
Сезона 2012/13

Трансфери:
Купени:
Оспина, 6 месеци имаше од договорот, можев да му понудам договор и да дојде за следната сезона без пари, ама итно ми требаше голман пошто другите беа дупка и за 5М, најдобро решение ми изгледаше Оспина, планирам да го продадам за некоја сезона за околу 15М. Папис Сисе од Фрајбург, купен затоа што Жиру не знаеше да игра со нозе(а и неговите наследници), туку само со глава.. Следната сезона го продадов Сисе за 15М(профит 4М). Верати млад играч кој што може да игра насекаде во средината, не се разви доволно добро и после 2 сезони го продадов за 3М, да не должам многу, обие што сум давал 10М или повеќе, мислам дека ќе се играчи околу кои ќе се гради тимот, Дуду како десно крило и Алекс Текшира како плејмекјер позади напаѓачот. Кевин Анин, ball-winning средњак од Сошо за солидна сума, мислев дека ќе се погоди и тој но ништо не биде од него и го продадов за 8М после 1 сезона. Лабџад од ПСВ, слободен трансфер, се повреди и овој(сите млади играчи ми се повредуваат ._.), но Наполи понуди околу 8 милиони за него и го продадов таму. Басонг 850К, bargain of the year, многу цврсто партнерство формираа со Бочети(y), Басонг после 1 сезона продаден во Интер за 8М. Кристијан Родригез, уругваец, лево крило од Порто, слободен трансфер, еден од главните протагонисти кон борбата титулата. Де Силвести, може да игра и лев и десен бек, за ротации предобар... Шантом, купен во Џокер трансфер периодот за 2М за резерва(мислам дека ми се повреди некој па затоа го зедов овој тогаш), после неколку сезони продаден за 2М.. Абу Дијаби и Тино Коста, страшни трансфери, најсилната средина во лигата, многу стабилност и креативност, Коста исто знаеше и да закачи некое голче од слободен. Флокари, Краветс и Сантандер се напаѓачи земени да се борат за првото место во тимот по заминувањето на Жиру, но откако видов дека се утки, го земав Папис Сисе во јануари.. Вајс и Какута купени/позајмени за да ротираат по крилните позиции. Бакари Коне, овој е штопер од Лион, за резерва, ама го преплатив 1.1М за позајмица на 5-ти штопер.​
Продадени/Позајмени:
Пиоњер, трет голман продаден во Реал да се ослободи бројката 1 за Оспина:D. Сантандер на позајмица во Брест да добие поголема минутажа. Дараги побара раскинување на договорот, а на Белханда јас му го раскинав откако не успеав да го продадам дури и за 0 евра... Да не должам многу, другите продадени играчи се играчи кои што сум оценил дека не се доволно добри за да останат, а и ги многу преплатија, освен Жиру...​
Тактика:
Иста тактика како во сезона 2011-2012, со разлика во тоа што оваа сезона ја воведов промената од Target Man во Poacher. Напаѓач прво беше Флокари, иако бев доста разочаран од него, немав добар избор, па во јануари местото експресно му го зеде Сисе. Родригез - Текшира - Дуду, вака излгедаше тројката позади него, средината Абу Дијаби - Тино Коста. Одбраната, Бочети - Басонг штопери, десно Бокали и лево Јанга-Мбива.
Табела 2012-13:
Исто лигата како и претходната сезона, лигата без многу проблеми, за 2-та француски купови не ни поставувам слики, тиња натпреварувања, не ме ни интересираат, цело време асистентот ги игра... Главни ѕвеѕди кон походот, Текшира, Дуду, Бочети, Родригез и Сисе.
Лига на шампиони 2012-13:
Поминав во групната фаза како камиказа, потоа следуваше победа од 1-0 дома против Спарс и на крај во гости, не знам што се случи, пројмаја во одбраната од сите страни дуваше :D

Ќе ги допунам и другите сезони во текот на денот... Извинете ако има граматички грешки, тоа е нештото кое што најмалку ме интересираше кога го пишував ова..
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Сезона 2013/14

Трансфери:
Купени:
Првиот, Тичи, напаѓач, реген, голем потенцијал а и добри атрибути имаше за неговите години. Во потрага по резерва лев бек, налетав на Алба, за 1.5М, чиста кражба. Граната е најдобриот штопер во играта, реген, позајмица за 1.4М, по продажбата на Басонг во Интер за 7М(купен 800К, продаден 7М), добри страртно место, а следната сезона и беше откупен за 15М. Менез, најлош трансфер, тотално не вредеше да се фрлат 20М за него, продаден на крајот од сезоната за 16М. Гајтан, 8М кражба, на трансфер листа беше. Коста - Дијаби, осигурување(беа позајмени минатата сезона)на најдобрата средина во лигата за вкупна сума од 7.9М. Фаурлин, средина, ништо посебно не покажа 9М, на крајот од сезоната продаден за истата сума...​
Продадени/Позајмени:
Верати, стигна понуда за позајмица од Лион, имаат добри тренинг објекти и решив дека гуд дијл. Сако, продаден во Катанија за 5М пошто е дрво, купен за 3М, профит = 2М. Лабџад, имав големи надежи за него, но утакмица не изигира, понуда 7.75М од Наполи големо изненадување, веднаш прифатив. Коита(напаѓач), Сантандер(напаѓач), Шантом(средина), Анин(средина) и Бедимо(лев бек), добив солидна сума од продажбата на овие резервни играчи, гуд дијл x2. Аит Фана, страшна полусезона имаше пред 2 сезони, но се повреди и стана инвалид од тогаш па натаму, раскин на договорот откако никој не сакаше да го купи за 0 евра. Родригез, потпишан како слободен агент, продаден за солидна сума. Сисе, немаше место за него, почнаа драстично да му се намалуваат најважните атрибути. Краветс, исто како и Родригез потпишан како слободен агент, продаден за 6М, 2 години - 2 утакмици. Коста, бледа сенка на добриот Коста од минатата сезона, тотално разочара.​
Тактика:

Стандардно и како претходната сезона, 4-2-3-1. Тичи напаѓач, Келвин лево крило,Текшира плејмејкер, Дуду десно крило. Средина Дијаби и разочарувањето Коста(подоцна Фаурлин). Во одбраната лев бек Алба, штопери Јанга-Мбива/Граната -Бочети и десен бек стандардниот Бокали.

Табела 2013-14:
Исто како и претходната сезона со 85 бодови повторно шампион, благодарение на одличниот Дуду кој што сам го носеше тимот на грб цела сезона, 33 натпревари, 12 гола и 21 асистенција(само за лигата ова). Вреди да се споменат и стандардниот Бочети, Текшира, кој што секогаш беше тука кога ќе заглави Дуду:D. На крајот ќе се покаже во предобро светло и младиот напаѓач Тичи со 7 асистенции и 7 гола на 9 натпревари(повреден на почетокот од сезоната).
Лига на шампиони 2013-14:
Во ЛШ, прв во групата со 4 победи и 2 порази, па потоа го добив на хартија лесниот Копенхаген, кој што направи изненадувње дома победувајќи со 3-2, но потоа фино лепо си го јаде 4-0 во Франција. Челзи, најwtf утакмица. Секогаш е тука Лампард да ти го шибне од 30+ метра во 88. Потоа победив 2-1 во Англија но не беше доволно...​
Лига куп 2013-14:
Еве сега гледам асистентот(тој ги игра куповите, не се замарам со купови) го освоил купот на лигата таа сезона. :D
To be continued...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom