Сум се разбудил денес...

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Жолтата светлина ја исполнува мојата соба. Како што пречекорив преку прагот што води до балконот в лице ме удри ладното утринско ветерче.

Белиот чад на утринското кафе чадеше како некоја фабрика со огромна брзина. Одеднаш темно сивило ги прекри моите очи. Низ мислите ми поминаа сцени од големите циглени оџаци и сивите облаци за време на индрустијализацијата. Измачени јагленосани лица на работниците кои излегуваа од овие чудовишта, со свиткан грб поминуваа под прозорите на големите капиталисти со црни цилиндри и цинична насмевка. Како што паѓаше ноќта, овие сопрузи и татковци, полека својата беда ја давеа во некоја прчварница (а.к.а Pub) чистејќи ги своите јагленосани раце од локалната проститутка по име Луси со голема бемка на левиот образ и заби како да има пушено петарда.



Силната сончева жолта светлина го прекина тој меланхоличен и темен амбиент. Боите добија поинаков тонитет. Се беше жолтеникаво, дури и црната боја добиваше тонови на жолто. Сепак, сликите штотуку ги замислив не ме оставаа рамнодушен. Се трудев да се утешам себе си дека тоа било пред долго време,...но чувствував дека сето тоа е една многу убаво сплетена приказна. Вистинска заблуда...



Кафето сум го направил горко. Острата болка во главата од самото гадење од горчината ме примора да го оставам кафето и да продолжам со ткаењето на мислите. Одеднаш со ист интензитет од болка која ја доживеав од горчината на кафето...ме удри помислата.

Денес...


Сум се разбудил во свет, во кој баш во овој момент се виткаат од болка, за парче леб. Замислете...и полека размислете. Умираат од глад!



Сум се разбудил во свет на тенкови, пиштоли, митралези, томахавки, бомбардери, нуклеарки...направени САМО со една цел - како да УБИЕТЕ друго човечко суштество. Суштество кое има татко, мајка, жена, маж,...брат,... сестра, ...син, ќерка,... девојка, дечко...Спомени од своето детство, најдобриот другар, другарка, матура, факултет,...
Сето тоа заради територија, ресурси, идеологија...моќ!



Сум се разбудил во свет, во кој некој во сив или тегет костум, добра фризура, тазе бричен, политичар (читај: ниски морални вредности)... ми диктира каде да живеам, каде да се движам, колку да се движам. Луѓе кои креираат закони кои ја ограничуваат мојата слобода, моето движење, мојот интелект и моето срце,...



Сум се разбудил во свет, во кој што едни го живеат својот сон, а други се дел од општиот кошмар, кошмар од кој неможете да се разбудите, а имате постојано чувство на паѓање во бездна.



Сум се разбудил во свет во кој скоро секој човек е еден осамен остров, опкружен со океан од тага, мачнина, неисполнетост...осаменост. Една совршена машина...со срце, со душа,...со страст...со емоции...чии соништа полека бледнеат од нејзините очи, оставени на милост и немилост и само еден многу мал дел од мозаикот наречен човештво.
Модерното општество е една заблуда, кои самите ние како луѓе ја креиравме по еден лажен превез на една лажна глобална демократија,... на едно робовладетелско општество и систем кој го скршува човечкиот дух наречен капитализам (а.к.а глобализам).

 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
абе што ти е крив капитализмот, види у поразвиени земји како е, не у македонија не било убаво и од прво на памет ке му падне капитализмот... тоа е нема концепција нема атмосфера, нема услови за правилно размислување кај младите денес...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
абе што ти е крив капитализмот, види у поразвиени земји како е, не у македонија не било убаво и од прво на памет ке му падне капитализмот... тоа е нема концепција нема атмосфера, нема услови за правилно размислување кај младите денес...
Ако соодветно ги гледаш работите во светот, ќе сфатиш на што мислам. Очигледно не го правиш тоа, затоа не сфаќаш што сакам да доловам со муабетот. И верувај...не е подобро во развиените земји од кај нас. Ти зборуваш за земји со социјалдемократско уредување и предимно социјалистички елементи во општественото уредување: Шведска, Канада, Австралија итн...

И темата не е да полемизирам за капитализамот. Темата е каков е светот и кон каде тргнал!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Еве читам мислења во Општи Муабети на теми "Што ве изнервира денес" и "Мака ми е..." и гледам што ги изнервирало луѓето и за што им е мака. За нефатено ливче на спортска, за ограничен интернет, за исфлеќани фармерки, за дождот што врне, за намуртената госпоѓа од студентски прашања и ред други работи...

Јас не се разбудив денес за да се нервирам за такви ситници. Не се разбудив и нема утре да се разбудам за да размислувам за болката на тие што немаат ништо. Се додека таа болка не е моја или на некој близок кој го сакам, тогаш не ми е битно за децата во третиот свет, за глобализацијата и последиците од "модерната" ера.

Се нервирав и размислував за такви работи тогаш кога имав можност.
Сега, единствената желба и помисла наутро ми е само да бидам здрав и жив, да не чувствувам никаква болка и да биде се во ред со мене. Затоа што дебело платив за таа лекција во животов. Се нервирав за оценки, за фудбал, ме нервираа луѓе кои не беа којзнае каков фактор и тогаш кога животот удри на мојата наивност, тогаш мојот свет се претвори во нешто друго.
Сега ги ценам оние нешта кои не сум ги заприметувал и не сум им давал скоро никакво значење.

Сега, кога можам да направам кафе, да го почувствувам ветерот кога ќе излезам на балкон и кога ќе можам да вдишам и да издишам смирено, кога имам барем една причина за да бидам среќен, тогаш не ми е битно дали ќе се разбудам денес дома, утре во некој сосема друг стан и ќе се обидам набрзина да се спремам за факултет, заутре во читална, додека имам барем една причина (а имам повеќе) тогаш мојот свет го ценам, повеќе од кога и да било, затоа што знам како беше кога не можев да ги правам тие нешта.

Черчил рекол "ентузијазмот е временски интервал од еден неуспех до друг". Кога се опоравувам од еден пораз и ценам од наученото, не се жалам дека животот не е фер и дека постојат милион неправди, туку го сфаќам како нова шанса за да ги поправам нештата. Тогаш знам дека сум успеал.

Денес се разбудив во многу убав свет. Утре пак.
 

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
да знае што го чека те уверувам дека никогаш нема да посака да се разбуди пак!
Не си се запознал со убавините на животот млад господине. Некој копнее да се разбуди да си ги види родителите, децата, внуците. Живееме во една „традиција“ да ја наречам која што од секое поле не прави незадоволни. Те разбирам што сакаш да кажеш, нејќеш да се разбудиш поради мизеријата во овој свет. Но не се сите исти, дигни глава погледни ги убавините. Животот не е лош, има само лоши денови. Сум бил во ситуација да несакам да се разбудам и да преколнувам што сум се родил. Но си помислил на некој што си вика: Каков таков свет, сакам да се разбудам. А пред 1 месец му кажале дека боледува од рак на 5 степен. Пред да го помислиш тоа, нека ти текни дека барем двајца персони (т&м) кои им значиш. Се надевам дека се сваќаме.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Се разбудив денес во 4 30 и се испрдив добро .
 

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Со солзи во очите кога ми текна дека сум на факултет од 8 саат ;(
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
42
Сум се разбудил денес коа гледам 7ипол сабајле и си продужив да спијам:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom