Судoт на ЕУ го отстрани Хамас од листата терористички организации

ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.304
Судот на Европската унија наред бришење на палестинското исламистичко движење Хамас, коешто ја владее палестинската енклава Појасот Газа, од листата терористички организации на којашто е запишан врз основа на медиумските извешти а на од надлежни авторитети, јавуваат во средата агенциите, а истовремено Хамас ја поздрави одлуката додека Израел побара нејзино повлекување.

Општиот суд на Европската унија, а станува збор за втората највисока судска инстанца во ЕУ, одреди дека имотите на Хамас во Европа ќе останат замрзнати уште три месеца за да може да се спроведе постапката на жалба и ревизија, јавува Reuters.

Европскиот суд не навлегол во меритумот дали Хамас треба да биде вброен во терористичките групи, туку спровел ревизија на процесот во кој таквата одлука би требало да биде донесена. Утврдил дека одлуката не е резултат на мислењата на авторитети надлежни за одлучување по тоа прашање, туку е донесена врз основ ана медиумски и интернет наводи.

Хамас, кој себеси се нарекува легитимно движење на отпорот и ја оспорува одлуката на ЕУ од 2001 година да биде на списокот на терористички организации и за неговиот замрзнат имот во Европа, ја поздрави веста од Брисел.

„Тоа претставува победа за палестинско прашање и за правата на нашиот народ“, изјави портпаролот на движењето од Газа, Фаузи Барум, и му се заблагодари на европскиот суд на „таа позитивна одлука по којашто треба да се следат меѓународни мерки за да се заврши угнетувањето на палестинскиот народ“, пренесува AFP.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјуху ја повика ЕУ да ја повлече одлуката на судот. „Очекуваме тие веднаш д го вратат Хамас на списокот“, изјави Нетанјаху во Ерусалим и додаде дека Хамас „убиствена терористичка организација“.

Палестинското движење Хамас, коешто од 2006 година владее со Појасот Газа, во својот основачки статус е повикува на уништување на државата Израел со којашто повеќе пати водеше војна, а последниот започна во јули 2014 година и траеше 50 дена во кој загинаа 2.200 Палестинци, од кои повеќето цивили меѓу кои стотици деца, а израелските загуби изнесуваа 67 војници и три цивилни жртви.

„Европскиот суд истакнува дека ова поништување, донесено врз основа на процедурални процени, во ништо не навлегува во процената дали Хамас е терористичка група“, се вели и притоа се додава дека поради можноста од поднесување жалба на таквата одлука, замрзнувањето на имотот на Хамас треба да трае до завршување на судскиот процес.

Жалбите, коишто можат да бидат засновани само на закон, може да се поднесуваат во рок од два месеца, а жалбената постапка вообичаено трае година ипол. /крај/мф/сн
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Америте нешто им се одмаздуваат на Израел. Оти и мало дете знае дека ЕУ на своја рака не ни смее да помисли вакви одлуки да носи.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Палестина веќе почна и да се признае од некои европски земји, мислам дека Шведска беше прва европска земја што ги признаа палестинците и Палестинската држава, сега се најавува нови признавања од Шпанија,Германија,Италија и Австрија со ова темпо ништо не е чудо и САД да ги признае палестинците како посебна држава од Израел..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Поедноставен пример за тоа на чија страна се евробирократите - на страната на човештвото или на страната на исламистичкиот теротизам, здравје.

Хамас во својата основачка декларација се залага за истребување на сите Евреи, а со ваквото отстранување на Хамас од листата на терористички организации на ЕУ, самата ЕУ и дава легитимитет на оваа терористичка организација која се занимава пред се, со киднапирање и убивање на Евреи.

Ни Хитлер, ни Втора Светска Војна, ни Холокауст, ни ништо не им послужи како лекција, за овие треба САД и Русија да се здружат и заедно да ги поделат и тоа на заеднички влијанија, а не исток-запад како што беше за време на Студената Војна.

Барем 200 години да истераат така, бидејќи овие таканаречени европејци очигледно појма немаат што е тоа тероризам и масакрирање на невино цивилно население.
 
Ова е стара вест но сепак да те потсетам.
Путин потврди дека Русија ја признава Палестина
http://daily.mk/vesti/putin-potvrdi-deka-rusija-ja-priznava-palestina-2
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.253
Поени од реакции
78.887
Судот на Европската унија наред бришење на палестинското исламистичко движење Хамас, коешто ја владее палестинската енклава Појасот Газа, од листата терористички организации на којашто е запишан врз основа на медиумските извешти а на од надлежни авторитети, јавуваат во средата агенциите, а истовремено Хамас ја поздрави одлуката додека Израел побара нејзино повлекување.

Општиот суд на Европската унија, а станува збор за втората највисока судска инстанца во ЕУ, одреди дека имотите на Хамас во Европа ќе останат замрзнати уште три месеца за да може да се спроведе постапката на жалба и ревизија, јавува Reuters.

Европскиот суд не навлегол во меритумот дали Хамас треба да биде вброен во терористичките групи, туку спровел ревизија на процесот во кој таквата одлука би требало да биде донесена. Утврдил дека одлуката не е резултат на мислењата на авторитети надлежни за одлучување по тоа прашање, туку е донесена врз основ ана медиумски и интернет наводи.

Хамас, кој себеси се нарекува легитимно движење на отпорот и ја оспорува одлуката на ЕУ од 2001 година да биде на списокот на терористички организации и за неговиот замрзнат имот во Европа, ја поздрави веста од Брисел.

„Тоа претставува победа за палестинско прашање и за правата на нашиот народ“, изјави портпаролот на движењето од Газа, Фаузи Барум, и му се заблагодари на европскиот суд на „таа позитивна одлука по којашто треба да се следат меѓународни мерки за да се заврши угнетувањето на палестинскиот народ“, пренесува AFP.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјуху ја повика ЕУ да ја повлече одлуката на судот. „Очекуваме тие веднаш д го вратат Хамас на списокот“, изјави Нетанјаху во Ерусалим и додаде дека Хамас „убиствена терористичка организација“.

Палестинското движење Хамас, коешто од 2006 година владее со Појасот Газа, во својот основачки статус е повикува на уништување на државата Израел со којашто повеќе пати водеше војна, а последниот започна во јули 2014 година и траеше 50 дена во кој загинаа 2.200 Палестинци, од кои повеќето цивили меѓу кои стотици деца, а израелските загуби изнесуваа 67 војници и три цивилни жртви.

„Европскиот суд истакнува дека ова поништување, донесено врз основа на процедурални процени, во ништо не навлегува во процената дали Хамас е терористичка група“, се вели и притоа се додава дека поради можноста од поднесување жалба на таквата одлука, замрзнувањето на имотот на Хамас треба да трае до завршување на судскиот процес.

Жалбите, коишто можат да бидат засновани само на закон, може да се поднесуваат во рок од два месеца, а жалбената постапка вообичаено трае година ипол. /крај/мф/сн
Ај па наскоро и ИСИС да ги признаат.
Патем, се слави во Тетово?
 
König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Се поконфузно станува да се следи меѓународната сцена и да се има колку-толку јасна слика.
Хамас не ли се овие кои ракетираа секојдневно врз Израел и ги принудија да ја почнат офанзивата со уништување на Газа појасот и тунелите? Не ли ѝм е целта да ја уништат државата Израел?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Ова е стара вест но сепак да те потсетам.
Путин потврди дека Русија ја признава Палестина
http://daily.mk/vesti/putin-potvrdi-deka-rusija-ja-priznava-palestina-2
Нека му служи на чест.

Но тоа не значи дека и ЕУ треба да ги следи постапките на Русија или на било која друга држава.

Едно е револуционерна организација која има свои револуционерни цели за кои се бори, а друго е терористичка организација која нема никакви национални или не знам какви цели, туку има за цел истребување на цел еден етнички и религиски ентитет.

Таквите организации можат да се нарекуваат само терористички и да бидат третирани како такви, а не да бидат легитимизирани од меѓународниот фактор.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Нека му служи на чест.

Но тоа не значи дека и ЕУ треба да ги следи постапките на Русија или на било која друга држава.
Јас мислам дека Палестина од сите европски земји ќе се признае, а после ЕУ, палестинците ќе бидат признати и од Русија.. Тркалото се врти против евреите..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Јас мислам дека Палестина од сите европски земји ќе се признае, а после ЕУ, палестинците ќе бидат признати и од Русија.. Тркалото се врти против евреите..
Палестинска држава никогаш не постоела во минатото, а ако воопшто биде признаена и почне да постои, доколку таа држава не го прифати Израел за свој сосед и доколку не одржува добрососедски односи со него, никогаш нема да биде држава врз цврсти темели.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ај па наскоро и ИСИС да ги признаат.
Патем, се слави во Тетово?
Друже сите овие терористички организации се производ на големите сили, ако треба ќе ги признаат и овие од ИСИС..[DOUBLEPOST=1418833933][/DOUBLEPOST]
Палестинска држава никогаш не постоела во минатото, а ако воопшто биде признаена и почне да постои, доколку таа држава не го прифати Израел за свој сосед и доколку не одржува добрососедски односи со него, никогаш нема да биде држава врз цврсти темели.
Чим се призна Косово може секој да се признае..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Друже сите овие терористички организации се производ на големите сили, ако треба ќе ги признаат и овие од ИСИС..

Чим се призна Косово може секој да се признае..
Убаво спомнав во пост #4 - ни Хитлер, ни Втора Светска Војна, ни Холокауст, ни ништо не им послужи како лекција, овие западни империјалисти се гладни и жедни за крвопролевање, кој не си учи од сопствената историја, осуден е истата да му се повтори.

Им дале легитимитет на Хитлер и нацистите во 1930-те години, па на крајот завојувале против нив и ги срамниле со земја.

Така и денес им даваат легитимитет на овие исламистички терористички ѓубриња и се додека не им заигра мечката во нивниот двор, ќе ги разгалуваат, а кога ќе им заигра мечката и во нивниот двор, ќе почнат и против нив да војуваат.

За жалење е човештвото кое е најголемата жртва на овие профитерски и нездрави игранки.
 
И Евреите и Арапите се исто лајно друго паковање..:гомце:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Се поконфузно станува да се следи меѓународната сцена и да се има колку-толку јасна слика.
Хамас не ли се овие кои ракетираа секојдневно врз Израел и ги принудија да ја почнат офанзивата со уништување на Газа појасот и тунелите? Не ли ѝм е целта да ја уништат државата Израел?
Да, тие се, и да, тоа е нивната цел.

И да, ЕУ штотуку го отвори патот за да ги легитимизира и за да ги признае како легална и легитимна власт во појасот Газа, со што ќе се отвори патот и за меѓусебна соработка помеѓу ЕУ и Хамас, и сето тоа пред лицето на Израел кој мора, како знае и умее, да го заштити сопственото население од овие исламистички терористички ѓубриња.

И Евреите и Арапите се исто лајно друго паковање..:гомце:
Можеби биле во минатото - не знам, но денес Евреите не напаѓаат цивилни цели, освен ако се нападнати од истите тие локации, а Израел како држава воопшто не се залага за истребување на не-израелските народи, за разлика од Хамас, во чија што основачка декларација, истребувањето на Евреите се спомнува како една од најосновните и најважните цели на Хамас.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Да, тие се, и да, тоа е нивната цел.

И да, ЕУ штотуку го отвори патот за да ги легитимизира и за да ги признае како легална и легитимна власт во појасот Газа, со што ќе се отвори патот и за меѓусебна соработка помеѓу ЕУ и Хамас, и сето тоа пред лицето на Израел кој мора, како знае и умее, да го заштити сопственото население од овие исламистички терористички ѓубриња.
Немој да ја заборавиш и Турција..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom