Суди го делото, а не расата!

Член од
10 јуни 2013
Мислења
176
Поени од реакции
232
Полесно ќе навикнеш мало куче на маска отколку големо. И јас сум за тоа да се спроведува законот. Не може некој мирот да го нарушува ни мене, а ни на моето куче додека шетаме. И законот важи и за големи и мали раси. Тоа што е мала раса не значи дека не може да направи штета. Треба да се стави крај со тие предрасуди ако е големо е страшно, ако е мало е слатко.
Јас се согласувам за носењето маски на кучињата, безразлика дали се мали или големи само прашав за малите кученцата, но сепак не е хумано да се шетаат кучињата секојдневно со тие маски посебно во жешково време, биделќи им сметаат на дишењето, како и треба да има повеќе паркови за кучиња за да можат да се истрчаат убаво,а не вака јас од Аеродром да идам до Парк за да го истрчам кучето.Тука(аеродром/ново лисиче) направија толку паркови за луге, неможеа едно местенце да оградат за кучиња.:cautious:
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Абе не се трипајте сите со муабетиве... нека обезбедат услови како што треба, после нека ми спроведуваат закони и нека казнуваат, ич око нема да ми трепне.
Ама нема фа*инг едно место во аеродром кај што можеш да истрчаш куче, они се трипаат и фураат маски и ланци... на мајкина му така.
Нека обезбеди услови, па после нека казнува све остало што не почитува. Не се гради куќа од покрив... ама изгледа во Мк и тоа ќе го воведат како закон! Ако нема покрив, не можеш темел да стаиш... племе нивно лешинарско!
Полесно ќе навикнеш мало куче на маска отколку големо. И јас сум за тоа да се спроведува законот. Не може некој мирот да го нарушува ни мене, а ни на моето куче додека шетаме. И законот важи и за големи и мали раси. Тоа што е мала раса не значи дека не може да направи штета. Треба да се стави крај со тие предрасуди ако е големо е страшно, ако е мало е слатко.
Не, Пепа, не е таков законот. Законот наведува заштитна опрема за одредени раси (под заштитна опрема не е наведено што, и воедно не се наведени големини на кучиња). Значи законот не е целосен, тотално контрадикторен е и додека не се прецизира, можете до утре да полемизирате на темава. И не постои виша сила што ќе ме натера на пинчот маска да му ставам... мислам, ајде сериозни да бидеме...Ротвајлерката носи маска на себе уште пред опинциве да се побунат за кучешките говна (пошто овие на кравиве и овциве, а богами и на децата нивни, подобро мирисаат) и за маски за истите... ама кога на Ото ќе му стаам маска, ја име ќе си мењам, не закони, што сакаат нека донесат!
Се додека ЧКЉ ми борат кучиња и закони за нив нема, нема закони ни за маски да има (ако не се обезбедат услови како што треба)!!!

И не туку поддржувајте глупости, не бидете мутави... нека средат услови, нека обезбедат простори (според европски стандарди) па после нека ми поставуваат европски закони и казни....
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Како голем љубител на кучиња (а не кучкар), морав да се вмешам во темава.
И покрај тоа што чувам домашни миленици цел живот, го подржувам законот за носење маска на СИТЕ раси на кучиња.
1.Нема причина зошто да не ја носат, до сега не сум слушнал куче да умре од што му било жешко од маската, или да се повреди.
2.Освен што се заштитени минувачите, заштитени се и кучињата да не јадат од земја, се намалува можноста да се отрујат (за труењето на животни во друга тема, иако мислам дека кај нас никогаш нема да се реши тоа)
3.Законот да биде за сите раси. Не е точно дека големите раси се поопасни, точно е дека последиците од нивни напад се пострашни, но сепак малите раси имаат поголема тенденција да нападнат без потреба. Едноставно не сакам јас или било кој што е со мене да чувствува страв кога се движи на јавно место:unsure:. Секогаш вашето милениче вас ви е најмило, и покрај тоа што знаете дека некогаш може да нападне без потреба, бидете реални и признајте си го тоа, и ставете му маска за да нема стресови ни за вас ни за останатите луѓе при прошетките.
4.Плаќање даноци за опасните раси на кучиња е непотребно, доколку секаде се почитува законот за маски.Што доколку чувам повеќе примероци на "опасна раса на кучиња" подолг период, и се донесе законот, и јас немам пари да плаќам данок? Не е работата само да се зима глоба од граѓаните по секоја цена и донесувајќи неиздржани закони.
5.Да се реши еднаш засекогаш проблемот со скитниците, а не само да се перат пари преку овој проблем, да се направи соодветно прифатилиште и хумано да се намали бројот плански, а не да се прават акции на УРА колку да се покаже нешто на ТВ.
6.Организациите за заштита на животни, стварно да бидат тоа, а не да ги има само каде што имаат интерес :cautious: Сепак прво се луѓето, па после животните, гледајте малку пошироко на проблемите, а не само да напаѓате и да ве манипулираат за разни игри со друга позадина.
7.Да се направат паркови за миленици во секоја населба, за да може на раат сите да се шетаат. Веќе има неколку во Скопје, и гледам дека добро функционираат, посетителите ги чуваат, но сепак на одреден период треба да се обноват.
Зошто законот важи само во Аеродром? Што е со другите населби, немаат ли комунални инспектори? Што е со другите градови, или кај нив кучињата не напаѓаат?
Цената на казната е од 100-400 еур! Од што зависи колку ќе ме казнат? Од големината на кучето, од големината на неговите заби, од тоа КОЈ сум или ЧИВ сум???
Слободно напаѓајте,фалете, ама нека биде тоа на културен начин ве молам,за да се разбереме
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Лошо е што се промовира понатамошно стагнирање во статус кво.
Подобро и мирните, социјализирани, и добро воспитани кучиња, да мораат да носат маска заедно со тие „опасните„... отколку неспособниве власти да регулираат „опасност„ кај кучињата, и тоа пост фестум (после несакан настан). Или ти можеби сметаш дека кај нас, во догледно време, е воопшто возможен било каков ефикасен скрининг на „опасните„ кучиња.

Освен тоа, ако нешто научив на овие подфоруми: тоа е дека малтене секое куче во некои ситуации може да биде опасно, исто како што секоја раса во многу ситуации може да биде безопасна... (ако е правилно социјализирани, дресирана, и ако власникот внимава на своето куче).


Затоа маска и поводник за СИТЕ кучиња, мое -твое -сечие, без дискриминација. Кога јас со моето куче се разминувам со некој што можеби има страв од кучиња, секој да се чуствува безбедно. Кога некој со проблематично куче се разминува со несвесни луѓе, да не се случи нешто несакано.

На крајот на краиштата разберете го тоа како културна потреба. Еве ние луѓето, во овие летни месеци барем, облека не носиме заради тоа што ни е ладно. Но ете постојат одредени општествени правила кои наложуваат носење облека, некогаш и со долги ракави, иако на сите ни е жешко.
Зошто тогаш од истите причини, (ако веќе не заради сите други логични потреби кои ги набројав) сите кучиња да не носат поводник и маска, кога веќе се движат во урбана средина заедно со луѓе.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Еве вака се решава проблем во нормален и цивилизиран свет! Замислете- нормален и цивилизиран свет, а во Мк се случува ова... :)

МВР: ЗАШТИТНИ МАСКИ САМО ЗА АГРЕСИВНИТЕ ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ
На носење маска треба да се инсистира само во случаи кога кучето е со непредвидлив, или агресивен карактер и кога може да предизвика опасност по луѓето и другите животни, велат од МВР

Фокус
МВР одговори на претставката на здружението „Анима Мунди“, кое реагираше откако неколкумина граѓани од општината Аеродром деновиве беа казнети бидејќи нивните миленици не носеле заштитни маски.

Во одговорот на МВР се вели дека во целост се согласуваат со ставот на здружението дека „на носење маска треба да се инсистира само во случаи кога кучето е со непредвидлив, или агресивен карактер и кога може да предизвика опасност по луѓето и другите животни“.

„Очекуваме дека по овој одговор, кој ќе го приложиме до општина Аеродром и до полициската станица Аеродром, како и сите останати полициски станици во Македонија, веднаш ќе следи корекција на Одлуката за задолжително носење на маски на сите кучиња во општината, без било каков исклучок – т.е ќе се овозможи шетање на мирните неагресивните животни без маска, но со задолжителен надзор од нивните сопственици“, велат од „Анима Мунди“.

Инаку, на подрачјето на Скопје, од почетоков на годинава четири граѓани се пожалиле на повреди, односно дека биле нападнати и каснати од агресивни домашни миленици. Во овие случаи е поднесена соодветна пријава против сопствениците. Вкупно во 20 случаи од страна на СВР Скопје по истиот член се поднесени соодветни прекршочни пријави.


Aнима Мунди-

МВР одговори на нашите реакции - МВР СЕ СОГЛАСУВА СО АНИМА МУНДИ
МВР одговори на нашите реакции - ГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗА ГОЛЕМА ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ДО МВР!

Со огромно задоволство информираме дека по нашите реакции и јавно обраќање до Министерката Гордана Јанкулоска [1] (Обраќање и повик за личен ангажман во однос на толкувањето и примената начлен 29 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир - писмо во прилог) и барање за толкување и примена на членот 29 на на начин на кој сопствениците накучиња кои се неагресивни, мирни и социјализирани нема да бидат обврзани да на истите им ставаат маска; или пакказнувани за неставање на маска на својот миленик;
добивме Одговор од Министерството кој помогна да ги разрешиме дилемите икој ќе обезбеди соодветна примена на одредбата на Законот во општина Аеродром ипошироко.

Целиот допис, потпишан од Помошникот на Министерот г-дин Иво Котевски Ви го доставуваме во прилог (Одговор за Анима Мунди).
Цитираме извадок:
„Дозволете да сесогласиме со вас дека на носење маска треба да се инсистира само во случаи когакучето е со непредвидлив, или агресивен карактер и кога може да предизвикаопасност по луѓето и другите животни.“

Искажуваме јавна благодарност на Министерството за внатрешни работи, Министерката Гордана Јанкулоска и Помошник Министерот Иво Котески за разбирањето и промптниот одговор кој без сомнение ќе помогне да заштитата на граѓаните, сите и без исклучоци - и оние кои имаат и оние кои немаат миленик. Се надеваме дека ќе имаме соодветна соработка и во иднина.
Очекуваме дека по овој Одговор, кој ќе го приложиме во општина Аеродром, полициската станица Аеродром, како и сите останати полициски станици во Република Македонија, веднаш ќе уследи корекција на Одлуката за задолжително носење намаски на сите кучиња во општината, без било каков исклучок - т.е ќе се овозможи шетање на мирнитенеагресивните животни без маска,но со задолжителен надзор од нивните сопственици.

Со почит,
Активисти на Анима Мунди
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
А да прашам јас, критериумот агресивност како или кој определува и рангира? :D
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Кога јас се јавив во општина и прашав што треба да се случи за да одземат агресивно куче на сопственик, добив одговор:
Првиот пат кога ќе те нападне, ќе пријавиш во полиција, и ќе направат записник под кои околности кучето ме нападнало.
Вториот пат кога ќе те нападне, кучето се одзема на сопственикот.
Наградно прашање: Што подразбира под напад?Дали да дозволам да ме касне за рака/нога, за да можам да викнам полиција? Сопственикот има 10 такви кучиња, значи треба да се жртвувам 20 пати за да ги одземат??
Одговорот беше:не е дефинирано во законот!
И после се чудиме зошто луѓето сами го земаат законот во свои раце:facepalm:
Ова со маскиве е само мачкање очи, секое чудо за 3 дена.
Еве некои прашања од мене, и до АНИМА (изгледа само они се за "заштита на животните") и до законодавците.

Зошто законот важи само во Аеродром? Што е со другите населби, немаат ли комунални инспектори? Што е со другите градови, или кај нив кучињата не напаѓаат?
Цената на казната е од 100-400 еур! Од што зависи колку ќе ме казнат? Од големината на кучето, од големината на неговите заби, од тоа КОЈ сум или ЧИВ сум???

п.с. Изгледа само друштво за заштита на луѓето немаме
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Кога јас се јавив во општина и прашав што треба да се случи за да одземат агресивно куче на сопственик, добив одговор:
Првиот пат кога ќе те нападне, ќе пријавиш во полиција, и ќе направат записник под кои околности кучето ме нападнало.
Вториот пат кога ќе те нападне, кучето се одзема на сопственикот.
Наградно прашање: Што подразбира под напад?Дали да дозволам да ме касне за рака/нога, за да можам да викнам полиција? Сопственикот има 10 такви кучиња, значи треба да се жртвувам 20 пати за да ги одземат??
Одговорот беше:не е дефинирано во законот!
И после се чудиме зошто луѓето сами го земаат законот во свои раце:facepalm:
Ова со маскиве е само мачкање очи, секое чудо за 3 дена.
Еве некои прашања од мене, и до АНИМА (изгледа само они се за "заштита на животните") и до законодавците.

Зошто законот важи само во Аеродром? Што е со другите населби, немаат ли комунални инспектори? Што е со другите градови, или кај нив кучињата не напаѓаат?
Цената на казната е од 100-400 еур! Од што зависи колку ќе ме казнат? Од големината на кучето, од големината на неговите заби, од тоа КОЈ сум или ЧИВ сум???

п.с. Изгледа само друштво за заштита на луѓето немаме
Не станува збор само за аеродром, луѓе, читате не дочитувате, станува збор за измени во закон! А закон не важи само во една населба или град.
Воедно, кога се осеќаш загрозена, не мораш да пријавиш само во полиција. Секогаш можеш да ги известиш АХВ, инспектори кои со сигурност излегуваат на терен.
Доколку се утврдат неправилност, се знае- ќе има санкции. И пред да почнете со плукање по АМ, секогаш можете да им се обратите и на нив, и они да пријават до АХВ место вас, се што ќе треба да направите е да им доставите материјал, за загрозена безбедност (што не подразбира само напад да се разбереме), нехуман третман, и кршење на законите за благосостојба.

П.С. кучето можеби е агресивно, но ако до сега немало никакви инциденти со него, односно не нападнало никого и е под константен надзор на сопственик, зашто сакаш да му го одземат? Не ја разбирам логиката...?[DOUBLEPOST=1407412843][/DOUBLEPOST]
А да прашам јас, критериумот агресивност како или кој определува и рангира? :D
Самиот сопственик. Барем сега за сега.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Едуцирај ме што е АХВ?
Пријавив и во полиција, и во комунална инспекција, излегоа на терен, немало неправилности.
На дописот со кој пријавивме, бевме потпишани 15 куќи, местото и околу него смрди на измет, не се спие од деноноќно лаење, кучињата често се излезени и се кај луѓето пред врата, нападнаа дете пред некоја недела (за среќа не го каснаа бидејќи притрча таткото). Сопствениците се дел од нивното "непрофитабилно здружение", и не сваќам од кога едно здружение е посилно од законите на земјава.
Со АМ (цитирам) неколку пати сум ИМАЛ контакт и на маил и на ФБ, и за отруени кучиња, и за напад на кучиња, и според нивните теории кучето е секогаш во право.
Затоа реков, изгледа во земјава само друштво за заштита на луѓето фали.
АМ изгледа ги има само кога треба да се напаѓа Вардариште (ептен се сложувам дека треба поинаку да работи), или кога треба да се појавуваат и промовираат по телевизија.
По твојот однос претходно не очекувам поинаков одговор од нивниот,ама може ќе се изненадам
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Едуцирај ме што е АХВ?
Пријавив и во полиција, и во комунална инспекција, излегоа на терен, немало неправилности.
На дописот со кој пријавивме, бевме потпишани 15 куќи, местото и околу него смрди на измет, не се спие од деноноќно лаење, кучињата често се излезени и се кај луѓето пред врата, нападнаа дете пред некоја недела (за среќа не го каснаа бидејќи притрча таткото). Сопствениците се дел од нивното "непрофитабилно здружение", и не сваќам од кога едно здружение е посилно од законите на земјава.
Со АМ (цитирам) неколку пати сум ИМАЛ контакт и на маил и на ФБ, и за отруени кучиња, и за напад на кучиња, и според нивните теории кучето е секогаш во право.
Затоа реков, изгледа во земјава само друштво за заштита на луѓето фали.
АМ изгледа ги има само кога треба да се напаѓа Вардариште (ептен се сложувам дека треба поинаку да работи), или кога треба да се појавуваат и промовираат по телевизија.
По твојот однос претходно не очекувам поинаков одговор од нивниот,ама може ќе се изненадам
АХВ ти е Агенција за храна и ветерина.
Доколку мириса премногу, секогаш можеш да настојуваш кон тоа дека ја загадуваат средината (со тоа само може даим наложат подобра инфраструктура), ако нападнало кучето дете, ете ви причина за пријавување (доколку тоа навистина се случило и некој сведочи за тој напад).
Воедно, ете дошле инспектори на терен и виделе дека нема неправилност. За бучавата, секогаш постои опција за нарушување на јавен ред и мир. Ќе дојдат, ќе снимаат и ќе видат дали има основ да се реагира.
Но внимавај, ако неколку пати (мислам дека беше 3) пријавиш и утврдат дека нема неправилност, ќе си папаш казна за лажно пријавување. Затоа прво биди чист со себе дали тоа што го бараш од надлежните е стварно противзаконски. Доколку ти требаат повеќе совети, како да настапиш (во ситуација доколку навистина си во право), можеш да ми пишеш на ПП и да ти дадам контакти- адвокатот на АМ, и да образложиш што се случува и заедно да се утврдат неправилностите.

За едно нешто си грешка во врска со АМ. Де факто дека се здружение за заштита на животни и тоа е нивна кауза на која остро се придржуваат (што секаде во светов имаш такви здруженија), но не значи дека луѓето не се битни.
Конкретно, законот за маски е повеќе бранење на правата на граѓаните, него ли на самите животни, животните нема да плаќаат 400 евра казна, туку луѓето. Парковите за миленици, кои што исто така ги баа здружението, се за да се олесни животот на луѓето. Корпите за отпад кои што се поставени на повеќе локации, се за да се заштити животната средина. Константно работат на повеќе измени на закони за благосостојба, кои и ТЕ КАКО се потребни во моментов, 2 милиони народ а поголемиот дел од нив се тешки психопатии и злоставувачи. Поразвиените земји имаат и полиции за животни, кои работат турбо! Ние имаме едно здружение кое се обидува се само да издејствува, кое што константно се соочува со затворени врати од страна на политичарите и надлежните, а ти сакаш да кажеш дека биле помоќни од нив? Немој!
Те повикувам само една недела да бидеш волонтер во тоа здружение, па ќе видиме дали ќе го задржиш сеуште тој став према нив.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Сум бил волонтер, и тоа се сизифови маки, безцелно прават нешто. Ги вадат кучињата од Вардариште, и ги пуштаат по улици. Ги згрижуваат во станови, на плацеви, се расправаат со комшии итн....
Од тогаш реков,се додека немаат политичка подршка нема да има резултати. Ама они зборат против сите, негативна им е кампањата, и со плукање по сите нема да има ефект.

За мојот случај, пријавено од 15 куќи, писмено, излегоа на терен, и немало нерегуларности. Ние 50 души сме слепи, глуви, или они замижуваат пред моќта на парите? Со цел ден седење во канцеларија не се врши нивната работа. Зошто да дозволат да пријавува некој, нивна задача е да одат по локации и да гледаат неправилности. Телефонски одговор добив: не можеме да реагираме, ќе ни се закачат АМ и ќе ми направат проблеми. Ќе ти пишам ПП да не ги замараме другиве.

п.с. Во потполност го поддржувам законот СИТЕ кучиња да МОРА да носат маски при шетање во јавност. Нема причина зошто да не носат. Луѓето пред кучињата
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Од една страна го поддржувам проектот на општина Аеродром за задолжителна маска и поводник за сите кучиња.....понатаму ќе образложам и зошто. Но кому општина Аеродром ќе му пише пријава за бездомните кучиња на нејзина територија? На град Скопје? На Вардариште? Сами на себе?

Не постојат опасни и неопасни кучиња? Постојат само одговорни и неодговорни сопственици и непредвидливи ситуации.

Вашето куче може да биде највоспитано и најмирно, но што ако дојде некое невоспитано дете од неодговорен родител и го удри? Нормално кучето ќе реагира и ќе биде во право, но во пракса секогаш вината ќе биде префрлена на кучето.

Завчера бев сведок на една бизарна случка. Девојче од околу 14 години стои пред продавница и држи на ПОВОДНИК хаска БЕЗ ЗАШТИТНА МАСКА. Поминува постара госпоѓа и покрај неа пудла БЕЗ ПОВОДНИК и БЕЗ МАСКА. Пудлата и се пушта на хаската по што хаската возврати. Па имаше колнење, пцуење, кавги и слично.
 
Член од
21 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
144
На мојата улица живеат едни луѓе што постојано чуваа кучиња. Без разлика од расата, кучињата секогаш беа агресивни, ми се има случено неколку пати да ме нападнат... Јас лично многу пати имам чувано куче и никогаш ни едно не било агресивно.
Една случка ќе ја памтам секогаш. Една зимска вечер се враќав од факултет и еден дечко си го истрчуваше кучето, аргентинска дога. Ова целото залетано тргна директно во мене, ми се пикна под нозе и почна да се гали. Ми идеше да го гушнам, а може и го :D Тоа куче беше најмилото суштество што некогаш сум го видела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom