Субјективниот фактор и преголемото его, главна причина за најголемиот број на сообраќајни незгоди?

  • Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување

Дали Вие мислите дека преголемото его е главна причина за најголемиот број на сообраќајни незгоди?

  • Да

  • Не


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
L

Löwe

Гостин
Секојдневно сме сведоци на разноразни сообраќајни незгоди. Со или без жртви. Звукот на сирената на брзата помош веќе стана препознатлив за секој еден човек. Речиси и да нема ден а да не се слушне тој звук. Кои се причините за тоа? Дали субјективниот фактор и преголемото его на сите учесници во собраќајот имаат влијание во тоа?

Фејсбук групата “Ѕидот на сообраќајниот срам” e една од најбројните и најактивните Македонски групи. Брои 47 084 членови и секојдневно изобилува со премногу фотографии на кои што се гледаат очигледни прекшроци во сообраќајот. За потребите на еден факултетски предмет, направивме истражување со анкета поставена токму во оваа група со цел да се обидеме да ги најдеме причините за огромниот број на секојдневни прекршоци и незгоди кои се случуваат. Подолу следи илустрација на одговорите на анкетата заедно со прашањата.
upload_2017-5-4_2-28-56.png upload_2017-5-4_2-29-33.png upload_2017-5-4_2-29-42.png upload_2017-5-4_2-29-48.png upload_2017-5-4_2-30-0.png upload_2017-5-4_2-25-20.png
Од првите две прашања гледаме дека скоро сите се согласни дека нивото на сообраќајна култура во Македонија е мало, но затоа пак сопственото ниво на сообраќајна култура секој високо го цени. Следното две прашања ни укажуваат на тоа дека, и покрај големиот број од испитаниците кои учестувавале во сообраќајна незгода, речиси сите се сметаат за потполно невини во истата таа незгода. А од следните две прашањеа повторно гледаме дека најголем број од испитаните (91%) барем еднаш поминале на црвено како пешаци па дури и 35% и како шофери на моторно возило.
Она што може да се заклучи од анкетата е тоа дека самокритичноста во своите сопствени шоферски способнисти и во културата на сообраќајот е премала кај нашиот народ. Ние сме убедени дека тоа е една од најголемите причини за големиот број сообраќајни незгоди. Затоа, прекинете да мислите дека токму вие сте оној кој што секогаш има предност на минување, секогаш вие сте во право и слично. Тргнете прво од самите себеси, почитувајте ги правилата и зголемете ја Вашата самокритичност. Не сте секогаш само Вие во право. Подобро 5 минути покасно отколку цел живот порано.

Koj e Вашиот став?
п.с. Разлгедував низ форумите и неможев баш да се одлучам во кој форум да ја поставам темава. Доколку не е на соодветно место, нека биде преместена каде што е посодветно.
 
Последно уредено од модератор:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Triple E:

Education
Engineering
Enforcement

Тука се зема во предвид и теоријата на компензација на ризик, според доктрината за превенција на сооб. незгоди, посебно за земји во развој како што е РМ. Нагло зголемување на степен на моторизиација, понов тип на возила со повисоки тех-експлоатациони к-ки и зголемена безбедност, но со тоа и поризично возење и сл...компензација на ризик и сл. Трите Е фактори подетално сте ги разглабале на колеџ сигурно, ме интересира само каде и што подетално, кој репрезентативен примерок е земен и сл. Зависи од кој аспект се зема, сооб. незгода е мн комплкесен процес кој се одвива во исклучително кратко време, етиолошки, уште покомплексна причинско последична врска. Сооб. психологија и бихејвиоризам на возачи и учеснции во сооб и сл...

Да додам, одговор на прашањето е едно големо НЕ, едноставно, сооб. култура гледано само и сам одо аспект на возачите и останатите учесници на сооб. е недостаток од пред се едукација, но и субјективната репресија кон прекршителите...коа ке ја рашириме доаѓаме до правосуден, образовен и остала системска проблематика. Регресија, не моеш траснпортен комплексен систем и неговат проблематика да ја доведеш на ваков тип прашања.[DOUBLEPOST=1493898506][/DOUBLEPOST]Актуелно,

Повелба на Република Македонија за РСБСП

За исклучителниот придонес во подобрувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на патиштата, како и за унапредувањето и развивањето на сообраќајното образование, култура и етика претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата му додели Повелба на Република Македонија.
На свеченоста во претседателската резиденција, на која присуствуваа голем број гости од различни институции, Иванов истакна дека не може да не забележиме оти од година во година задачата на Републичкиот совет за безбедност на патиштата станува се посложена поради бројни фактори како што се зголемен број возила на патиштата, несовесно користење на современите технологии, особено мобилните телефони за време на возењето, но и како што посочи, политичките кризи, неизвесноста и непредвидливоста кои ги изложуваат граѓаните на постојан стрес.

– Собрани заедно овие фактори го намалија трпението и почитувањето на сообраќајните правила и го зголемија бројот на сообраќајни несреќи кои за жал станаа наше секојдневие. Секое утро се будиме со статистики за тоа колку несреќи имало во претходниот ден. Само во 2013 година дневно во просек имало по 11 тешки сообраќајни незгоди. Во таа фатална година секоја десетта жртва била дете. Годишно во РМ меѓу 160 и 170 лица ги губат животите во сообраќајни несреќи. Бројот на повредените е многупати поголем. Тоа се многу предвреме прекинати животи, неискористени можности и неостварени соништа. Тоа е голема загуба за семејството, за општеството и за државата, рече Иванов.
Во насока на остварување на крајната цел во дејствувањето на Републичкиот совет, а тоа е заштитата на човечкиот живот, Иванов истакна дека оваа Повелба за РСБСП која годинава одбележува 55 години од формирањето, е и обврска да продолжи да ја развива сообраќајната култура и етика.

– Ниту нови патишта, ниту нови закони, ниту повисоки казни и постоги санкции сами по себе нема да ја намалат смртноста ако истовремено не работиме на развивање на сообраќајната култура и етика.Таа култура и етика треба да се гради и пренесува преку семејствата, училиштата, автошколите се додека не прерасне во општо прифатена општествена навика. Сите ние треба да работиме на создавањето на таа навика, рече Иванов потсетувајќи на неговиот говор од минатата година на отворањето на Регионалната конференција за безбедност.
Но, за тоа, додаде, неопходен е еднаков третман на сите пред законите. Потребна е, рече, соработка во рамки на системот, ангажирање на јавниот и на приватниот сектор, осигурителните компании, академската заедница, цивилното општетство и медиумите. – Само така ќе изградиме безбедност во сообраќајот, истакна претседателот Иванов.

Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски заблагодарувајќи се истакна дека признанието, претставува заслуга на сите кои изминатите 55 години се вложиле во работата на Советот, а тоа е унапредување на сообраќајното превентивно дејствување во РМ и намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди.

– Признанието „Повелба на Република Македонија“ не прави особено горди, затоа што ја отсликува нашата определба секогаш да се стремиме кон најдоброто, но истовремено да придонесеме и за доброто на зедницата кон која припаѓаме. Денес на овој важен ден на нашата институција можам да ветам дека РСБСП во иднина ќе работи уште помотивирано со една цел – одговорни возачи, безбедни патишта и сообраќај без жртви, рече Стаменковски.Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата е советодавно тело на Собранието на Република Македонија. Формиран е во 1962 година како посебно стручно тело во тогашниот Државен секретаријат за внатрешни работи. Во текот на своето долгогодишно дејствување, РСБСП прерасна во едно од водечките тела во државата кој покрај основните задачи за унапредување и развивање на сообраќајното образование, воспитание, култура и етика, е и еден од главните иницијатори за имплементација на мерки за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и координатор при дејствувањето на повеќе надлежни субјекти при нивната имплементација.

Во Македонија има Сообраќаен факултет, на Технички Факултет во Битола, само што никој од професорскиот кадар од таму не е член на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата, јебига, партократија,кронизам...
 
Последно уредено:
K

kicodarker

Гостин
Многу битен ама запоставен фактор кај нас. Сообраќајот ќе се среди кога ќе се излечат комплексите на сите македонци што до вчера со југото не можеше повеќе од 60 да крени...а сега пусто БНВ 320ка преку 200 крева.
Проблем се и автошколите кои површно ја вршат работата,затоа што тоа им е начин на заработка за
живот.Кога ќе се редефинира начинот на воспитување на младите возачи,казните нема да се делат селективно,ќе се воведе и медиумска поткрепа на истото,ќе има напредок.
И како еден побитен фактор што јас мислам дека ништо не може да го побие, а тоа е балканскиот лајфстајл “шо го ебам“. Без никаква причина,пусти мерак да се прекшри некое правило,да се направи чалам “пушете сељаци на црвено,јас заминав..“
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Толку од дискусијата?
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
проблемот највеќе е кај родителите, од 18 години одма штом земат возачка им даваат коли, автошкола има едукациона вредност 0, морал и вредности во опшество 0, прво нешто што се објаснува на шофер кога влегува во кола е дека држење пиштол и волан е исто, не знаеш кога може да испали
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
@Löwe , кралу, ја зачна темата и исчезна, кога сме кај сообраќјни незгоди, еве нешто актуелно, актерот Владо Јовановски тврди дека е жртва на удбашка местенка,
Актерот Владо Јовановски учествувал во сообраќајка, се бранел дека му подметнале
многу често се користи сообраќајната комлексност да прикрие одредени моменти како атентат и заплашување под терминот незгода, речиси никогаш неможе цврсто да се утврди позадината, или ова за др тема :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
проблемот највеќе е кај родителите, од 18 години одма штом земат возачка им даваат коли
И што има врска ова, па не си положиш за дозволата прашина да ти фаќа. Ако не ја земаш сам колата, никогаш нема да возиш потоа.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
епа ете тоа што го спомна + тестостерон +18 години = насловот на темата
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
епа ете тоа што го спомна + тестостерон +18 години = насловот на темата
Пак не ти држи вода, што сум спомнала јас? Ако не покажеш храброст откако си положил да ја земаш колата ќе станеш како оние што пола саат им треба да свртат налево или уште 45 минути да се паркираат косо, за паралелно да не правам муабет.

До човекот и до воспитувањето е, најдобро објасни Кицо погоре. Ако си сељак да го правиш тоа што го напиша, ќе го правиш и на 18 и на 38.
 
L

Löwe

Гостин
Нема врска годините. Многу често најлошите шофери се мислам 50+. Као демек "искусни" и се курчат како тие цело време се во предност ова она, брзаат секаде и слично.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
ретки се тие 50 +,, дете да испие една ракија и да земе волан мисли дека е аладин на летечки килим
 

Kajgana Shop

На врв Bottom