Субвенции за тутун ..

Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Плаќаат данок на крај на година, купуваат препарати/механизација/нафта/ѓубрива и од се ова има ќар има и државата и луѓето кои се во таа индустрија.

И сега сакаш да кажеш дека не треба дел од овие пари да им се враќаат во вид на инвестиции или помош/подршка ? Значи за сите други има пари а нив кој ги е..
Јас не те познавам не знам дали си од село, со што се занимаваш или дали работиш земјоделие, колку хекатари имаш итн. Па со самото тоа не можам да се ставам во твоја кожа, сите го гледаме сопствениот интерес, но ако го гледаме интересот на државата, есапот така да се изразам, ова е крајно непродуктивна мерка, државата доколку сака има многу други начини да помогне и со тоа не само да го празни, туку и да го полни буџетот, имаше идеја за т.н берза за земјоделски производи, како организиран пазар за производи, функционални здруженија кои ќе ја формираат цената на производите, контролиран увоз, откупни центри со поголема конкуренција како што и самиот напомена, оформување на законска рамка со поголема контрола на откопувачите и нивното самоволие, создавање услови за создавање на поголеми извозници и откупувачи како Агрокор што е во Хрватска (иако е лош пример, сега за сега) кои ќе бидат главни носители на пазарот. Лесно е да се задолжил и сите се среќни, но тешко е да создадеш функционален систем. Не сакам повеќе да дебатирам на оваа тема, ова не води никаде, овие предлози земјоделците мораат да ги стават пред парламентот или владата, преку непартиски здруженија. Мора земјоделието да биде регулирано со соодветна законска рамка, за ова мора да се сложат сите земјоделци без правење на поделби.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.053
Поени од реакции
1.176
нетреба да го знаеш или да се ставаш во неговата кожа, потребно е само едно објективно согледување на состојбата а тоа е следново:
еве еден прост пример си биле тројца луѓе и во во месец март:
  • еден човек сади тутун,
  • фториот отвара бутик,
  • третиот купува кола и вади лиценца за таксист,
по неколку месеци пр. во јули на земјоделецот ќе му го удри град тутунот и нема заработувачка, во исто време поради било која причина ќе му пропадне бизнисот со бутикот на фториот човек а на таксистот ќе му зариба колата и која е разликата сите остаанаа без планираната заработувачка?
Ама додека фториот и третиот ќе бидат оставени сами насебе од почеток до крај нема подршка од никаде и никој, замјоделецот ќе плачи и кука да му помогне државата (да плати оштета за тоа што удрило град +субвенција во било кој облик) и претходните двајца оти останал без планираната заработувачка.
не се ситам на маката на земјоделците ама мора да си сватат дека и ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Е БИЗНИС ВО КОЈ ИЛИ ОДИШ НАПРЕД ИЛИ ПРОПАЃАШ !!!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.564

Ме интересира дали некогаш си работел некакво земјоделие и дали си видел конкретно колкава оштета исплаќаат и по колку време доаѓаат парите за оштета од невреме?
Во моментов не постои клима за развиток на мали бизниси, со моменталните политики есапот им излегува само на тие што се врзани со власт или што фаќаат работа преку врски.
Уште поголем проблем скоро во секоја област е тоа што сами си ги туркаат сите цените на тендерите и општо на услугите.
Ако се платени доволно производите, на никој не му требаат субвенции, но државичкава наша не ти дава можност да го извезеш продуктот, а уште ти пика од надвор, јас се согласувам да нема субвенции, но се додека не се продаде по соодветната цена за секоја класа домашниот продукт да не се увезува од надвор и да има пласман по реални цени кон странските пазари.

Еве кај одеа промашени пари, не на субвенциите.
barok.jpg
 
Прегледај го приврзокот 172587
за ова со сликава веќе се произнесов погоре на темата да не се повторувам (позалудно потрошени пари од кредити здравје), а и да имаме и земја, работиме лозје, плус доплонително за домашни потреби нешто ситно.
иако несакам на прашање со прашање да ти одговорам ама морам:
  • Ајде да видиме кој во приватен сектор (трговија, прехрамбена, текстилна, кожарска, металопреработувачка, вработените во странските инвестициски компании...) е платен толку колку што треба за да може на земјоделецот да му го плати производот толку колку што него му требаат пари.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.564
за ова со сликава веќе се произнесов погоре на темата да не се повторувам (позалудно потрошени пари од кредити здравје), а и да имаме и земја, работиме лозје, плус доплонително за домашни потреби нешто ситно.
иако несакам на прашање со прашање да ти одговорам ама морам:
  • Ајде да видиме кој во приватен сектор (трговија, прехрамбена, текстилна, кожарска, металопреработувачка, вработените во странските инвестициски компании...) е платен толку колку што треба за да може на земјоделецот да му го плати производот толку колку што него му требаат пари.
Јас ако одам по логиката дека немам субвенции и треба да го пласимра производот по цена исплатлива за мене нема да размислувам колку си ти платен, ако се сложни сите и утре не попуштат подолу од 100ка цело лето за кг домати ти може на глава да се исправиш, но за да јадеш ќе платиш, ако ти немаш, некој друг има и со помалку труд земјоделецот ќе извади исто пари, е сега во ова најмногу дупи државата, со тоа што ќе увези од соседството и ќе ги турни цените.
Кај тутунот конкретно државата не лимитира да мора да го дадеме на локалните откупувачи кои пак постојано се политички ориентирани и не дупат во здрав мозок, јас лично не смеам да го извезам надвор, ако пробам на граница ќе ми го одземат.
Ти пишав и погоре, најмногу во сите бизниси самите си ги турка македончето цените, ако си учествувал по тендери сигурно знаеш какви акробации се случуваат таму и колку често некој ќе ти земе тендер со цена која не ги покрива ни основните давачки ако се оди по пропис.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Само во нашава држава е можно да се плука и руга по земјоделие, а насекаде во светот да има разни стимули и поддршки. Бравос. Копуци едни.
За членот погоре шо ми кажува да се работело ИТ и да се одело во Скопје, нека чукни главата, не живее во Сан Франциско! Исто како јас да му кажам сега на некого да престани да биди сиромашен...Изгледа не ви стана јасно дека зборот СУБВЕНЦИЈА во Мкд има друго значење..Да се заборчиш кај некого 20 денари и по месец дена да му вратиш 10 денари и за другите 10 да му речиш еве ти ги од мене овие како награда. На многумина не му е јасно дека тутунарите работат за администрацијата се курчи со илјада евра плата, ама пикнати со главите во екраните со политичка пропаганда и тешко да имаат мозок да размислат.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Се зборува дека современото земјоделство во Македонија ќе дојде на 31.02.2018 :D:ROFLMAO::LOL::pos::tapp:(n)
 
Член од
3 мај 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Lujge site vikate zosto subvencii da ve prasam dali ste gi visle cenite na tutunot 200 den po kg ??? A zamislete edna kutija cigari 100 den ??? za 30gr??? hahaha mn ste smesni decki .. A subvencite za zemjodelcite ne oda vo koli vrati kurci palci .. subvencite odat za rashodot vo zemjodelieto pr gorivo mehanizacija i dr ..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom