Студирање во странство

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Не е само да се запишиш таму со 0 партиципација или со 100 евра семестар. Животот е скап, месечно 400 -500 евра ти требаат за приватно сместување и живеење во австрија, германија, шведска , англија, франција итн. Плус гледајте како се рангирани универзитетите јас имам другар студира германија на премногу високо рангиран универзитет и плаќа се на се 30 000 евра годината . Квалитетно образование за ич пари нема освен ако не си земеш некоја фул стипендија и се прднуваш од учење или ти дадат од поволен кредит. :smir:
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952

Е шо напраи па и ти сеа, 30 000 евра годишно. И ја студирам на најдобриот машински факултет во Германија па се на се не ме фаќа повеќе од 6 000 евра цела година, тој другар ти ако у палата живее и вози Мерцедес тоа е друга работа, реално гледано за еден просечен студентски живот не ти требаат повеќе од максимум 6.500 евра годишно (за сите трошоци се вкупно). Просечна кирија во Германија е 250-300 евра, евентуално до 350 ако сакаш во нешто подобро, од кај измисли ти 400-500 евра, за таа цена можеш 3-4 собен стан да изнајмуваш, не претерувај. Се на се кирија плус храна плус искачање плус сите други месечни трошоци за (нормален!) живот се фаќа МАКСИМУМ 450 евра... ако множиш по 12 тоа ти се 5400 годишно. Плус ако додадеш школарина (зависно од универзитетот) и за превоз коа ќе идеш накај Мк се ваќа околу 6000 евра, а не 30 000 ко ти што кажуваш. И тоа рачунај дека Штутгарт е еден од поскапите градови во Германија, ако си во некое помало гратче и поефтино ќе те фаќа...
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Некој да не знае нешто повеќе за некој универзитет во Швајцарија, Економски факултет, по можност на англиски да е и дали нешто признаваат положени испити. Секаква информација е добредојдена. :)
Гледам повторно се активира темата, па да си прашам јас пак :) Anybody?
 
Z

ziko bt

Гостин
Друже, мене ме интересира ептен Словенија, посебно откако го воведоа бесплатното студирање за македонци. Кажи ти од кој град си, како студент си таму, како животот, стандардот, редовни (животни) трошоци, сместување, ќирии .. СЕ :)

Ќе те измачам можеби малце од пишување, ама фала ти од напред. :) :)
бесплатно студирање во Словенија?
кажи жити се кај пиши такво нешто?:nesvest:
пред 3недели пишав меил на тој Љубљанскиот унверзитет ми велат за неСловенци требало да се плака целосна партиципација :( (отсем ако ме немат погрешно сватено)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856

Толку знат тие од Универзитетот да ти кажат. Сакат да лапнат пари, не му е во интерес да не платиш :) а најверојатно е дека не се запознаени.

Али како и да е ... ако не си аплицирал касно е веќе за оваја година.
 
за два дена сум го пробил рокот за аплицирање :) видов имаше пишано после мај пак имало запишвање ама ваљда е поминат рокот за странци
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Е шо напраи па и ти сеа, 30 000 евра годишно. И ја студирам на најдобриот машински факултет во Германија па се на се не ме фаќа повеќе од 6 000 евра цела година, тој другар ти ако у палата живее и вози Мерцедес тоа е друга работа, реално гледано за еден просечен студентски живот не ти требаат повеќе од максимум 6.500 евра годишно (за сите трошоци се вкупно). Просечна кирија во Германија е 250-300 евра, евентуално до 350 ако сакаш во нешто подобро, од кај измисли ти 400-500 евра, за таа цена можеш 3-4 собен стан да изнајмуваш, не претерувај. Се на се кирија плус храна плус искачање плус сите други месечни трошоци за (нормален!) живот се фаќа МАКСИМУМ 450 евра... ако множиш по 12 тоа ти се 5400 годишно. Плус ако додадеш школарина (зависно од универзитетот) и за превоз коа ќе идеш накај Мк се ваќа околу 6000 евра, а не 30 000 ко ти што кажуваш. И тоа рачунај дека Штутгарт е еден од поскапите градови во Германија, ако си во некое помало гратче и поефтино ќе те фаќа...

Студира на Jacobs University во Бремен :) приватен универзитет .
Инаку за цените кладов од прилика онака, пошто јас сум во Бугарија во Софија и по ова што кажваш тука е. За Бугарија требат најмногу 5 000 евра годината ако си приватно сместен.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Студира на Jacobs University во Бремен :) приватен универзитет .
Инаку за цените кладов од прилика онака, пошто јас сум во Бугарија во Софија и по ова што кажваш тука е. За Бугарија требат најмногу 5 000 евра годината ако си приватно сместен.
Ааа, тоа е веќе друга прикаска... Али у секој случај, не би рекол дека е тој баш „врвен универзитет“??? Приватните се далеку послаби него државните (исто како и во Македонија) така да не би го рачунал тоа како многу „квалитетно образование“. Мислам добро, не викам дека е слаб (не е како фон или овие кај нас) али сепак јавните универзитети се подобро рангирани, и од друга страна 5 пати поефтини, така да не секогаш поквалитетното образование кошта повеќе пари. Али у секој случај се слагам со тоа што сакаше да го кажеш: сите само прашуваат колку е школарина и по тоа се затрчуваат, а забораваат дека уствари тоа е само 10% од трошокот на студии во странство, највеќе пари секогаш одат на живот и кирија, а тоа сите го ставаат во втор план (кога прашуваат за цени за студирање) што е голема грешка. И у Финска е бесплатно студирање ама таму за живот месечно ти требаат дупло повеќе него во Германија, така да нема врска што во Германија се плаќа школарина, се на се пак е дааалеку подобра и поефтина опција за студирање него Финска.
 
I

Intex

Гостин
Ај вака, вчера гуглајки за странски универзитети, „стигнав“ до University of Oxford. Да, голем залак, џиновски залак, не голем, ама ако удриме веќе, да удриме на нешто преголемо. Има стипендии за таму? Има воопшто стипендии за ЈуКеј? Има можности за работа во Британија?
Не мора да е Оксфорд, општо Британија. Колку се месечните трошоци? Фала. :)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ај вака, вчера гуглајки за странски универзитети, „стигнав“ до University of Oxford. Да, голем залак, џиновски залак, не голем, ама ако удриме веќе, да удриме на нешто преголемо. Има стипендии за таму? Има воопшто стипендии за ЈуКеј? Има можности за работа во Британија?
Не мора да е Оксфорд, општо Британија. Колку се месечните трошоци? Фала. :)
Сигурно има ама не е целосна стипендија, на оксфор е мислам 50 000 евра годишно :) само школарина, јас знам за еден што успеа од македонија , воедно моја генерација да се запиши на MIT( Massachusetts Institute of Technology) дечкото беше еден од најдобрите во светот по математика :) и доби значи некоја стипендија не целосна ама олеснување плус клредит , да го исплаќа откако ќе го заврши факултетот.
За на оксфорд незнам како е и колку македонци досега влегле , ама за таму или треба да имаш солена пара или да си еден од најдбрите во светот за да влезиш со стипендија.

плус еве страна како се рангираат универзитетете.
http://www.webometrics.info/
 
Добро, заеби тоа Оксфорд, MIt.:pos:
Некој просечен универзитет во ЈуКеј? Партиципација? Месечни трошоци? Можност за работа? Уште едно гооолемо фала.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Колку што знам во Британија за странски студенти нема поволни услови, мислам дека најниско ти е 10.000 фунти од година :)
 
اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Друже, мене ме интересира ептен Словенија, посебно откако го воведоа бесплатното студирање за македонци. Кажи ти од кој град си, како студент си таму, како животот, стандардот, редовни (животни) трошоци, сместување, ќирии .. СЕ :)

Ќе те измачам можеби малце од пишување, ама фала ти од напред. :) :)

Како бре пријателе 20 евра семестар ?!?!?! :icon_eek::icon_eek:
Некоја стипендија имаш закачено, или што е муабетот .. Кажи ми и нешто повеќе за животот и студирањето таму, како се партиципациите, редовните трошоци .. Јас сум загреан за менаџмент, бизнис .. А игра и правниот факс.

Пријателе ако не ти е тешко да ми објасниш малце поопширно за ова студирањево во Шкотска, пошто таа нулата некако ептен ми убоде око. Ти таму некаде живееш во УК, студент си, илии ..

Да, како што напишав. Доколку си државјанин на ЕУ, не плаќаш ништо партиципација. Но Македонија не е, значи треба да плаќаш како секој странец околу 10.000 фунти, или 14000 евра на година.
Доколку си државјанин на било која земја на ЕУ, државата (Шкотска) ти го плаќа целото студирање, како партиципација.
Но имај во предвид дека животот во Британија е доста поскап од другите земји во Европа. Значи ти требат 800-1000 евра месечно за стан и живот.

Но сепак доколку си државјанин во ЕУ, имаш право како на работа 20 часа во неделата, со што ќе можеш да заработиш 600-800 евра и да си платиш дел од трошоците, а можеш да успееш и се да си платиш.

Поднесувањето на документите е централизирано, не е директно до универзитетите.

Доколку си држ на ЕУ пиши ми да ти објаснам подетално,
доколку не си, мислам нема смисла....

Македонци во Британија што студират нема никој, односно многу малку ако во општо ги има, зошто јас не познавам такви,

Доколку сакаш во Британија Шкотска ти е најдобра опција.
Во секој случај и Англија не е толку лошо, бидејќи можеш да земеш кредит од државата за партиципацијата, која е 3500 фунти, и од кога ќе завршиш да ги вратиш. (секако доколку си од ЕУ)

поздрав
 
اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Колку што знам во Британија за странски студенти нема поволни услови, мислам дека најниско ти е 10.000 фунти од година :)
Точно така, за странски студенти не е.
Но за домашни студенти (УК, ЕУ, Швајцарија и Норвешка) и те како е поволно.
Можеш да работиш до 20 часа седмично, со што ќе си ги покриеш трошоците.
А партиципацијата нема да ти е никаков проблем. (автоматски се зема кредит од државата) и од кога ќе завршиш и ќе земаш мин. 16000 фунти плата годишно ги враќаш (за англија и велс) а за шкотска ти е без пари.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
23
Поени од реакции
0
Дали некој знае нешто за бесплатното студирање во Словачка??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom