Студирање во Словенија

Член од
4 март 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Hello pak. Da veprasam dali osvn aplikacijata sea treba da se prati neso (dokument or smth) ili se se prajka posle?
 

RML

Член од
24 август 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
втора година сум на факултет тука, да продолжам во словенија дали може? ќе ми признаат ли предмети? и најбитно, има ли стипендија?
 
Член од
4 март 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
втора година сум на факултет тука, да продолжам во словенија дали може? ќе ми признаат ли предмети? и најбитно, има ли стипендија?
Стипендија нема. (јас колку што знам) Ама факултетот ти е бесплатен, така да..
Инаку пиши на факултетот кај што сакаш да се префрлиш и прашај.
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Колку повеќе вреди диплома од универзитет во Словенија, во споредба со МКД универзитет ? Дали се повеќе признати за во странство ? Дали нуди повеќе можности ? Што мислите ?! :)
 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Колку повеќе вреди диплома од универзитет во Словенија, во споредба со МКД универзитет ? Дали се повеќе признати за во странство ? Дали нуди повеќе можности ? Што мислите ?! :)
Се надевам дека се зезаш со прашањево, но ќе ти одговорам сериозно - дипломите од универзитетите во Словенија носат ЕВРОПСКО знаменце и со тоа се признати низ цел свет.

Универзитетот во Љубљана ти е топ 500 Универзитет на светско ниво и тоа доволно би требало да ти каже. Нашите не се ниту во топ 1500, можно е да сме во некоја трета селска лига на Универзитети.
 
Член од
4 март 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Вие што студирате Љуљана во што сте сместени и колку плаќате? :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Вие што студирате Љуљана во што сте сместени и колку плаќате? :)
неможеш ако си странски државјанин во студентски да бидеш, мораш стан да си најдеш со други студенти
 
Член од
4 март 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Да прашам дали некој знае што треба да пишувам во тоа со хронолошки образованието? За признавање.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
неможеш ако си странски државјанин во студентски да бидеш, мораш стан да си најдеш со други студенти
Можеш, само што приоритет се Словенците, а и додека ти стигне известувањето дали си примен (98% веројатност дека не си).... Разбрав дека известувањата ги праќале некаде во ноември.
А ти во станот можеш да бидеш и сам, ако имаш пари+ секако.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Можеш, само што приоритет се Словенците, а и додека ти стигне известувањето дали си примен (98% веројатност дека не си).... Разбрав дека известувањата ги праќале некаде во ноември.
А ти во станот можеш да бидеш и сам, ако имаш пари+ секако.
епа добро де за упис не плаќаш ништо сега ако сакаш овде да студираш ќе мора нешто да платиш..сите си плаќаат што се тука а како што знам во студентските не примаат странци бар еден другар што е во студентски така ми кажа е сега..
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
епа добро де за упис не плаќаш ништо сега ако сакаш овде да студираш ќе мора нешто да платиш..сите си плаќаат што се тука а како што знам во студентските не примаат странци бар еден другар што е во студентски така ми кажа е сега..
И јас го слушав истото додека не прашав како е всушност точно. А тие викаат вака, може секој да аплицира, ама приоритет се Словенците и плус тешко примаат странци бидејќи има и многу деца, Словенци што ги одбиваат затоа што имаат фул исполнето капацитет. Така што шансите да успееш да влезеш во дом се многу мали.
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
Се надевам дека се зезаш со прашањево, но ќе ти одговорам сериозно - дипломите од универзитетите во Словенија носат ЕВРОПСКО знаменце и со тоа се признати низ цел свет.
Со ваквите ставови не се согласувам. Секоја диплома вреди колку и еден лист хартија, без разлика дали на неа стои европско, американско, сомалиско, индиско знаменце. Во повеќето земји низ светот приоритет се знаењата односно познавањата од областа на насоката која е испишана на дипломата, кои знаења се потврдуваат преку различни тестирања при аплицирање за работа, а не е важно кое знаменце стои или во која држава е стекната дипломата. Лично искуство.

Словенските универзитети можат да понудат поквалитетно, посовремено образование за разлика од македонските, меѓутоа желбата на студентите за надоградување е лична работа, така како што во Македонија има студенти кои дипломирале со минимални знаења, само со желба да имаат диплома, такви има и во Словенија и во било која друга земја, а приоритет за вработување се познавањата, како што рековме.

Како и да е, за средношколците кои навистина сакаат да се стекнат со знаења од некоја област, Словенија е подобра земја за студирање во споредба со Македонија.
 
Член од
9 јуни 2015
Мислења
95
Поени од реакции
123
Здравоо, слушнав дека имало и трет уписен рок што трае до 5 август, има некој информација каде можи да се видат кои се слободни места ?
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Здравоо, слушнав дека имало и трет уписен рок што трае до 5 август, има некој информација каде можи да се видат кои се слободни места ?
Od 1 do 5 oktomvri imas rok, a ne sega.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom