Студии по новинарство.

Член од
18 декември 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дечки нов сум по кајгана форумот, дали има овде некој што студира новинарство ?

Ако има некој ново запишан на УГД оти отворија дисперзирани во Скопје најмногу ми е потребен. Како оди, дали е тешко, дали е лесно ама искрено ми треба.

И оти знам дека има некој на УКИМ по новинарство, ме интересира таму како е ? Дали е тешко, оти минатата година бев на правни студии и не дека е тешко ама не ми се тупи глава у државава коа знам дека е за џабе, сакам полесно да поминам. Да не се заебам пак, дали по новинарсто на правен е толку стегнато како на правни студии или не ? Многу ми треба одговор на ова прашање и се поврзано со него, ве молам на разбирање.
 
Член од
18 декември 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
Она ќе ти објасни, каков офтопик.
јас па смајлињаа ги гледав аххахааххаха леле извини ја немам појма како иде се тука нов сум очигледно лололол упер ако може да ми објасни баш имам некои нејасни дилеми
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.388
Поени од реакции
5.246
Дечки нов сум по кајгана форумот, дали има овде некој што студира новинарство ?

Ако има некој ново запишан на УГД оти отворија дисперзирани во Скопје најмногу ми е потребен. Како оди, дали е тешко, дали е лесно ама искрено ми треба.

И оти знам дека има некој на УКИМ по новинарство, ме интересира таму како е ? Дали е тешко, оти минатата година бев на правни студии и не дека е тешко ама не ми се тупи глава у државава коа знам дека е за џабе, сакам полесно да поминам. Да не се заебам пак, дали по новинарсто на правен е толку стегнато како на правни студии или не ? Многу ми треба одговор на ова прашање и се поврзано со него, ве молам на разбирање.

Завршив новинарство на Правен (УКИМ) пред некоја година. Не дека беше тешко, туку не сум задоволна воопшто од квалитетот на студиите како и третманот на студентски прашања што го добиваа студентите (ова ми се чини е во ред само на приватните факултети). Не беше тоа што очекував и останав разочарана. Некои од професорите не делуваа многу заинтересирано при предавањето на часовите, често и изостануваа.
Некои пак беа одлични и присуството кај нив на час беше задоволство. Веле Смилевски на пример, асистентот Васко Попетрески...Од нив навистина има што да се научи и беше интересно.
Многу колеги од мојата група не го дозавршија факултетот или се префрлија на нешто друго.
Има многу предмети од областа на правото, премалку од областа на новинарството. Не знам дали тоа ти се допаѓа општо правото...јас го засакав со тек на време.
Пракса секако сами си баравме.
Неодамна на Правен (УКИМ) е отворен нов смер, Односи со јавност. Не сум информирана како е таму. Најубаво да си појдеш, земеш програма и да ти објаснат тоа што те интересира.
Дополнително разочарување секако доаѓа и по завршувањето на студиите, кога гледаш дека СЕКОЈ без факултет или завршен друг факултет може да биде, т.е. да глуми новинар. Кога ќе работиш хонорарно или бесплатно за да би стекнал некакво искуство... Но, тоа е веќе друга тема, да не ја начнувам.
Ова е мое лично искуство, некој друг можеби е задоволен и ќе се пофали со нешто :) Не би сакала да те одвраќам од намерите и би ти рекла да не слушаш никој, туку да го правиш тоа што сакаш.
Поздрав и со среќа, што и да решиш за понатаму (y)
 
Последно уредено:
K

Kacar

Гостин
Дечки нов сум по кајгана форумот, дали има овде некој што студира новинарство ?

Ако има некој ново запишан на УГД оти отворија дисперзирани во Скопје најмногу ми е потребен. Како оди, дали е тешко, дали е лесно ама искрено ми треба.

И оти знам дека има некој на УКИМ по новинарство, ме интересира таму како е ? Дали е тешко, оти минатата година бев на правни студии и не дека е тешко ама не ми се тупи глава у државава коа знам дека е за џабе, сакам полесно да поминам. Да не се заебам пак, дали по новинарсто на правен е толку стегнато како на правни студии или не ? Многу ми треба одговор на ова прашање и се поврзано со него, ве молам на разбирање.
НЕМОЈ НА УГД НОВИНАРСТВО дисперзирани во Скопје !
Оди си на новинарство или односи со јавноста на УКИМ, јас ти го предлагам второто, односи со јавноста.
 
На врв Bottom