Студентски протест на 09.12.2009

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Гледав на вести сега, новиот лидер на студентите повикува на протест против одлуката на ЕУ за не давање датум за преговори со Македонија.

Зарем не е смешно полтронството на студентскиот сојуз? Има некој кој утре ќе се појави на овој протест? Да не ја влечам темата во политика, но, зарем не би требало студентите да се интересираат за нешто друго?
Во некоја поинаква ситуација безрезервно би ги поддржал, но ако утре видам преку ТВ некој познат пред седиштето на ЕУ во Скопје (тоа мислам дека е на плоштад, или не, каде е?) ќе го здрвам од малтретирање дека е гласачко лифче а не човек.

Ве молам, не мешајте политика, партии. Студенти, ЕУ и слично нека преовладуваат на темата.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Смешно е.
Нема да се појавам секако.
Имаат поважни проблеми ,а тука нормално само губат време.
На плоштад е седиштето, таму спроти Тренд ваљда некако му доаѓа.

Али нејсе, за првпат го видов тој што демек треба да ме води како студентски лидер и од прва сфатив дека е сељачина. И него му е да се испромовира секако, а кога не може тоа да го напраи таму кај што е потребен, тогаш ќе се шепури вака глумејќи незадоволство.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Утре сигурно ќе има едно чудо народ на плоштад. Ама да помине некој и да види дали имаат индекси тие луѓе, или барем дали им се легални :) сигурно ќе биде поголема смешкава.
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
151
Поени од реакции
4
Ако не се лажам не е на плоштад канцеларијата,на бул.Климент Охридски му иде некаде... но нема врска... Протестот...што да речам не знам :toe: Дека не одам не одам сигурно,за тоа лидерот наш коментар немам,се знаеше од изборите уште :tapp: А какви потези ке влече... ај да не мешаме политики рековме,ама тешко е кога секаде ја има... имаме ИМПЕРИЈА во државава! :tapp: а ЕУ ... не знам,колку и да не е фер тоа е така,и така ке биде,и можеби треба да тргнеме од нас малце,и да видиме дал ние нешто правиме да биде поинаку:toe:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Студентски протест?Па овде средношколци собираат да ги носат :tapp:
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Мислам дека суштината на темата е длабоко политичка. Така што не знам околку што тука повеќе би можеле да дебатираме, впрочем на сите ни е познато за што станува збор...
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
најсмешното е што секаде барав нешто повеќе за овој `протест` и ништо не можев да најдам, дури ни во колку часот почнува...

особено е интересно колку е богата со иформации страна(блогот) на сојузов - проверете www.spukm.blog.com.mk :P
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Сега ги гледав на тв:tapp:
Кои дебили се дечкине од средношколска и студентска унија-една реченица не можеа состават...
Плус ги мачат од пратија вмровцине да протестираат на дожд:pos2:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
не ми е јасно како тоа протестираат што сме ги прекинале преговорите, а велат дека биле симпатизери на владеачката партија?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Абе мислиш знаат тие за што протестираат?Им наредил некој и одат викаат Македонија...
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
изглеа БЦ ги пратил и им кажал ако ве прашаат за кого навивате ќе кажете за Грујо :pos2::pos2:
или па второ сценарио, Грујо сам си ги пратил за да се мотивира да ги продужи преговорите :wink:
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
се докажа Македонската теорема за протести......Македонецот не може да организира протест без подршка од партија:uvo:............но сепак додека не се направи нешто радикално ни западот ни Евроспката Унија нема да не сфати сериозно.........така да џабе се бламираме:kesa:кога немаме ХРАБРОСТ и Г'З даим се спротиставиме
п.с. прашајте го тој т.н. претседател на ССУКИМ која му е мајка????
немојте случајно да ми залепите етикета од некоја партија зашто можете само да ми го :pusk: :smir:
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
151
Поени од реакции
4
Значи погодив за протестов :pos2: Трагикомичен беше :kesa: Се збунија малце луѓено кој ги организирал и зошто :toe: Греаота и тие мака си имаат,ке им кратат по 2 дневници ако не одат... оф кај отишла државава :uvo:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Колку е одвратно што ги вмешуваат студентиве во вакви политички пропаганди.
Ама секогаш има такви кое се залетуваат и играат како што им свират.

Eве фотки денеска што ги најдов на нет





Oва во првиве редови студенти се? Вечни студенти :icon_lol:

Од вакви протести добивам нагон на повраќање.
Нели се срамат што во вакви работи ги вмешуваат студентите, а пред се средношколците?!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom