Студентски домови

Член од
1 декември 2014
Мислења
2.242
Поени од реакции
4.437
Ќе бараат да дојдат со тебе на аеродром, со комисија, записници едно друго, додека не полеташ нема да бидеш иселен од студентски! ;)
Хaхaххaхa Џенис, Чендлер, Јемен, Пријaтели
Дoвoлнo е :D
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Нека направат снимки овие што снимаат како е стигнат еден студентски до таа ситуација, дел се согласувам од дотраеност, а дел од стока во човечки облик. Се обвинуваат само институциите, поради лошата ситуација во домовите, а ретко кој ги критикува таквите, кои придонесуваат за таква ситуација. Лично сум бил сведок во еден дом како едни лупаа со нозе по врати, ко да излегле од некоја дивина и дошле во цивилизација.

Демолиран новиот лифт во реконструираниот блок во студентскиот Гоце Делчев
За 4 месеци копмлетно демолиран и ставен вон употреба новиот лифт во реконструираниот блок во студентскиот Гоце Делчев.
03.04.2016 15:00:55
0

За 4 месеци копмлетно демолиран и ставен вон употреба новиот лифт во реконструираниот блок во студентскиот Гоце Делчев. Му ја искршиле внатрешната врата, уништени се сите сензори, а неретко во него се возеле и по десетина лица. Благодарение на хулиганското однесување на своите состанари , една студентка пред два дена се повредила и ја потиснала раката обидуваќи се да ја зтвори вратата во демолираниот лифт. Од министерството за образование се запознати со случајот, велат веднаш е формирана комисија и се трага по сторителите.

- Запознаени сме со сличајот, веднап региравме, формирана е комисија во соработка со студентскиот дом и ќе се изврши внатрешна контрола...лифтовите се нови и се е по стандарди, меѓутао проблемот е во физичкото уништување...-вели заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

Контролата во студентските домови е зајакната, вели Ристовски. Избркани се дајца станари од реконстураниот блок Б, поради недолично однесување. Го уништувале инвентарот, гаселе цигари од зид, фрлале пикавци по ходниците а на чуварите им приредувале и невкусна престава пред камерите. Ваквото санкционирање ќе се практикува во сите студенстки домови, вели заменик министерот. Блокот Б од Гоце Делчев беше ставен во употреба кон крајот на ноември, во него се сместени 320 студенти. Во моментов се реновира блокот А кој треба да биде готов за 6 месеци. Целата реконструкција на овој дом надлежните планираат да ја завршат во текот на идната година.

Весна Ќуксановиќ Крстеска

http://alfa.mk/News.aspx?id=107730#.VwEgPpx95wx

Е поради вакви, кој се дојдени од некоја вукојебина и првпат гледаат лифт, ќе страдаат сите, затоа не треба воопшто да се реновираат домовите.
 
Член од
1 јули 2015
Мислења
50
Поени од реакции
10
Продавам бонови ако му требат на некого контактирајте ме.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Гледај сител и верувај во се што ќе кажат па и другите медиуми, читај еден куп портали и верувај здраво за готово ќе видиш една моќна држава која е пример за сите други. Реално лифтот најверојатно имаше физички оштетувања но не од некој кој ги направил намерно. Шибер вратата неможе да се затвори по само неколку месеци користење а немаше никакви физички оштетувања. Дисплејот покажува како кабината на лифтот е пристигната на спратот на кој е повикан, влезната врата (крилото) може да се отвори но кабината не е тука. До ден денес сеуште менуваат сајли и слични глупости кои најверојатно се старите сајли кои беа на претходните лифтови. Сите проблеми не се случија во еден момент односно тие се редеа еден по друг на одреден период. Не ми е поентата да против твојот пост но само сакам да ти кажам дека денес секој може да пишува што сака и како сака на интернет ама треба да се знае што е веродостојно и колку може да се верува.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.121
Поени од реакции
20.986
Краток документарец за животот и условите за живот во СД Гоце Делчев.
Се зборуваше пред некое време за филмов, еве од пред некој ден го има и на YouTube.
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Некој инфо дали ќе важат боновите (Стив/Гоце/Кузман) за следната година?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Некој инфо дали ќе важат боновите (Стив/Гоце/Кузман) за следната година?
според инфо од горните кругови, т.е. лица што спијат по штабовите партиски - не.
 
Член од
1 јули 2015
Мислења
50
Поени од реакции
10
Знае некој до кога најкасно може да се иселиш од интернат?
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.242
Поени од реакции
4.437
Знае некој до кога најкасно може да се иселиш од интернат?
Пред две гoдини се иселив нa втoри-трети јули
Амa гo прaшaв упрaвникoт дaли мoже дa oстaнaм уште ден-двa и тoгaш дa му дoнесaм уплaтници и дoмскa и ми дoзвoли
 
Член од
12 јуни 2016
Мислења
10
Поени од реакции
0
Сакам да прашам дали на сите студентски домови во скопје ќе се примаат бруцоши оваа година ?
 

Ler

Член од
19 август 2012
Мислења
33
Поени од реакции
9
Од апликацијата ова првото што е:
Запишан сум по прв пат како редовен студент на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високо образовни установи во Република Македонија надвор од моето место на живеење. Jас сега ке бидам втора година, што треба да одберам ДА или НЕ??
И на ова што е за просек, тој на iKNOW ли што ми го пишува треба да го внесам во апликацијата?
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Дали може да се престојува еден месец (Август) во студентскиве домови, поточно во Гоце Делчев?
 
Член од
20 март 2014
Мислења
10
Поени од реакции
0
Дали примаат во студентски доколку си на приватен факултет?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom